Со користење на апликацијата Apple Maps во САД граѓаните можат многу полесно да најдат центри за вакцинација против Ковид вирусот.
Оваа апликација функционира на тој начин што потребно е да го допрете екранот и копчето за пребарување, а потоа да кликнете на иконата COVID-10 Vaccines во менито Find Nearby. Тоа е сместено во истиот дел на интервејсот каде што можат да се најдат блиски ресторани и бензиски пумпи. Друга опција која што може да се искористи е асистентот Сири, односно го искористуваат прашањето : "Where can I get a COVID vaccination"?
Со ваквиот начин Apple собира инфромации од оваа услуга за базата на податоци VaccineFinder на Детската Болница во Бостон. Како информации на секој центар за вакцинација дадени се адресата, телефонскиот број и работното време. Досега, околу 20 000 центри се вклучени на картата, а бројот ќе се зголемува во следните неколку недели.
Компанијата ќе им овозможи на здравствените установи, лаборатории и деловни субјекти да внесат информации во врска со тестовите за корона вирусот и местата за вакцинација преку деловниот регистар на „Apple“. Откако ќе бидат одобрени, информациите ќе бидат достапни во апликацијата Мaps.