БЕСПЛАТНИ ПАТАРИНИ, ПАРКИНГ, ПОПУСТИ ВО КАФЕАНИ
После хуманиот гест и вакцинацијата на неколку илјади македонски граѓани во Србија стигаат предлози за тоа како да им се оддолжиме на нашите соседи па така од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот дојдоа неколку предлози Имено, Љупчо Јовановски кој е директорот на Агенцијата на Фејсбук го напиша ова:
Туризмот не познава државни граници, туку дестинации кои се протегаат до каде имаат интерес туристите да посетуваат одредени атракции. Многупати сум потенцирал дека целиот Балкан преставува една туристичка дестинација и во овие тешки времиња сме си потребни едни на други како никогаш досега за да спасиме животи, туризмот и економиите на нашите земји. Затоа почитта, разбирањето и солидарноста треба да биде најголем чин во ова време - невреме кое се надвиснало над сите ,а мислата на мајка Тереза да не води напред.
„Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“
Затоа предлагам до туристичко-угостителскиот сектор и локалната самоуправа за туристите од Република Србија
✅бесплатни влезници за сите музеи
✅бесплатен паркинг во сите градови
✅попуст во сите угостителски објекти
✅попуст во сместувачките капацитети
✅брз трансвер на граничните премини
Бидејки подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена!