Vrabotuvanje.com - ПЗУ БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА
Share
Tweet
Share

ПЗУ БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА

БИОТЕК Лабораторија претставува прва специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема. Биотек Лабораторија е акредитирана лабораторија според сертификатот за квалитет ISO 15189:2013 и е прва приватна дежурна лабораторија со 3 засебни лиценци за: биохемија - имунологија, микробиологија и молекуларна дијагностика.

БИОТЕК Лабораторија со својот искусен тим   е секогаш во чекор со светските стандарди притоа обезбедувајќи повеќе од 370 анализи од областа на медицинската биохемија (хематолошки,имунолошки,серолошки анализи), микробиологија и молекуларна дијагностика. Ја следиме нашата мисија,  Биотек Лабораторија да е лабораторија за целото семејство се со цел да обезбедиме услуги за пациенти од сите возрасти на едно место. Врвната технологија која ја има нашата лабораторија дава брзи и прецизни резултати, а високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент. Континуираната грижа кон пациентите секогаш не мотивира да сме подобри, нудиме можност за земање на примероци со домашна посета и имаме обезбедено пристап за лицата со посебни потреби.

Денес БИОТЕК Лабораторија се издвојува со своите 4 локации во Скопје: Центар, Буњаковец, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Нашата мисија

  • Беспрекорна грижа за пациентите преку врвни лабораториски услуги, базирани на  најсовремена технолошка опрема, високо образовен стручен тим воден од  професори и доктори кои се континуирано достапни за консултација.
  • Стекатата доверба кај повеке задоволни пациенти е воедно и наш мотив да работиме уште подобро и да ги следиме нивните потреби. 

Што им нуди Биотек Лабораторија на вработените?

  • Одлични услови за работа и позитивна  работна атмосфера
  • Можност за континуирано напредување и надоградување
  • Ги охрабруваме вработените да демонстрираат посветеност кон работата, креативност,  градење заеднички тимски цели, меѓусебно помагање и континуирана грижа за пациентите.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more