Vrabotuvanje.com - ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share

ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

М Кеш – Водечки провајдер на финансиски услуги во Македонија

 

М Кеш е водечки провајдер на финансиски услуги во Македонија, специјализиран за брзи, флексибилни и достапни кредитни решенија прилагодени на потребите на клиентите. Со мрежа од над 55 филијали низ целата држава и тим од над 180 професионалци, компанијата нуди иновативни финансиски решенија што им помагаат на граѓаните да ги остварат своите цели.

Како дел од Management Financial Group (MFG) – една од најголемите финансиски групации во Централна и Источна Европа, М Кеш го комбинира локалното знаење со глобалната експертиза. Со над 18 години искуство, MFG работи на повеќе пазари, управувајќи со широк спектар на финансиски услуги како што се потрошувачки кредити, микро и мали бизнис финансии, кредитни картички и дигитални услуги. Групацијата има 300 канцеларии, вработува над 6.000 луѓе и им служи на милиони клиенти.

Зошто да одберете М Кеш?
 

• 10 години искуство во областа на микрокредитирањето, со докажан успех на пазарот;

• Над 50.000 услужени клиенти и повеќе од 200.000 одобрени кредити;

• Брза и едноставна апликација;

• Исплата на одобрениот износ во рок од 1 час;

• Нудиме решенија прилагодени на индивидуалните потреби;

• Транспарентни услови, со јасно дефинирани кредитни решенија. 

М Кеш нуди разновидно портфолио на финансиски производи, меѓу кои:
 

  • М Пензионер – кредитни решенија за пензионери со поволни услови.
  • М Специјал – кредитен производ со атрактивни каматни стапки.
  • М Фикс – финансиска поддршка со фиксни рати.
  • М Сејф – кредити со дополнителна сигурност.
  • М Комбо – комбинација од најдобрите кредитни можности.
  • М Бизнис – финансиски решенија за микро и мали бизниси.

 

Нашата мисија и визија

М Кеш е посветен на обезбедување на брзи, едноставни и доверливи финансиски решенија, помагајќи им на клиентите да управуваат со своите финансии на поедноставен начин. Нашата визија е да бидеме прв избор за финансиски услуги, поставувајќи нови стандарди за одговорно кредитирање.

 

 

Нашите вредности
 

  • Човечност – Изградба на долгорочни односи засновани на доверба и транспарентност.
  • Иновативност – Континуирано подобрување и креирање на нови финансиски решенија.
  • Одговорност – Етички и професионален пристап кон клиентите, партнерите и заедницата.

Кариерни можности - Зошто да станете дел од М Кеш?
 

Во М Кеш, луѓето се во срцето на нашиот успех. Создаваме поддржувачка, динамична и иновативна работна средина, каде што професионалниот развој и тимската работа се во фокусот.

Можности за раст и развој
Без разлика дали сте на почеток на вашата кариера или барате нов предизвик, нудиме платени обуки, менторство и можности за унапредување, овозможувајќи континуиран напредок во кариерата.

Конкурентни бенефиции
Во М Кеш, вашата посветеност се вреднува преку уникатна нето плата со атрактивни можности за континуиран раст во текот на годината, како и преку месечни бонуси и отворени можности за дополнителна заработка.

Дополнителни придобивки

  • Приватно здравствено осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Слободен ден за прваче + училишен сет за дечињата на вработените
  • Конференции, платени обуки и професионален развој

Бидете двигател на иновации и решенија
Во М Кеш, ќе бидете дел од компанија која ги обликува финансиските услуги преку флексибилни и иновативни решенија, помагајќи им на клиентите да ги остварат своите цели.

Општествена одговорност
Горди сме што учествуваме во иницијативи што прават разлика – од поддршка на заедницата до еколошки и социјални проекти.

Придружете се на М Кеш и станете дел од тим кој вреднува вашата работа, ја поддржува вашата кариера и создава можности за успех!

 

Кого бараме?

  • Лица кои се мотивирани и ориентирани кон резултати
  • Професионалци со желба за работа со клиенти и финансиски услуги
  • Тимски играчи со одлични комуникациски вештини
  • Лица кои сакаат да учат и да напредуваат

Аплицирајте денес!

Ако барате предизвикувачка и динамична кариера во стабилна и растечка компанија, разгледајте ги нашите актуелни можности за вработување и станете дел од тимот на М Кеш.

Прочитајте повеќе за компанијата:
 

Финансиското друштво М Кеш ја одржа својата 5-та Национална Трговска Конференција под мотото -"Работиме заедно – Успеваме заедно"! 

Финансиско друштво М Кеш минатиот викенд одржа Конференција под слоганот „ПРОМЕНИ-СПЛОТЕНОСТ-РЕЗУЛТАТИ“

М Кеш и оваа година обезбеди превентивни ехо прегледи на дојка, за своите вработени и клиентки

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје подари апарат за слип апнеа СРАР на тринаесетгодишниот Марко Џољевски и ја врати детската и мајчината насмевка!

М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!

„Инвестирајте во знаење, во образование, во постојан развој, бидејќи знаењето и вредностите ги носите насекаде со себе“ - Интервју со Бјанка Катру, Директор на ФД М Кеш

М Кеш: Од идеја до лидерство во финансиската индустрија!

Финансиското друштво М Кеш - Пример за професионализам во Корпоративната Безбедност и Заштита на Личните Податоци

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more