Мојa плата е единственото онлајн истражување кое ги следи износите на платите и нуди преглед на бенефициите на вработените
Помина една година од почетокот на епидемијата во Македонија. Следните две недели станаа клучен временски период во нашите животи, компаниите претрпеа падови и успеси, или барем враќање на некои прифатливи нивоа на деловна активност, но неизвесноста и понатаму е присутна. Кратењето на бенефициите, па и платите не беше ретка појава во изминатиот период, но сега е време наградувањето на вработените постепено да се врати.
Сепак, сигурно размислувате со што и колку да ги наградите вработените? За почеток, би било корисно да знаете како ги наградуваат другите компании од истата индустрија како вашата, или оние со слична големина. Ако еден вид бенефит е типичен за вашата деловна активност (да речеме работа од дома) а вие сте единствениот што не го нуди тоа, можно е вашите вработени да започнат да бараат работа во компании што им го дозволуваат тоа.
Од друга страна, компаниите често немаат неограничен износ на пари за плати и покачувања. Треба да откриете колкава плата треба да им дадете на вашите вработени, за да останете конкурентни на пазарот без да „трошите“ премногу. На овие и на сите други прашања одговори ќе ви даде сервисот МојаПлата.
Податоците од Mojaplata.mk ќе ви помогнат да ги усогласите очекувањата за плата на потенцијалните и сегашните вработени со вашите можности за плаќање. Дали сте заинтересирани за информации за платите од реални корисници во Македонија?
Повеќе информации