Vrabotuvanje.com - Еко Вент
Share
Tweet
Share

Еко Вент

 

 1977  - THE BEGINNING OF THE ROAD 

  • Еко Вент во првите денови на основање беше поинаков од тоа како ние го перцепираме деновиве. Се започна во 1977 година како мал производител на производи од лим. Компанијата брзо ги совлада своите надлежности и ја продолжи традицијата за производство на лимови долго време со најголема умешност. После неколку години посветена работа и производство, фокусот започна да се менува.

 2002  - ПРОИЗВОДСТВО НА ВОЗДУШНИ КАНАЛИ 

  • Оттука, децении подоцна во 2002 година, компанијата одлучи да го насочи производството на воздушни канали, што беше посложена цел од примарната, но сепак заради основните вредности на нашата компанија успеавме да успееме.

 2011  - СТАНАВМЕ ДЕЛ ОД HVAC СЕКТОРОТ 

  • 2011 година претставува битната пресвртница во успехот, која компанијата ја постигна со менување на стратегијата и својата основна дејност. Од производителот на еден производ, прерасна во компанија која нуди услуги и решенија во рамките на HVAC секторот.
  • Во прилог на ова, важно е да се потенцира дека Еко Вент доби нов водечки тим, чии иницијативи резултираа со успех во секоја промена што ја направија.
  • Така е создаден брендот Еко Вент, оној што ги одржува нашите домови, канцеларии и секоја архитектонска конструкција во затворен простор и надвор, со цел да се подобри квалитетот на воздухот преку своите еколошки производи.

 2013  - НАШАТА МИСИЈА И ВИЗИЈА 

  • Мисија: Трансформирање на изворите на енергија од не-еколошки системи во еколошки решенија, намалувајќи го загадувањето на воздухот.
     
  • Визија: Да станеме водечки бренд со еколошки решенија, на Балканот и во Западна Европа.
     
  • Тоа што ни овозможува да продолжиме и да бидеме одлучни во нашата визија, се нашите креативни решенија, визионерските иновации заедно со квалитетните производи и услуги, кое се во согласност со меѓународните стандарди и регулативи.

 ОСНОВНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ЕКО ВЕНТ 

ИНТЕГРИТЕТ (искреност, одговорност, го остваруваме кажаното)
​ ПОЧИТ (грижа, толеранција, активно слушање)
​ КВАЛИТЕТНА УСЛУГА (услуга со производи од врвен квалитет)
 ПОСВЕТЕНОСТ (работа со страст, љубов, дисциплина, подготвеност)
 КЛИЕНТОТ НА ПРВО МЕСТО (иновации, односи, нашите клиенти стануваат наше семејство)
 СИСТЕМАТИЗАЦИЈА (наша технологија, култура на дигитализација)

Следете не на социјалните мрежи!

        

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more