БИОТЕК ДОО
- Address: ул.Загребска бр.28в Центар, 1000 Скопје
- Web: http://www.bioteklab.com.mk/
- Facebook profile: https://www.facebook.com/bioteklaboratory/
- LinkedIn profile: https://www.linkedin.com/company-beta/17989056/
Биотек е основан во 1999 година со двајца вработени и цел да се продре во клиничкиот и индустрискиот сектор. Нашата понуда од високо квалитетна опрема и потрошен материјал и обучениот персонал и врвна поддршка и услуга се причина за нашиот успех. Денес Биотек во својата групација брои над 50 вработени со цел напредок на секое поле.
Биотек и Биотек Косово се ексклузивни дистрибутери на врвна лабораториска опрема и реагенси за Македонија и Косово. Ексклузивно застапуваме дел од најдобрите производители на лабораториски регенси, потрошен материјал и опрема во светот. Во последните 20 години се докажавме како сигурен партнер во продажба на високо квалитетна лабораторска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.
Со нашето 22-годишно присутво на македонскиот пазар, станавме едни од лидерите во нашата област. Нашите производи се користат од страна на: доктори, фармацевти, биохемичари, хемичари, биолози, инженери, екологисти, лаборанти, сестри... Секојдневно ја докажуваме довербата на нашите корисници со подобрување на професионалниот пристап прилагоден на нивните потреби.
Понудата на Биотек и Биотек Косово се состои од: опрема, реагенси, потрошни материјали, сервис и резервни делови во секоја од нашите програми.
Нашата визија е да станеме регионален лидер на високо квалитетна лабораториска опрема, реагенси и лабораториски потрошен.
Нашата мисија е да сме суштински дел од секоја модерна лабораторија во клиничкиот и индустрискиот сектор, застапувајќи најсофистицираната лабораториска опрема, реагенси и потрошен лабораториски материјал како и комплетна поддршка за одржување и сервис и апликативна поддршка преку високо квалификуван и обучен кадар.
Нашите вредности
Нудиме врвен квалитет со најдобрите цени и најдобра пост-продажна поддршка.
- Одлично обучени вработени
- 24 часовна поддршка
- Залихи
- Добро организирана, навремена достава
- 22-годишно искуство
- Одржување на систем за квалитет
- Меѓународно присуство
Вашите потреби се нашата примарна цел и во тој правец секојдневно се подобруваме за задоволување на сите ваши барања.
Активности
- Редовна едукација на вработените преку разни видови тренинзи и обуки во земјава и странство.
- Партиципирање на конгреси од областите кои ги покриваме.
- Организирање на семинари и работилници.
- Континуирано подобрување преку системот за управување со квалитет ISO 9001.
- Регионално проширување на нашите активности.
- Постојано реинвестираме во нашата компанија. Во 2019 година ги проширивме и реновиравме работните канцеларии по најсовремени услови..
- Континуирани маркетинг активности.