На денешната прес конференција Министерот Филипче нагласи дека бројот на заболени од 15 фебруари до 15 март е зголемен за над 5000 заболени.
Се уште има расположливи кревети во болниците.
Во градовите каде имало значително зголемување на заболени и хоспитализирани ситацијата е стабилна.
Во однос на нови рестрикции како што се зборуваше Министерот нагласи дека за сега нема нови мерки. Но на почетокот на следната недела ќе има нов состанок и нови заклучоци па ако е потребно би се додавале нови рестрикции и ограничувања.
Значи останува полицискиот час од 22 до 05 часот
Во однос на музичарите кои најавуваат протести а оние од Прилеп и блокада на Плетвар- министерот бара разбирање, но за нив се уште не се планираат протоколи, нагласувајќи дека не се планира попуштање туку зајакнување на мерките!
Во однос на случаите на повторно заболување кај веќе прележани Караџовски нагласи дека тоа е возможно заради брзото и лесно пренесување на британскиот сој на вирусот.
Во однос на вакцинацијата прележаните е потребно да се вакцинираат со една доза.
А се размислува и за изработка на сертификати за оние кои имаат антитела.