Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 опстанува непроменета.
Од ноќеска, максималната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар. Еуродизел БС и екстра-лесното масло за домаќинство ќе можат да се набават по цена од 58 денари за литар.