News
-
ПИВАРА Скопје вработува УНАПРЕДУВАЧИ НА ПАЗАРОТ во Скопје и Кавадарци
2 слободни позиции
-
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА: Сите 73 производи на кои им се ограничува маржата
Министерството за економија и труд ја објави целосната листа од 73 производи на кои им се ограничуваат профитните маржи на најмногу 10 отсто, со што се очекува намалување на нивните цени во трговијата на големо и мало. Одлуката за ограничување на маржите ќе трае до 31 октомври.
-
Да не се закачате со Жените од Карпош - Се нуди бесплатна обука за самоодбрана
Општина Карпош во соработка со полицискиот боречки клуб „Безбедност“ ќе продолжат со бесплатната обука за самоодбрана и фитнес, наменета за жени и девојки кои живеат на територијата на Карпош.
-
Се бара решение за камерите во сообраќајот – што ако снимат премногу прекршоци?
Министерот за внатрешни работи, информираше дека се работи на техничко решение, но е потребно и законско уредување за функционален систем за следење на сообраќајот преку камери, пренесуваат од Слободен Печат.
-
Објавена есенската кошница – ориз, брашно, тестенини, масло и млечните производи ќе бидат со ограничена маржа
Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје, се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд.
-
Цената на биткоинот надмина 63.500 долари – што е следно?
Намалување на главната каматна стапка од 50 базични поени од страна на Федералните резерви на САД, како и првото купување на биткоин од претседателски кандидат во крипто бар (Доналд Трамп направи трансакција со биткоин во тематската лента „PubKey“ во Њујорк,) одржувајте го доброто расположение на пазарот на крипто. Сепак, некои набљудувачи остануваат скептични за долговечноста на релито, напиша „CoinDesk“ во материјал.
-
Масовно се краде грозје, садници, системи за наводнување, земјоделски машини, алати
Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи - Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР - Велес.
-
Од утре очекувајте благо затоплување - Ова е викенд временската прогноза
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
-
ОВАА АЗИСКА ДРЖАВА ЈА БУТНА ШПАНИЈА ОД ТРОНОТ: Сингапур има најсилен пасош на светот
Сингапур се искачи на врвот на рангирањето на најсилните пасоши во светот, соборувајќи ја Шпанија од првото место. И покрај тој удар за земјата, европските нации – вклучително и Шпанија, сега испадната на второто место – го сочинуваат остатокот од првите пет.
-
Се укинува целосната забрана за движење во шума
Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“.
-
Крш, мизерија... Дали Скопје ја заслужува титулата „грд град во Европа“?
Не стивнуваат критиките на сметка на Скопје, градот кој како главен треба да личи на метропола и да ги задоволува потребите на бројните жители. За жал, граѓаните секојдневно сведочат дека градот е „хаос“ во секој можен аспект, а предничи во сообраќајниот метеж и неред, загадениот воздух, како и во нехигиената.
-
Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Вкупните депозити анализирани на годишно ниво, во август се зголемени за 9,1%, што се должи на растот на депозити на двата сектора, со доминантен придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка.
-
Просечната нето плата во јули надминува 40 илјади денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Големо откритие: Научниците открија нова крвна група
Истражувачите од Велика Британија и Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето, "MAL", и тоа 50 години откако во 1972 година беше откриено дека недостасува важен антиген во крвта на бремена жена.
-
Колку се исплати правењето домашен ајвар?
Секоја есен, мирисот на печени пиперки и традиционалниот ајвар го означуваат почетокот на сезоната на зимница во македонските домови.
-
Пензионери чекаат ред за да берат јаболка – дневницата достигнува 2.200 денари
Во сезоната на берба, македонските овоштарници се соочуваат со нов тренд: зголемената ангажираност на пензионерите и берачите од Албанија во процесот на берење јаболка.
-
Секое следно лето ќе биде подолго и потопло од претходното
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ НОСИ ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
-
Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите
Производителот на автомобили Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите, објави германскиот деловен портал Менаџер.
-
Како да се постигне поголемо производство со помалку работници?
Секоја година до 2040, работната сила во Европската Унија ќе се намалува за два милиона луѓе, па затоа е неопходно да се потпреме на продуктивноста за да се забрза економскиот раст. Ова, меѓу другото, е нотирано во новиот извештај на ЕУ за конкурентноста, поради што сè почесто се поставува прашањето за односот на трошењето на работната сила и продуктивноста на нејзината економија.
-
Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство
Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6 проценти повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89 отсто и достигнал 560.000 евра, објави Агенцијата за супервизија на осигурување.