Американската компанија „Епл“ е компанијата на која луѓето низ светот најмногу ѝ се восхитуваат веќе 14. година по ред, открива нов извештај на „Форчун“. Компанијата ги произведува некои од најсаканите технолошки уреди на корисниците, како телефоните „ајфон“ и компјутерите „мек“.
На листата се наоѓаат 332 компании, а меѓу првите 30 убедливо доминираат американски корпорации. Најпопуларните 10 компании се од оваа држава, а помеѓу нив се и „Амазон“, „Мајкрософт“, „Старбакс“, „Алфабет“ и „Нетфликс“.
Гледано по индустрија, меѓу најдобрите компании има такви што работат во областа на технологијата, интернет-продажбата, забавната индустрија, прехранбена и други.
10 најпосакувани компании во светот
1. „Епл“
2. „Амазон“
3. „Мајкрософт“
4. „Волт Дизни“
5. „Старбакс“
6. „Беркшир Хатавеј“
7. „Алфабет“
8. „ЏП Морган Чејс“
9. „Нетфликс“
10. „Костко холсејл“
Прогласени најпосакуваните компании во светот за 2021 година
Aktualno
-
Ќе донесе ли Дедо Мраз поевтини празници оваа година?
Во пресрет на новогодишните празници, Министерството за економија и труд најави воведување на новогодишна потрошувачка кошничка со над 500 производи, со цел да се стабилизираат цените на основните прехранбени артикли и да се спречи нивно зголемување во периодот на зголемена потрошувачка.
-
Mакедонските возачки дозволи ќе бидат признати во Обединетите Арапски Емирати
Министерот за внатрешни работи, во рамки на првата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, потпиша меморандум за меѓусебно признавање на возачките дозволи помеѓу двете држави.
-
Без струја делови од Бутел, Карпош и Сарај, а дел од корисниците во Карпош без вода
Корисниците на потегот од ул. „Љубљанска“ до ул. „Никола Парапунов“ во општина Карпош денеска од 9 часот ќе немаат вода. Без струја делови од Бутел, Карпош и Сарај.
-
Ова се најдобро оценетите вина на саемот Wine Vision Open Balkans
На саемот „Open Balkan Wine Vision“ беа доделени наградите „Open Balkan Wine Trophy 2024“.
-
Постојано ви е ладно? Ова се можните причини поради кои не можете да се загреете
Некои луѓе чувствуваат студ без очигледна причина, што може да биде непријатна секојдневна појава. Иако е нормално да нѝ е ладно кога температурите се ниски, меѓутоа постојаното чувство на студ може да биде знак за постоење на здравствен проблем.
-
Златен ли е ѓеврекот купен покрај автопат?
Покрај автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа, продавачите на ѓевреци секое утро го привлекуваат вниманието на патниците со мирисот на свежо печени производи.