ФЛЕКС КРЕДИТ
- Address: ул.Интернационални Бригади бр.15, 1000 Скопје
- Web: www.flexcredit.mk
- Facebook profile: https://www.facebook.com/flexcreditmk-108387717471837
- LinkedIn profile: https://www.linkedin.com/company/flexcredit-north-macedonia/
Кои сме ние
Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Нашиот меѓународен тим брои над 2.000 вработени и соработници во над 250 филијали во пет европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина.
На финансискиот пазар во Македонија сме присутни од 2020 година и за само две години активно работење прераснавме во една од најголемите небанкарски финансиски институции во земјава, којa бележи постојан раст и одржлив развој, кој денес резултира со над 150 вработени и над 50 филијали во Р.Северна Македонија.
Нашата филозофија и мисија
Ние се грижиме за финансиските потреби на нашите клиенти преку обезбедување на потребните средства во соодветно време по пат на компетентна услуга, брзи процедури и транспарентни услови обезбедувајќи лесни и брзи решенија.
Повикувајќи се на нашиот слоган Пари за секого, нудиме палета на различни кредитни производи, прилагодени на потребите и социјалниот статус на секој клиент.
Кредитни производи
- Кредит до плата во износ од 5000 до 20000 денари со рок на отплата од 15 до 45 дена
- Кредит на рати во износ од 5000 до 150 000 денари со рок на отплата од 3 до 16 месеци
- Флекс Бизнис , наменет за сопственици на бизнис и управители, во износ од 15 000 до 150 000 денари со рок на отплата од 3 до 16 месеци
- Промотивен Флекс 0% продукт- бескаматен кредит, наменет за нови клиенти на износ од 5000 до 12 000 денари со рок на отплата од 14 дена.
Предности на користење на нашите услови
- аплицирањето е само со лична карта\пасош и е бесплатно
- одобрените средства се подигнуваат веднаш во готово или на банкарска сметка во рок од 15 минути
- нема скриени трошоци
- задоволството на клиентот и меѓусебната доверба секогаш се на прво место. Клиентите добиваат личен финансиски советник кој е достапен да одговори на прашањата и на барањата на своите клиенти во било кое време
КАРИЕРА во Флекс Кредит
Тајната за успехот на Флекс Кредит Македонија се должи на нашите вработени. Во моментот во компанијата работат над 150 високо квалификувани, амбициозни и енергични вработени кои се амбасадори на нашиот бренд. Како тим се стремиме да обезбедиме финансиска поддршка на секој наш клиент, извонредно корисничко искуство и максимално транспарентни и прифатливи услови.
Нашиот тим е нашата најголема сила и клучот на успехот на Флекс Кредит. Водени од овој концепт, грижата за нашите вработени, нивната благосостојба и напредок е приоритет број еден на кој континуирано работиме и го унапредуваме.
Покрај низата од финансиски бенефиции нудиме и пакет од нефинансиски бенефиции. Како работодавач сме целосно фокусирани на креирање на пријатна работна средина со неограничени можности за професионален развој и унапредување на нашите вработени.
Доколку станете дел од тимот на Флекс кредит, ќе наидете на:
- Работа во млад, енергичен и амбициозен тим
- Модерен канцелариски простор и филијали
- Можности за професионален раст и развој во работна околина од млади и енергични колеги
- Мотивирачки бонус матрици
- Можности за идеи и иницијативи за поддршка на нови идеи
- Континуирана едукација и професионална надоградба за развој на вештини
- Динамична работна атмосфера
- Одлични можности за професионален развој.
Вашите апликации ги очекуваме на vrabotuvanje@flexcredit.mk.