Казна од по две години затвор им се заканува на голем број јавни личности од Србија
Откако во полициската акција „Вектор“ која ја спроведе Република Српска беа уапсени девет лица, кои се осомничени дека измамиле стотици луѓе од лажни профили преку социјалните мрежи, наведувајќи ги да им испраќаат пари за наводно проверено обложување и таканаречени сигурни дојави, голем дел од српската естрада е во паника.
Имено, сомнителните луѓе кои се кријат зад ваквите профили им плаќале огромни суми на пари на бројни јавни личности за да ги рекламираат на социјалните мрежи, поради што сега им се заканува казна затвор. На овој начин добро заработиле старлетите Станија Добројевиќ и Ана Кораќ, но и пејачката Анабела Атијас, потоа Слободан Радановиќ, Кристина Кија Коцкар, Луна Џогани, Љупка Стевиќ, Надежда Бичиќ, Сандра Африка и многу други. Според адвокатот Бошко Журиќ, следниот чекор за полицијата е да ги повика на рочиште оние што учествувале во рекламирање на измамниците, по што може да им следува парична, па дури и затворска казна.
Повеќето јавни личности вклучени во овој валкан бизнис се оправдуваат со фактот дека не знаеле за што точно станува збор и дека престанале да го прават тоа штом сфатиле дека станува збор за измама. Од друга страна, тие се оградуваат со ставот дека нивните реклами директно не можеле да принудат никого да даде пари и дека луѓето кои поверувале во лесна заработка сами сносат дел од одговорноста.