PIVARA SKOPJE AD
Пивара Скопје АД
Адреса: ул. 808 бр.12, 1000 Скопје
Веб-страница: www.polnacasa.mk
e-mail: contact.pivara.skopje@cchellenic.com
LinkedIn профил
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN.Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ЗАЕДНО РАСТЕМЕ, ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ
Нашата стратегија е фокусирана кон креирање раст, а нашата корпоративна култура е водена од четири силни корпоративни вредности што се темел на нашето секојдневно работење.
За нас во Пивара Скопје, купувачот е секогаш на прво место. Работиме здружено, како еден тим во кој “НИЕ” е секогаш повеќе од “јас”. Нашата заложба е да работиме одржливо и да бидеме потпора
на заедницата во која делуваме. А во целото ова патување градиме заедништво и силен тимски дух.
ДАЛИ СИ ТИ НАШАТА ТАЈНА СОСТОЈКА ЗА УСПЕХ
Наша стратегиска определба е да негуваме култура и средина во која сите ќе се чувствуваме како слободни индивидуи, но и здружени Пиварци што целат кон заедништво, синергија и страст кон градење долгорочна успешна приказна. Цврсто стоиме на заложбите дека секој вработен треба да се чувствува дека целосно припаѓа во нашата организација. Ние веруваме во нашите луѓе и за сите нив овозможуваме еднакви можности за раст и развој, затоа што тие се нашата тајна состојка за успех.
ШТО НУДИМЕ?
· Нудиме флексибилна работна средина и хибриден модел на работа, во кои слободата на работа, изразување и креативно размислување се на прво место.
· Работиме со помош на врвни технологии, иновативни решенија и групациски алатки што го олеснуваат секојдневното работење и даваат можност за лесно приспособување кон средината.
· Овозможуваме кариерни можности, во кои целиме нашите луѓе да се развиваат и да растат, како во рамките на нашата компанија, така и во рамките на двете големи групации Coca-Cola HBC и HEINEKEN, кои стојат зад нас.
· Се грижиме за задоволството и ангажманот на нашите вработени, го слушаме нивниот глас и тука сме да ги поддржиме.
· Веруваме во важноста на придобивките што им ги нудиме на нашите вработени. Затоа, за секој Пиварец се достапни низа финансиски и нефинансиски бенефиции, кои постојано се трудиме да ги подобруваме и да ги надополнуваме.
· Во рамките на компанијата создадовме well-being клуб – „Клуб Пиварци“, во кој се грижиме за благосостојбата и задоволството на нашите вработени, преку воведување интерни програми и активности наменети за унапредување на физичкото здравје, емоционалното и менталното здравје, програми наменети за личен развој на секој вработен, како и активности за социјализација, дружење, волонтеризам и забава.