Денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот вид билет
Од утре, четврток (01.04.2021 год) сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година. Во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник (казна). Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично, се вели во соопштението на ЈСП Скопје.
Денеска, среда (31.03.2021 год) истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет. ЈСП Скопје заради актуелната ситуација со Ковид 19 излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот. Во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи до 28 февруари, односно до 31 март, велат од претпријатието.