Се повеќе луѓе буџетираат. Еве како можете да започнете и вие
Буџетирањето е важно бидејќи ви помага да испланирате, контролирате и следите колку пари трошите,заштедувате или инвестирате. Со креирање на свој буџет ќе бидете финансиски организирани, ќе се ослободите од долгови и ќе се фокусирате на остварување на вашите краткорочни и долгорочни цели.
ЧЕКОР БР.1
Без изговори дека немате време или не ви оди математика. Многу е лесно и не одзема премногу време.
Како да започнете?
Буџетот може да го креирате на лист хартија или во Excel.
1. Запишете ги месечните приходи
Доколку имате една плата, само запишете ја сумата што ја заработувате месечно. Во случај да имате неколку различни приходи, запишете колку е вашата вкупна заработка.
2. Пресметајте ги месечните трошоци
Направете список на сите фиксни трошоци како кирија, сметки и сл. Следно, направете уште еден список на варијабилни трошоци како што се храна, излегување, козметика...
За категориите од вториот список сами одредете колку пари би сакале да потрошите.
3. Поставете си цел
Што точно ве мотивира да направите промена и да заштедите пари? Запишете го тоа за да ви служи како потсетник.
4. Направете план
Одлучете колкава сума на пари сакате да заштедите за 1 година а потоа сумата поделете ја со 12(број на месеци). Според добиената сума распоредете ги месечните трошоци.
5. Запишувајте ги трошоците
Секој ден запишувајте ги вашите трошоци за да не го надминете буџетот. Бесплатни апликации кои можете да ги симнете на вашиот телефон се: Wallet, Wally, MoneyLover, GoodBudget.
За повеќе корисни финансиски совети, следете го профилот Moи Финансии