„Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК во текот на денешниот ден испрати писма до Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука и Министерство за култура со Барање вработените во детските градинки, образованието и културата во ек на пандемијата од Ковид-19 да се стават во приоритетната листа за вакцинирање.
СОНК цени дека вработените во овие дејности, коишто се хронично болни и со висока Ковид возраст, како и оние работници коишто се со физичко присуство на своите работни места и се со постојан непосреден контакт со луѓе, заради заштита на сопственото здравје и ширење на вирусот потребно е да бидат на оваа приоритетна листа, особено затади важноста на дејностите во коишто работат.
Со тоа би се намалил ризикот од заболување, институциите би работеле непрекинато без посериозни проблеми, но исто така и би се избегнало неконтролираното вакцинирање надвор од државата и ризикот што произлегува од тоа“, соопштија од СОНК.