Asics
- Web: https://www.asics.com/
- Facebook profile: https://www.facebook.com/ASICS/?brand_redir=127183007294814
Од основањето во 1949 година, ASICS Group посветено се залага за негување на младите во светот преку спортот, со цел на тој начин да придонесе за општеството. Нивната визија е „Да создадеме квалитетен животен стил преку интелигентна спортска технологија“, а нивна мисија е создавање производи и услуга кои овозможуваат здрав и исполнет начин на живот, низ целиот свет.
ASICS првите чекори ги направи пред 70 години, кога јапонецот Kihachiro Onitsuka почнал да произведува спортски обувки за играње кошарка, во неговата дневна соба во Коби, Јапонија. Брзо потоа почнал да произведува патики за трчање, а неговиот прв пар, Marathon Tabi официјално го промовирал во 1953 година. Оттогаш, неговиот бизнис постојано е во пораст, а во 1977 година тој го споил со две други компании и започнале со продажба на спортски обувки во Соединетите Американски држави.
Тогаш ASICS го добил своето име, што е акроним на латинската поговорка “Anima Sana In Corpore Sano” (во здраво тело - здрав дух). Оттогаш, ASICS прерасна во една од најголемите компании за спортски обувки во светот.
ASICS во Македонија
ASICS го отвори својот прв продажен салон во Македонија, во Скопје Сити Мол. Работното време на салонот е од 10:00 до 18:00 часот, а таму ќе ве пречекаат ведрите лица на персоналот, голем избор на спортки обувки и опрема и изненадувачки пристапни цени.
Кариера во ASICS
ASICS ги охрабрува своите вработени никогаш да не запрат на патот до нивните цели во кариерата. Тие силно веруваат во промоцијата одвнатре и секоја нова можност за напредок е шанса најпрвин за внатрешните таленти.
Во ASICS, исто така ја промовираат можноста за кариерен раст и развој со трансфер во различни сектори, затоа што за нив е важно комплетното искуство на нивниот тим.
Врз основа на вредностите на ASICS, сечиј инпут и придонес се за почит. Тие негуваат заедничка соработка и ангажираат членови на тимот кои никогаш не се задоволуваат со постигнатото - секогаш ги поместуваат своите граници и постојано се во потрага по начини за подобрување на своите перформанси. Нивниот тим е составен од иновативни и креативни луѓе, секогаш спремни за нови предизвици, кои секогаш се трудат да ја постигнат и надминат следната цел.