Утре истекува рокот за одложено плаќање на ратите на кредитите на физичките лица кои ги дадоа банките на одредени категории граѓаните погодени од ковид-кризата
Од банките засега нема наведено дали ќе има ново одложување. Она што деновиве е испратено до клиентите од одредени банки е дека се воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата од Европската централна банка и важи од 31.12.2020 година.
Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност ќе се смета доспеан долг повеќе од 90 дена, а вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 100 евра во денарска противвредност и да надминува еден отсто од целокупната искористена кредитна изложеност.
Тоа ќе значи дека доколку граѓанинот има нефункционална кредитна изложеност на еден кредитен продукт, ќе значи дека има нефункционална кредитна изложеност на сите кредитни продукти во банката.
Одложена отплата на кредитите имаше во два наврати од 1 април минатата година до 30 септември 2020 година и вториот од 1 октомври 2020 година заклучно со 31 март 2021 година.
Поради кризата настаната од Ковид 19 беше овозможена одложено плаќање на ратите на кредитите од 1 април 2020 година до 30 септември 2020 година. Понудата важеше за сите физички лица за одложување на отплатата на ратите за кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, а кои на 29 февруари 2020 година беа класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.mk