Facebook ја укинува можноста за „лајкување“ на редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, објави компанијата за социјални медиуми.
Facebook страницата ќе прикажува само следбеници и ќе има посветен дел со новости каде што корисниците можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат со истомисленици и да стапат во контакт со обожавателите, објави компанијата во блогот.
„Отстрануваме лајкови и се фокусираме на следбеници со цел да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти Faceboom за редизајнот.