Без разлика дали сакате да пробате нешто ново или да се подобрите во она што го правите сега, би било добро да знаете што е тоа што работодавците го бараат во моментов!
LinkedIn собра податоци за најбараните работни места, од софтверско програмирање, преку дигитален маркетинг, до управување со проекти. Покрај тоа што ги собра најбараните занимања на едно место, LinkedIn ги истражуваше и најбараните карактеристики на идните вработени.
За да им помогне на луѓето во потрагата по работа, LinkedIn обезбеди серија бесплатни онлајн курсеви. Не ви е потребна корисничка сметка на LinkedIn Learning за пристап - само кликнете на линковите и следете ги курсевите.
Ако сакате да добиете диплома на крајот од курсот, сепак ќе ви треба претплата на LinkedIn Learning. Може да го испробате бесплатно еден месец, по што плаќате 29,99 долари месечно или 19,99 долари месечно ако се претплатите за една година.
Целосното членство ви дава неограничен пристап до сите курсеви за учење на LinkedIn, без дополнителни трошоци за професионални сертификати.
Еве што најмногу се бара и што во моментов е највредно за да се добие диплома:
Развој на софтвер
Python за основно разбирање на Data Science: Воведен курс на популарниот програмски јазик Python, со вклучен чекор-по-чекор проект за Data Science.
Основи на програмирање: Дознајте ги основите на објектно-ориентиран дизајн, кој ги учи програмерите да планираат програми во контролни делови пред да започне процесот на кодирање.
Основи на програмирање: Алгоритмите се клучни за програмирање, и овие воведни предавања ги опфаќаат нивните основи.
Проект менаџмент
Scrum Master: За да добиете Scrum Master сертификат ќе треба да положите испит. Овој курс ве води низ она што треба да го знаете за да полагате испити како што се Certified Scrum Master (CSM) или Professional Scrum Master (PSM).
PMI Agile Certified Practitioner (PMI-ACP): Агилниот пристап кон управување со проекти се состои во брза адаптација кон индустријата што брзо се менува.
Анализа на податоци
Основна обука за SQL: Овој курс обезбедува детален преглед на најкористениот јазик за анализа на податоци, со практичен развој на мал проект.
Data Science & Analytics, кариерна патека и сертификати: Заинтересирани сте за кариера во Data Science, но не сте сигурни од каде да започнете или какви работни места има на пазарот? Тогаш ова е вистинскиот курс за вас.
Six Sigma: На овој курс, ќе ги научите основите на најчесто користената методологија за анализа на податоци фокусирани на клиенти.
Дигитален маркетинг
Алатки за маркетинг: Научете како да користите различни видови на маркетинг алатки, од социјални медиуми и е-пошта до дигитално рекламирање и оптимизација.
Продукт менаџмент
Продукт менаџер: Овој курс одговара на сите ваши прашања и ги опфаќа главните вештини што ви се потребни за да продолжите со кариера во оваа област.