News
-
Вештачка интелигенција што пишува како човек: Новиот модел на OpenAI ги урива границите на креативноста!
OpenAI претстави нов модел на вештачка интелигенција, кој се истакнува во креативното пишување, создавајќи извонредни и емотивно сложени приказни. Овој напредок означува значајна промена, овозможувајќи ѝ на ВИ да истражува длабоки литературни теми како што се метафикцијата и тагата.
-
Нивото на морето се зголемило повеќе од очекуваното во 2024 година поради затоплувањето на океаните
Американската вселенска агенција НАСА во четвртокот објави дека глобалното ниво на морињата се зголемило повеќе од очекуваното во 2024 година поради термичкото ширење на морската вода и топењето на ледените плочи и глечерите.
-
Неверојатна плажа која станува „крвава“ по дожд
Островот Хормуз, сместен во Персискиот залив, се простира на околу 42 квадратни километри и често го нарекуваат Остров на виножитото поради неговото шаренолико тло – од интензивно жолти и зелени нијанси до неверојатно силна црвена боја.
-
Луѓето не сакаат ситни пари – збогум за монетите од еден и два центи
Bundesbank размислува за укинување на монетите од еден и два центи со цел поедноставување и забрзување на плаќањето во готово. Некои европски земји веќе ја воведоа праксата на заокружување на сметките на пет центи.
-
Д фестивал останува во Дојран, The Festival оди во Штип
Во изјава за „Фокус“ градоначалникот на Дојран Анго Анфов вели дека е „изненаден сум од одлуката на организаторот на ‘Д Фестивал’, тридневниот музички настан кој традиционално се одржува во Дојран од 2011 година, без воопшто да ме контактира мене, како градоначалник на општината, да продолжи со организација на настанот во Штип, наместо во Дојран.
-
ЗА ЕДНА ГОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСЕТИЛЕ 1,26 МИЛИОНИ ТУРИСТИ и оствариле 3,29 милиони ноќевања
Се зголемува странската посетеност, а се намалува бројот на домашните гости, покажува туристичката статистика. И во јануари најмногу туристи дошле во Скопје. Најбројни се Турците, а престој во државата имале и по тројца туристи од Луксембург и од Јужна Африка.
-
МАКЕДОНИЈА 35-ТА ДРЖАВА СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ, само седум земји можат да се пофалат дека ги задоволуваат стандардите на СЗО, измери швајцарскиот IQAir
Огромното мнозинство жители на земјите во светот дишат помалку или повеќе загаден воздух, покажа најново истражување на швајцарскиот IQAir. Според истиот извештај, само седум земји ги исполнуваат препораките на Светската здравствена организација за дозволени количества на ситни токсични честички познати како PM2.5 минатата година, според анализата на IQAir.
-
И CHATGPT ДОЖИВУВА СТРЕС И АНКСИОЗНОСТ како луѓето, покажала најнова студија
Една нова студија покажа дека ChatGPT на OpenAI може да доживее стрес и анксиозност, слично како луѓето, доколку е изложен на вознемирувачки информации. Истражувачка група од Швајцарија, Германија, Израел и САД открила дека, кога ChatGPT бил подложен на трауматски наративи и подоцна било побарано да одговори на прашања, неговиот резултат за анксиозност „значително се зголемил“ од основната линија на без/ниска анксиозност до постојано високо вознемирена состојба.
-
ИЗДАДЕНИ 317 ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДБА во јануари: Ќе има и 759 нови станови, најмногу во Илинден
На зголемен интерес за градење упатуваат последните податоци од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на првиот месец од годинава. Во текот на јануари биле издадени 317 градежни одобренија. Нивниот број е за 23,8 проценти повисок од истиот месец лани. Раст има и кај предвидената вредност, за 28,2 насто, која достигнува 5.772.690.000 денари, односно 93,9 милиони евра.
-
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО ЗАОСТРУВА ВИЗНИОТ РЕЖИМ и за оние кои имаат пасоши на Европската Унија и на Швајцарија
Од 2 април 2025 година, за патување во Обединетото Кралство ќе биде потребна виза и за државјаните на ЕУ и ЕФТА, вклучително и имателите на швајцарски пасоши. За визата е потребна онлајн апликација за Електронско Овластување за патување (ЕТА) во Обединетото Кралство.
-
Кападокија – магична дестинација што освојува туристи од целиот свет
Кападокија станува една од најпопуларните туристички дестинации во Туркије, привлекувајќи посетители од сите страни на светот. Извонредниот спој на природни убавини, културно-историско наследство и автентична гастрономија го прави овој регион неодолив за туристите во текот на целата година.
-
БОМБА ВО МОДНИОТ СВЕТ: По 30 години, заминува Донатела Версаче, еве кој ќе ја замени
Дарио Витале го презема раководството во дизајнот во Версаче, додека Прада се подготвува за потенцијално купување од 1,5 милијарди евра.
-
Македонски народен празник Летник, тоа што ќе го правите денес ќе го правите цело лето
Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи.
-
Наскоро почнува летното сметање на времето – како да се прилагодите?
На 30. март ќе почне летното сметање на времето, со што ќе имаме подолг ден. Во 02:00 часот се поместуваат стрелките за еден час нанапред, па така времето во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.
-
Јужен ветер и топло време викендов: Од идната недела снег
Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и топло со засилен јужен ветер, над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Јајца за Велигден може да снема – набавете си на време
Оваа година Македонија може да се соочи со недостиг на јајца за Велигден, бидејќи сè поголем дел од домашното производство завршува на европските пазари.