SPAR HRVATSKA d.o.o
- Address: Slavonska avenija 50, 10000 Zagreb,
- Facebook profile: https://www.facebook.com/SparHrvatska/
Во SPAR вработените се клучот до успехот. Поради тоа компанијата постојано вложува во креирање на работна средина која стимулира преданост и овозможува професионален и личен напредок за секој вработен.
Компанијата SPAR Хрватска е основана од групацијта SPAR Австрија и е најмладата компанија во рамки на групацијата. SPAR Hrvatska d.o.o. својата прва продавница ја отвори во 2005 година, а денес брои над 4.600 вработени. Продажната мрежа на SPAR во Хрватска континуирано расте, а денес има 102 супер маркети и 23 INTERSPAR хипермаркети. Во тој правец ќе се движат и во иднина, па до крајот на годината својот ланец ќе го продолжат со две нови продажни места. Со цел продавниците на SPAR да им бидат достапни на што поголем број потрошувачи, комапнијата има потреба од нови вработени.
Кариера во SPAR
SPAR е стабилна компанија која на вработените им нуди редовни примања, а работниците за нив се клуч на успехот. Поради тоа компанијата постојано вложува во креирање на работна средина која стимулира залагање и овозможува професионален и личен напредок за секој вработен. Нивната цел е меѓусебно мотивирање и трансфер на знаење, заедно со успешна тимска работа, што се покажало како одлична комбинација.
Во нивниот тим се добредојдени сите оние кои се способни, иновативни и самоиницијативни, комуникативни и амбициозни и се спремни сето тоа да го споделат со тимот на SPAR.
Кариерен напредок
SPAR Хрватска нуди огромни можности за напредок и личен развој, а како дел од своите бројни обуки и работилници, компанијата им нуди на сите свои вработени можност да се преквалификуваат за професијата месар или пекар. Едукациите и обуките се одвиваат во текот на целата година, а SPAR Хрватска целосно ги покрива сите трошоци.