ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ
- Address: ул.Перо Наков бр.25, 1000 Скопје
За нас
Електроелемент е компанија специјализирана за трговија со електроматеријали, кабли, нисконапонска и високонапонска опрема, помошен монтажен прибор, светечки тела и сите видови извори на осветлување како и резервни делови за сите видови апарати за домаќинство.
Mисија
Основната мисија на Електроелемент е континуирано, во кратки временски рокови, со потребни материјали да ги снабдува трговските фирми, индустријата, градежништвото, електростопанството, електромонтажата, јавните и комунални компании, а во исто време да нуди целосна стручна и техничка поддршка.
Точно две децении Електроелемент е компанија која поставува високи стандарди во повеќе индустриски гранки и се имплементира на свој начин во економските структури на Република Македонија и пошироко.
Електроелемент е водечка компанија во набавката на електроматеријали, лидер во големопродажбата, трговец со најширока палета на производи на ова поле кај нас и пошироко.
Со цел комплетно делување во понуда на Електроелемент се резервни делови за електричните апарати, како и понуда на рачен и електричен алат и прибор. Солидни постигнувања има и во секторите железарија и хемија, како и црна и обоена металургија.
За Електроелемент нема тајни и во доменот на водовод, санитарии и керамика,а како најмлад сегмент е понудата на ХТЗ опрема од мошне реномиран светски добавувач.
Електроелемент поседува најголема инфраструктура и материјални ресурси во дејноста. Располага со современ деловен и магацински простор, средства за манипулација и брза испорака на стоката, а во плановите е инвестирање и во нови објекти кои како и досегашните ќе располагаат со стручен и добро екипиран кадар, чија примарност е и ќе биде тимска работа и чиј императив е задоволството кај купувачите и во секој момент посветување внимание на потребите и на најспецифичните клиенти.
Како потврда за успехот на пазарот и фактот дека Електроелемент е едноставно партнер за 21 век се остварувањата во текот на двете децении на постоење. Електроелемент се пробиваше на пазарот во транзициони времиња и сепак оствари солидни постигнувања, што се секако извонредна гаранција за иднината.