Белата куќа има 132 соби, 35 тоалети, 412 врати и 28 камини, а големата акција за чистење е направена пред да се вселат Џо и Џил Бајден.
Според владините договори во коишто имаа увид американски медиуми, чистењето на Белата куќа чинело најмалку 127.000 долари.
Според CNN, вкупните трошоци за чистење би можеле да достигнат дури пола милион долари. Постојат и засебни договори, вклучувајќи и договор за “услуги за дезинфекција против Ковид-19 во Белата куќа“. Вредноста на договорот е околу 29.000 долари.
Останатите договори што не се поврзани со доаѓањето на семејството Бајден, вклучуваат дополнителни 44.000 долари за чистење на теписи, 115.000 долари за обнова на подовите и 30.000 долари за чистење на завесите.