Минималниот износ на регресот за годишен одмор (К-15) за 2020 година изнесува 11.045 денари.
Денес е последен ден за исплата на регресот за годишен одмор попознат како К-15 кој им се исплатува еднаш во текот на годината на вработените во приватниот сектор.
Право на овој надоместок имаат вработените во приватниот сектор кои работеле кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на годината.
Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 проценти од висината на просечната бруто плата.
Според последните информации за платите на Државниот завод за статистика, износот на К-15 за 2020 година треба да се движи од 11.045 до 16.485 денари.
Крајниот рок за исплата на регресот за годишен одмор за работодавците е 31 декември 2020 година.