Не е невообичаено да слушнеме за претприемачи кои со сопствен капитал успеале да направат старт-ап, или сопственици на бизниси кои што купиле стари франшизи и ги претвориле во нешто ново. Овие приказни се инспиративни, но по мотивирачки се приказните за луѓе кои што почнале од ништо.
Постојат претприемачи кои што успеале да навлезат во бизнис светот без никаков капитал,инвестиции и некои дури и без образование и искуство, иако нивната веројатност за успех била мала, но некои од нив успеале.
Запознајте ги следниве претприемачи и нивните инспиративни приказни, кои што започнале да градат кариера од нула.
- John Paul DeJoria
John Paul Dejoria не е толку познат како Steve Jobs или Elon Musk , но неговиот успех во претприемништво воопшто не е за потценување.
Започнал како курир за продажба на весници, потоа како чувар и возач на камион, Dejoria започнал да работи во фирма за нега на коса каде што го запознал Paul Mitchell.
Со позајмица од само 700 долари John Paul Dejoria и Paul Mitchell започнале бизнис
кој што денеска е познат како John Paul Mitchell Systems. Во тоа време тој живеел својот 20 години стар автомобил и ги продавал производите за нега од врата на врата.
Подоцна Dejoria ја создал Patron Spirits , и станува партнер на House of Blues ланецот на ноќни клубови. Денеска тој тежи повеќе од 3.1 билиони долари.
2. Kevin Plank
Kevin Plank , менаџерот на компанијата за фитнес облека Under Armour , бил прилично сиромав кога почнал да продава облека под името Under Armour. Тој ја искористил својата заштеда од околу 20,000 долари и позајмица од 40,000 долари долг за да ја финансира компанијата.
Малку подоцна тој направил значајна продажба од 17,000 долари на Универзитетот во Џорџија, а потоа и на два NFL тимови. Неколку години подоцна тој ја развил својата компанија,
направил неколку милиони и вработил стотици вработени. Денеска Under Armour има скоро 2 билиони долари во продажба , и околу 5,900 вработени.
3.Jan Koum
Jan Koum , креаторот на WhatsApp , бил роден во мало село во близина на Киев, Украина
Потекнува од сиромашно семејство кое подоцна емигрирало во Калифорнија, кога Koum имал 16 години. Тогаш тој се заинтересирал за технологијата, имал интерес кон компјутерите и започнал да учи програмирање во неговото слободно време. Кога имал 18 години тој веќе имал добри вештини, и во 1997 бил вработен од Yahoo како инфраструктурен инженер.
Тој имал долго искуство во индустријата пред да ја создаде WhatsApp апликацијата во 2009. Во 2014 , WhatsApp станува веќе многу популарна и Facebook одлучува да ја купи апликацијата за 19 билиони долари.
4. Sam Walton
Иронично е што Walmart се редовно критикувани за недоволно плаќање на нивните вработени и нивните лоши тактики за максимизирање на нивните профити , Sam Walton, креаторот на Walmart , немал скоро ништо кога го започнал неговиот бизнис во 1945.
Тој се поткрепил на долг од 25,000 долари од неговиот дедо за да го финансира неговиот бизнис. Првиот Walmart бил отворен во 1962, а во 1976 по 15 години работење на компанијата, Walmart вредел повеќе од 176 милиони долари.
Подоцна Walton станал најбогатиот човек во Америка во периодот од 1982 до 1988 година.
5. George Soros
Кога Soros избегал како тинејџер од Унгарија во 1947 , тој пребегал во Англија поради Нацистите
Иако имал малку пари за да се финансира , тој се започнал да студира на London School of Economics, со што ја добил неговата диплома. Тој се преселил во Америка во 1950тите, и постанал инвестициски менаџер на големи фирми, a подоцна и основал свој хеџ фонд.
Неговиот најпознат потег е уривањето на Британската фунта во раните 1990ти кога тој направи 1 билиони долари во еден ден.