Националната Пошта воведе нова услуга за достава на изводите од матичната евиденција на домашна адреса на граѓаните. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница.
-Пошта ги доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Избегнете ги гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и не се изложувајте на ризик од Ковид-19!, објави Пошта.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори. прво треба да се пристапи на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ , што е платформа на Управата за водење на матични книги која гарантира заштита на личните податоци и безбедна наплата. Таму треба да се пополнат податоците, да се избере начинот на достава преку пошта, а таксата се плаќа електронски.
Поштарот ги доставува бараните документи на домашната адреса во рок од 72 часа. Документите се доставуваат препорачано со повратница.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори: 1. Пристапете на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ – платформа на Управата за...
Posted by Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut on Thursday, March 4, 2021
Од викендов се воведува уште една нова услуга
„Пошта“ од викендов воведува нова услуга, е-трговија, преку која може да се направи онлајн нарачка-подарок и да се испорача на саканата адреса.
Ова е првпат нашата пошта да овозможи ваква услуга, а повод за оваа нова услуга е праазникот на жената 8 Март.
На официјалната веб страница на Пошта може да се избере еден или повеќе од понудените подароци, потоа се внесуваат свои, како и контакт – податоци (и адреса надостава), како и опција за персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.
Наплатата е преку онлајн – системот на Халкбанк.
Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.
Aktualno
- Студени утра и минусни температури: УХМР СО ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ
Во деновите од викендов и во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра.
- НУДАТ ПЛАТА ОД 1.600 ЕВРА, НО НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ РАБОТНИК: Тешко до работна сила и на најатрактивната локација
Кафе барот „Сљеме 360°“ е отворен на веројатно најнеобичното место во Хрватска, на врвот на телевизиската кула на Медведница. И покрај атрактивната локација, тие денес мака мачат да најдат работна сила, односно келнерка.
- Поради сообраќајниот метеж, Њујорк воведува такса од девет долари за возење
Њујорк планира да воведе такса од девет долари за возење на Менхетен почнувајќи од јануари, што државата го суспендираше на неодредено време на почетокот на оваа година, изјави вчера гувернерката на Њујорк, Кети Хочул со цел да се намали метежот.
- ТОЧКАТА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Научниците објавија застрашувачки факт - го поминуваме прагот на глобалното затоплување
Оваа година ќе биде најтопла досега и прва во која просечната температура беше за повеќе од 1,5 степени потопла од прединдустрискиот просек, објавија европските научници.
- Македонија изгубила голем дел од домашното производство на храна – се сади сè помалку и помалку
Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето...
- Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е номинално за 0,5 отсто повеќе во однос на јули и за 13,3 отсто повеќе во однос на август лани.