Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

Prava za vrijeme radnog odnosa

Сезонска работа: Што значи и кои се вашите права

Законот за работни односи со член 47 го регулира делот кој се однесува на сезонската работа.

Законот за работни односи со член 47 го регулира делот кој се однесува на сеознската работа. Според него, сезонската работа е работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци.

Работникот кој по договор за вработување на определено време врши сезонски работи, односно работа во нееднакво распоредено работно време без прекин најмалку три месеци во годината и притоа одработи повеќе часови отколку што е одредено за работа со полно работно време, може да бара часовите да му се пресметаат во работни денови со полно работно време.

Според ставот 2 од истиот член, пресметаните работни денови се внесуваат во работниот стаж на работникот, како да ги поминал на работа. При што вкупниот работен стаж во календарската година не смее да надмине 12 месеца.

 

Овие 5 надоместоци вашиот работодавач мора да ви ги исплати секој месец

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор. 

Надоместок ви следува за следните трошоци:

1. Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)

2. Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство

3. Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)

4. Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.

5. Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км

Законски надоместоци:

  • Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот
  • Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

  • Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици
  • Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици
  • Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица
  • За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица
  • За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата
  • При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.

Можеби ќе ве интересира: За работа на празник ви следува празнична дневница

ССМ: Правото на годишен одмор претставува неотуѓиво право на работникот

ССМ информираат за законските одредби и правата на работниците во однос на годишните одмори. Имено, велат дека годишниот одмор може да се продолжи само со колективен договор, но најмногу до 26 односно 29 работни дена.

Критериумите врз основа на кои се определува времетраењето на годишниот одмор на работниците се утврдуваат со колективен договор, а меѓу нив спаѓаат: времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективен договор.

Како денови на годишен одмор не се пресметуваат празниците, саботите и неделите и слободните денови, отсуствата поради боледување, како и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Правото на годишен одмор претставува неотуѓиво право на работникот. Работникот не може да се откаже од правото на одмор и ништовна е каква било спогодба со која работникот се откажува од правото на годишен одмор - се вели во објавата на ССМ.

извор: skopjeinfo.mk

Што ако се повредите на работно место?

Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија.

Условите се следни:

1) телесното оштетување да е причинето  со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж или

2) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или

3) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест, доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Осигуреник кај кого телесното оштетување настанало пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работата или болест се здобива со право на надоместок за телесно оштетување ако на денот на настанувањето на телесното оштетување  имал својство на осигуреник и ако:

1) телесното оштетување  настанало до навршување на 20 години живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на осигурување;

2) телесното оштетување  настанало до навршување на 25 години живот, ако имал најмалку девет месеци стаж на осигурување и

3) телесното оштетување  настанало до навршување на 30 години живот, ако имал најмалку 12 месеци стаж на осигурување.

Право на паричен надоместок за телесно оштетување осигуреникот стекнува независно од тоа дали се стекнал и користи и некое друго право од пензиското и инвалидското осигурување.

Не се стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување од 30% до 40% според листата на телесни оштетувања, кое настанало како последица на болест или повреда надвор од работата, за телесно оштетување кое постоело пред стапувањето во работен однос, како и за подоцнежното влошување на тоа телесно оштетување. По исклучок кога пред стапувањето во работен однос постоело телесно оштетување на еден од парните органи, а подоцна настапи оштетување на другиот истоветен орган, осигуреникот стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување на двата органи.

Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување од следниве основици:

- 9% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со повреда на работа или со професионална болест и

-  7% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со болест или повреда надвор од работата.

Ако постојат две или повеќе телесни оштетувања вкупниот процент се определува на тој начин што на поголемиот процент се додава, и тоа по:

1) 20% за секое натамошно телесно оштетување од 50% или повеќе и

2) 10% за секое натамошно телесно оштетување од 40% и 30%.

На корисникот на паричен надоместок за телесно оштетување во случај на влошување на постојното телесно оштетување или нов случај на телесно оштетување, му се определува паричен надоместок според новиот, односно вкупниот процент на телесно оштетување.

Годишен Одмор-сите права и обврски

Вработеното лице има право на платен годишен одмор.

Платениот годишен одмор изнесува најмалку 20 работни дена. Со КД на ниво на гранка, односно дејност, КД на ниво на работодавач или со договор за вработување, годишниот одмор може да се продолжи до 26 работни дена.  Во Колективните договори на ниво на гранка, односно дејнoст, во КД на ниво на работодавач и во договорот за вработување се утврдени критериуми за определување на должината на годишниот одмор над минимумот од 20 работни дена, и тоа: должината на работното искуство, сложеноста на работните задачи, здравствената состојба на вработеното лице (инвалид на трудот или работник со преостаната работна способност согласно соодветна документација доставена до работодавачот), условите за работа, работник помлад од 18 години.

Доколку се надмине максимумот по основ на наведените критериуми, работникот има право на годишен одмор само до 26 работни дена. Должината на годишниот одмор, стекната по основ на здравствена состојба на вработеното лице и вработено лице помладо од 18 години, може да изнесува и повеќе од 26 работни дена.

Вработеното лице има можност годишниот одмор да го користи во повеќе делови во договор со работодавачот, но еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работодавачот има законска обврска да му обезбеди на вработеното лице искористување 12 работни дена годишен одмор до крајот на календарската година, а другите неискористени денови да може да се користат до 30 јуни наредната година. Доколку вработеното лице поради одредени лични, сејмени причини (боледување, или повреда, породилно отсуство или нега и чување дете) не можел објективно да го искористи годишниот одмор од календарската година во целост, ова право се префрла за наредната година, но само до 30 јуни.

Со колективен договор на ниво на работодавач може да се регулира ова право, за вработено лице што работи во странство да може да го користи годишниот одмор во целост до крајот на идната календарска година.

Вработеното лице по правило треба да го користи правото на годишен одмор кај работодавач кај кого го стекнал правото. Во случај на престанок на работниот однос, работодавачот е должен да му издаде потврда на работникот за искористен годишен одмор во тековната година.

Работникот има право на надоместок на неискористените денови од годишниот одмор, пред престанок на работниот однос, само доколку тој претходно побарал користење на одморот, а не му било овозможено да го користи, а работниот однос му престанал, но не по негова вина или волја. Со исплатата на паричниот надоместок по основ на неискористени денови од годишен одмор, се смета дека работникот целосно го искористил годишниот одмор.

Пожелно е работодавачот благовремено да подготви план за временскиот период кога вработените ќе ги користат деновите од годишниот одмор и притоа да ги извести. При подготовката на планот потребно е да се има предвид непрекинатото одвивање на работниот процес, можностите за одмор и рекреација, како и личните и сејмените обврски на вработените. Вработеното лице има право да побара да користи 2 дена годишен одмор, денови што самиот ги определува (по потреба), но има обврска 3 дена претходно писмено да го извести работодавачот, без да дава образложение зошто му требаат тие денови.

 

Работодавачот е должен на вработеното лице задолжително да му издаде решение за користење годишен одмор, во кое се утврдува колку денови работникот има право на годишен одмор, начинот на негово користење и во кој временски период работникот ќе го користи одморот. Доколку вработеното лице не добие решение, треба писмено да се обрати до работодавачот да му издаде решение.

Во пресметувањето на времетраењето на годишниот одмор не се пресметуваат празниците што се утврдени со закон, саботите, неделите, случаите на оправдано отсуство.

Во текот на користење на годишниот одмор може да се случат и некои состојби од личен семеен карактер што се сметаат за оправдано отсуство и тоа е платено отсуство: смрт на член на семејството, раѓање на дете (само за таткото), склучување брак. Деновите на платен одмор по овие основи се утврдени со колективен договор, но не може да изнесуваат повеќе од 7 работни дена.

Истото важи и за боледување, кога во текот на користење годишен одмор вработениот поради нарушена здравствена состојба користи боледување, годишниот одмор се прекинува и за тоа треба писмено да го извести работодавачот.

Како ден од годишен одмор се смета секој работен ден што е според распоредот на работното време кај работодавачот за конкретниот работник, одреден како работен ден. Односно, ако во неделата работникот има 4 работни дена и три слободни, во годишен одмор се пресметуваат само 4 работни дена.

Одмор за лица со скратено работно време:

Вработеното лице што е пријавено дека работи со скратено работно време има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена.

 

Одмор за лица кои прв пат се вработуваат:

Лице, кое првпат заснова работен однос, се стекнува со право на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци работа кај ист работодавач (без оглед дали работникот работи полно или пократко од полното работно време).

 

Право на пропорционален дел од годишниот одмор

Работникот има право на користење пропорционален годишен одмор во вкупен износ од по 2 дена за секој месец работа, доколку во календарската година во која склучил работен однос не се стекнал со право на целосен годишен одмор, или му престанал работниот однос пред изминување на рокот, по истекувањето на кој би стекнал право на целосен годишен одмор.

 

Колку добро ги познаваме правата на работникот ? Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно

Работата со полно работно време во нашата земја е 40 часа неделно, освен ако со закон поинаку не е предвидено. Дилемите и неправилностите, обично се јавуваат кога се бара работник за работа од 6 дена во неделата, осум часа. Кога сè ќе се додаде, тоа се 48 часа работа, дали е тоа дозволено?

Времето за работа е дефинирано со закон за работни односи како „период во кој работникот е должен, односно е достапен да изврши работа според налозите на работодавачот, на местото каде што се извршува истата, во согласност со законот“

Работата со полно работно време во нашата земја е 40 часа неделно, освен ако со закон поинаку не е предвидено. Дилемите и неправилностите, обично се јавуваат кога се бара работник за работа од 6 дена во неделата, осум часа. Кога сè ќе се додаде, тоа се 48 часа работа, дали е тоа дозволено?

Со закон, или со колективен договор може да се определи за работните места, кај кои постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно.

Честопати, самата плата веќе вклучува „прекувремена работа“ и обично оние кои работат шест дена во неделата, на пример во малопродажба, работат од шест до седум часа на ден. Она што лути многу работници е начинот на кој домашните компании составуваат огласи за вработување:

„Ние нудиме редовна, стимулативна заработка, регистрација од првиот ден, платена прекувремена работа, услови за напредување, пријатно опкружување…”.

Од друга страна, има минимум работни часови што мора да се исполнат. Општиот акт може да предвиди работа со полно работно време да биде пократка од 40 часа неделно, но не пократка од 36 часа . Во тој случај, работникот ги остварува сите права од работниот однос, како да работи со полно работно време.

Во времето на пандемијата, границите на работното време станаа уште „нејасни“, бидејќи повеќето луѓе работеа од дома, додека некои компании го воведоа следното правило: дел од колективот доаѓа на работа една недела, а другиот дел - друга недела. Ова значи дека вработените работат практично две недели месечно, осум часа, што може да се оцени како „виша сила“.

„Долгото работно време е причина за 745.000 смртни случаи од мозочен удар и исхемично срцево заболување во 2016 година, според процените на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) објавени денеска. СЗО и МОТ проценуваат дека во 2016 година 398.000 луѓе починале од мозочен удар и 347.000 од срцеви заболувања поради тоа што работеле најмалку 55 часа неделно. Помеѓу 2000 и 2016 година, бројот на смртни случаи од срцеви заболувања поради долго работно време се зголемил за 42 проценти, а од мозочен удар за 19 проценти.“

Измена на договорот за вработување? Ова треба да знаете

Бидете добро запознаени со вашите права.

Секоја измена на договорот за вработување може да биде предложена од двете страни на договорот, односно и од страна на работодавачот или од страна на работникот.

Во членот 28-а од Законот за работни односи стои дека измените на договорот за вработување се вршат со анекс на договорот за вработување.

Анексот на договорот за вработување се склучува во иста форма како и договорот за вработување, согласно законот.

ВАЖНО: Измените на договорот за вработување можат да бидат извршени ако и двете страни се договорат за истото!

За работа на празник ви следува празнична дневница

Ако работодавачот не ви ја исплати, може да добие казна до 4.000 евра!

Согласно Законот за празници утре , е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија 

Сепак, голем дел од вработените во приватниот сектор, а пред се во маркетите  и денес се на своите работни места како и вообичаено.

Впрочем, истото се случува и за време на останатите државните празници кои се прогласени за неработни денови со закон.

Во случај работодавачот да наложи денес да бидете на работа или за време на друг државен празник, должен е тоа да го пријави во Државен инспекторат за труд и да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

 

Право на паричен надоместок во случај на болест

Секој работник има право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда, како и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, под услов ако се работи за осигурено лице кое има засновано постојан работен однос.

Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда можат да остварат осигурениците , во случај на:

1. Болест и повреда надвор од работа;

2. Повреда на работа и професионална болест;

3. Лекување и медицинско испитување

4. Негување на болно дете до тригодишна возраст;

5. Негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена;

6. Неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење;

7. Неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена;

8. Доброволно давање на крв, ткиво или орган и

9. Изолираност заради спречување на зараза.

Надоместокот на плата во случаите погоре  припаѓа од првиот ден на спреченост за работа и трае цело време додека трае спреченост за работа, а се исплатува за деновите за кои се остварува плата според прописите за работни односи.

Услови за остварување на правото на надоместок на плата

Вработените можат да остварат право на надоместок на плата ако се исполнети следните услови за остварување на правото на надоместок на плата согласно законските прописи, и тоа:

1. Ако здравственото осигурување по основ на работен однос траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на случајот, поради кое се стекнува правото;
2. Придонесот  за задолжително здравствено осигурување редовно да е уплатуван или со задолцнување од најмногу 60 дена и
3. Оценката за привремена спреченост од работа да ја дал избраниот лекар односно лекарската комисија на Фондот.

Исплата на надоместокот на плата

Надоместокот на плата за првите 21 ден спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавачот од своите средства.

Надоместокот на плата над 21 ден е на товар на средствата на задолжителното здравствено осигурување и го утврдува и исплатува Фондот за здравствено осигурување.

Од првиот ден на спреченост за работа, надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот ако се работи за нега на болно дете до тригодишна возраст, доброволно давање на крв, ткиво или орган и во случај на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство.

Висина на надоместокот на плата

Надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа поради повреда на работа и професионално заболување, за време на давање на ткиво, крв или орган, како и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата.

Во сите останати случаи надоместокот на плата на товар на средствата на Фондот изнесува 85% од утврдената основица.

5 обврски што секој работодавач мора да ги почитува

Според Законот за работни односи постојат неколку обврски што секој работодавач ги има кон својот вработен и истите тие треба да ги почитува.

Според Законот за работни односи постојат неколку обврски што секој работодавач ги има кон својот вработен и истите тие треба да ги почитува.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА РАБОТА

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди работа, за којашто страните се договориле во договорот за вработување.

ОБВРСКА НА ПЛАЌАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТАТА

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди соодветно плаќање за вршењето на работата.

ОБВРСКА НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНИ РАБОТНИ УСЛОВИ

Работодавачот мора да обезбеди услови за безбедност на животот и здравјето на работниците во согласност со посебните прописи за здравје и безбедност при работа и да ги преземе неопходните мерки со кои се гарантира дека на секој работник му е дадена доволна обука соодветна на посебните карактеристики на работата, водејќи сметка за неговата стручна подготовка и искуство.

ОБВРСКА ЗА ШТИТЕЊЕ НА ЛИЧНОСТА НА РАБОТНИКОТ

Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА РАБОТНИКОТ

Личните податоци на работниците можат да се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само ако е тоа определено со ЗРО или со друг закон или ако е тоа потребно заради остварување на правата и обврските од работниот однос или во врска со работниот однос.

Права на практикантот за време на праксата

Доколку не сте во работен однос, не сте постари од 34 години и имате завршено минимум основно образование, ги исполнувате правата за да бидете практикант во одредена компанија или институција.

Правата и обврските помеѓу практикантот и работодавачот се регулираат со договор за практикантска работа. Работодавачот е должен да го склучи договорот за практикантска работа со практикантот во писмена форма и истиот треба да биде потпишан од двете страни, пред започнувањето на практикантската работа.

Во случај праксата да се однесува за лице помладо од 18 години, договорот за практикантство го потпишуваат практикантот, неговиот родител/старател и работодавачот.

Периодот на траење на практикантската работа кај еден работодавач може да изнесува до шест месеци, а кај ист работодавач практикантската работа може да се врши само еднаш од едно исто лице.

Права на практикантот

Практикантот, пред започнување на практикантската работа треба да се информира за правата за време на вршењето на практикантската работа, и тоа:

  • во писмена форма да го добие описот на целите, задачите и процесот на практикантство, пред да го склучи договорот за практикантска работа;
  • да биде запознаен со условите за работа и опасностите поврзани со работата за време на практикантството, пред започнување на истото;
  • да биде запознаен со општите акти на работодавачот;
  • на дневен и неделен одмор исто како вработените кај работодавачот согласно со општите прописи за работните односи;
  • на платен одмор во траење од два работни дена месечно, доколку работи со полно работно време или еден работен ден месечно доколку работи со неполно работно време;
  • на надоместок за практикантска работа;
  • на надомест на трошоци за службени патувања и други надоместоци кои настанале за потребите на вршење на практикантската работа.

Надоместок за практикантска работа

Практикантот за време на практикантската работа кај работодавачот има право на месечен надомест кој се исплаќа од страна на работодавачот.

Висината на месечниот надоместок се утврдува во нето износ за полно работно време во зависност од времетраењето на периодот на практикантската работа и тоа:

  • од 42% до 74% од минималната нето плата, утврдена согласно со закон, за практикантска работа до три месеци и
  • во висина на минималната нето плата утврдена согласно со закон, за практикантска работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.

Доколку практикантската работа, согласно договорот за практикантска работа, се реализира во период пократок од полното работно време, надоместокот за практикантската работа ќе се пресметува пропорционално на времето поминато на практикантска работа.

Во случај на отсуство од работа по кој било основ, освен одмор за време на работа и празници утврдени со закон, надоместокот се исплаќа пропорционално на времето поминато на практикантска работа.

Надоместокот за практикантска работа на практикантот, работодавачот е должен да го исплати најдоцна до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец.

Слободни денови што ви следуваат по закон, а не се државни празници

Работникот има право на платен одмор заради склучување на брак, раѓање на дете, што се однесува на таткото, или смрт на близок роднина, до седум работни дена.

Доколку правите свадба ви следуваат три слободни денови, а доколку сте станале татко, тогаш добивате два дена според закон. Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.

Работникот има право на платен одмор заради склучување на брак, раѓање на дете, што се однесува на таткото, или смрт на близок роднина, до седум работни дена.

Ова е табелата за според општиот колективен договор.

– за склучување на брак…………………………….. 3 дена
– за склучување брак на дете……………………… 2 дена
– за раѓање или посвојување дете……………….. 2 дена
– за смрт на сопружник или дете………………… 5 дена
– за смрт на родител, брат, сестра……………….2 дена
– за смрт на родител на сопружник…………….. 2 дена
– за смрт на дедо или баба…………………………… 1 ден
– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена
– за елементарни непогоди до……………………. 3 дена

Исто така, работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои што се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот. Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување.

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон, пишува Правдико.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв, а слободни денови следуваат и за работници кои се школуваат.

ЗРО: Законски ви следува 24 часовен неделен одмор

За време на дневното работно време работникот кој работи 6 часа и подолго од 6 часа има право на пауза во времетраење од 30 минути.

Членот 132 од Законот за работни односи го регулира делот со паузата за време на работното време. Според него, за време на дневното работно време работникот кој работи 6 часа и подолго од 6 часа има право на пауза во времетраење од 30 минути.

Работникот кој работи со пократко работно време, меѓутоа најмалку 4 часа дневно, има право на пауза во траење од 15 минути.

Должината на паузата во случај на нееднакво распоредување или времено прераспоредување на работното време се одредува пропорционално на должината на дневното работно време.

Паузата може да се одреди дури по 2 часа работа и најдоцна 3 часа пред крајот на работното време.

Според членот 133 работникот има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа.

Кога станува збор за неделениот одмор, работникот има право на истиот во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор од членот 133 погоре.

Ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата.

Ви доцни платата? Ова треба да го знаете

Работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата 3 месеца последователно, имаат право да...

Работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата 3 месеца последователно, имаат право да покренат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот, стои во членот 67 од Законот за работни односи.

На работниците на кои, заради отворање на постапка за престанок на работодавачот, им престанува работниот однос во согласност со закон, им се обезбедува и право на исплата на:

1 – нето плати, придонеси од плата за пензинско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните 3 месеца пред отворањето на постапката за престанок на работодавачот;

2 – обештетување за повредите при работа, коишто работникот ги претрпел кај работодавачот, како и за професионални заболувања;

3 – неисплатен надоместок на плата за времетраењето на неискористениот годишен одмор за тековната календарска година;

Ова се вашите права: Важно за сите што работат ноќна смена

Како ноќна работа според Законот за работни односи се смета работењето во периoдот помеѓу 22:00 и 06:00 часот наредниот ден.

Како ноќна работа според Законот за работни односи се смета работењето во периoдот помеѓу 22:00 и 06:00 часот наредниот ден.

Според член 128 работниците кои работат ноќно време ги имаат следниве права:

1. Работникот кој работи ноќе барем 3 часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.

2. Ако на работникот заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото работење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.

3. Работодавачот, на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди:

- подолг одмор

- соодветна храна

- стручно раководство на работниот, односно производниот процес

- лекарски прегледи, пред нивно анагажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон

4. Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците.

5. Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз од и до работа.

Доколку работникот работи на позиција каде постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, работното време не смее да трае повеќе од 8 часа дневно.

Дали имате право на К-15 ако сте вработени на определено време?

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година.

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.

Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годиешн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена гоидшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.

Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.

За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Имате неискористени денови од стар одмор? Еве која е вашата законска обврска

Секој работник има право од платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи најмногу до 26 дена.

Тоа значи дека иако во договорот за вработување не е внесена посебна клаузула за годишен одмор, според важечките Колективни договори и за приватниот и за јавниот сектор кои се однесуваат на сите компании, независно дали се или не се негови потписници   законскиот минимум  за годишен одмор е 20 работни дена, а  максимумот е 26 работни дена.

Повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор. Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење на годишен одмор.

Годишен одмор со скратено работно време  

Работникот кој е пријавен со скратено работно време има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена

Користење на годишниот одмор 

Според Законот годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работодавачот е должен  на  работникот да  му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година. Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска  година заради отсутност поради боледување или  повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни  идната  календарска  година.

Исто така работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три работни дена пред користењето

Во годишен одмор не се пресметуваат:

Како други случаи на оправдано отсуство од работа што не се пресметуваат во годишен одмор се и деновите на платено отсуство (поради смртен случај, полагање на стручен испит за потребите на работодавачот, елементарни несреќи и сл.) , како и неплатено отсуство до три месеци во календарската година ( селидба и други приватни потреби).

Доколку се случи боледување за време на годишниот одмор работникот нема право да го продолжи одморот. Според ЗРО како ден на годишен одмор се смета секој ден на конкретниот работник одреден според распоредот на работното време кај работодавачот. Со други зборови ако во неделата работникот има 4 работни дена и три слободни  во годишниот одмор се пресметуваат само 4 работни дена неделно.

Право на цел годишен одмор

Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач)  се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување,  кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Префрлување на цел одмор

Доколку во календарска година работникот не бил во можност да го искористи одморот за таа година поради: боледување или повреда, породилно отсуство или нега и чување на дете – може неискористениот одмор целосно да го искористи во наредната година, но само до 30 јуни.

Не ви даваат одмор од работа? Прочитајте ги вашите права!

На секој работник законски му следат од 20 до 26 работни дена платен годишен одмор!

Според чл.137ст.1и 2 од ЗРО е утврдено дека работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи до 26 работни дена.

Во чл.138 од ЗРО се нагласува дека траењето на годишниот одмор во секој одделен случај се определува според времето поминато  во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективен договор.

ЗРО предвидува можност годишниот одмор да се користи во два дела со тоа што првиот мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни наредната година.

Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за право на користење на годишен одмор.

Императивниот карактер на одредбите со кои е уреден годишниот одмор го потврдуваат и прекршочните одредби од ЗРО (чл.264 ст.1 т.15, ст.2и 3), со кои е предвидена прекршочна одговорност на работодавачот ако на работникот
а) не му обезбеди годишен одмор во согласност со ЗРО и
б) не издаде решение за годишен одмор.

Па согласно ова, доколку вашиот работодавач не ги почитува одредбите од законот, може да се обратите до државниот трудов инспекторат и да побарате заштита на ова Ваше право.

Исто така во чл.145 ст.1 од ЗРО е предвидено дека Работникот по престанувањето на работниот однос по кој било основ има право на обесштетување за неискористениот годишен одмор.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more