Нетфликс се обидува да спречи користење на платформата за корисници кои што не се регистирани. Иако не е јасноколку луѓе ја користат платформата без претплата.
Па токму поради ваквиот начин на злоупотреба, платформата размислува да стави крај на споделувањето на лозинки за пристап на содржина за не регистирани корисници.
Некои од корисниците изјавиле дека виделе екран на кој пишува: „Ако не живеете со сопственикот на оваа сметка, потребна ви е своја сметка за да продолжите да гледате“.
Од Нетфликс најавуваат дека ова представува еден вид на тест кој што е дизајниран се со цел да се осигура дека луѓето кои што го користат Нетфликс се претплатени и имаат платен пристап до платформата.
Допрва треба да се донесе одлука дали компанијата ќе ја имплементира на својата мрежа.За време на пробниот период,корисниците може да потврдат дека имаат сметка користејќи го кодот кој што е испратен на нивната емаил адреса.
Стриминг платформите, вклучувајќи ги Нетфликс, ХБО Го, Амазон Пример и Дизни +, им овозможуваат на корисниците да креираат повеќе профили во рамките на една сметка, но условите и одредбите наведуваат дека тие треба да ги користат луѓе во исто домаќинство.
Во октомври 2019 година, извршниот директор Грег Петерс изјави дека компанијата размислува да сподели лозинки, но рече дека во моментот немаат големи планови и како би го спровеле тоа.
Нетфликс доби скоро 37 милиони нови претплатници во 2020 година и сега има повеќе од 200 милиони претплатници ширум светот.