Како да направите разлика помеѓу добар и лош шеф?
Имате менаџерска позиција и често се прашувате дали сте токсичен шеф, дали можеби се однесувате правилно кон вашите колеги. За да си ги решите вашите дилеми поставете си ги следните неколку прашања и откријте го одговорот.
- Дали поставувате нереални цели и очекувања?
Добрите шефови ја поставуваат многу високо границата и ќе ве мотивираат да постигнувате многу успеси и да учите различни нови вештини, и остварувајќи ги таквите успеси вашите шефови се секогаш покрај вас,ве поддршувате низ целиот процес и секогаш ви стојат на располагање доколку ви е потребна помош.
Лошите шефови најчесто кон своите вработени се однесуваат премногу сторого, често знаат да постават превисоки цели и многу нереални очекувања. Како резултат на сето тоа, често пати скоро е дури не возможно да се заврши една задача за која што вработените ќе се чуствуваат демотивирано и без желба за завшрување на задачата.
- Кога ќе се појави проблем, вие само си создавате дополнителен проблем?
Отровните шефови имаат замислено еден пат по кој што би сакале сите вработени да се движат. Но, што се случува кога работите ќе тргнат во погрешен правец? Лошите шефови едноставно во нивната природа не можат да најдат решение за проблемот, па се обидуваат да создатат уште еден дополнителен проблем. Најчести примери за тоа се, доколку некој од вработените во тимот ќе предложи решение за проблемот со кој што се соочуваат, лошиот шеф на тоа се јавува со ракција на исмејување. Ваквиот начин на изразување е премногу очигледен и не е возмошно да не се забележи.
- Вината ја префрлате на некој друг
Најчестата изрека која што може да излезе од устата на отровниот шеф е : “ Јас не сум одговорен за тоа”. Лошите шефови најчесто не ја прифаќаат својата одговрност па кога ќе наидат на било каков проблем често вината ја префрлаат на друг, се со цел да се заштитат себе си по секоја цена. Наспроти добрите лидери, тие ја прифаќаат својата одговорност и често се соживуваат со проблемот, го оставаат своето его настрана. Затоа што признавањето на своите грешки во очите на другите добива еден вид на зголемена доверба. Кога вработените доживеат ваква ситуација, најчесто се чуствуваат безбедни и не им е проблем да го прифатат ризикот.
- Се храните со својата моќ врз другите
Иако во приватниот живот лошите шефови можат да бидат добри родители, граѓани кои што го почитуваат законот и се останато, на работа лошите шефови најчесто немаат морален кодекс. Тие знаат да бидат манипулативни и злобни и постајно сакаат да се докажуваат својата моќ врз нивните подредени. Најчесто таквите се спријателуваат со делови од тимот, а останатите членови ги изоставуваат. Тие што ги изоставуват најчесто не сакаат да бидат бидат во нивната група на “пријатели”.
- Го критикувате вашиот тим пред други колеги
Критиката на своите колеги пред друга група на колеги најчесто е одлика на лошите шефови, ова го покажува истражувањето кое што е направено. Систематското отрфлање на добрите идеи и инцијативи на другите луѓе, заедно со понижувањето и исмејувањето ќе доведат до тоа работниците кои се највредни да бидат фрустрирани до губење на интерес, ентузијазам или желба да се обидат околу секојдневната работа.
- Се плашите со соочување на конфликти
Лошите шефови најчесто исчезнуваат кога треба да се соочат со конфликт. Кога некој проблем треба веднаш да се реши, лошите шефови најчесто во тој моментот стануваат “зафатени” и ги нема никаде. Лошите шефови ги интересираат само добрите вести, затоа што не се во состојба да ги прифатат лошите. И најчесто проблемот го префрлаат кон некој друг, пример: Кога работникот сака да разговара со шефот во врска со проблемот, тој веднаш го пренасочува на разговор со некој друг.