Австралиската влада обезбедува пакет за поддршка на туризмот во износ од 928 милиони американски долари, чија цел е зајакнување на локалното патување, додека меѓународните правци остануваат затворени заради пандемијата на корона вирусот.
Обезбедуваат субвенции за авионски билети за патници, евтини кредити (заеми) за малите туристички компании и финансиска помош за двете најголеми авиокомпании во земјата, Австралија ова го прави со цел да му помогне на туристичкиот сектор да преживее се додека не се вратат странските туристи.
Австралискиот премиер Скот Морисон изјавил - „Овој пакет ќе донесе повеќе туристи во нашите хотели и кафулиња“.
„Тоа значи отворање на повеќе работни места и инвестиции во секторот за туризам, додека пак Австралија оди кон победа во борбата против ковид-19 и ограничувањата кои што им наштетија на многу компании” – додаде тој.
Туризмот претставува главен двигател за растот на австралиската економија, генерирајќи бруто домашен производ (БДП) од 60,8 милијарди американски долари во 2018/19 и вработување на околу пет проценти од вкупната работната сила во земјата.
Туристичкиот секторот бил силно погоден кога Австралија ги затворила своите меѓународни граници пред една година - со неколку исклучоци за враќање на граѓаните.
Серија внатрешни затворања на државните и територијалните граници само го влошија падот. Пакетот за поддршка вклучува 200 милиони долари за двете најголеми авиокомпании во земјата - Qantas Airways Ltd и Virgin Australia од април до октомври.
Субвенциите од 50 проценти на околу 800.000 авионски билети ќе бидат насочени кон дестинации кои обично ги посетуваат странските туристи и ќе бидат достапни од 1 април до крајот на јули.