Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

Prestanak radnog odnosa

Што треба да направите за да останете на работа доколку не сакате да одите во пензија

Доколку работникот се чуствува способен за работа, и неговото работно место нема поголем физички напор, со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст доколку со закон поинаку не е утврдено.

Во ваков случај работодавачот има обврска да го продолжи договорот до возраста за која работникот бара продолжување. На овој начин се овозможува на работникот да остане подолго на работа, секако доколку самиот оцени дека може да го продолжи својот работен век. Но истовремено се определува и временскиот период во кој треба да се даде писмената изјава од страна на работникот за продолжување на договорот за вработување.

Писмената изјава, работникот ја дава најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината во која ги исполнува условите, За секое натамошно продолжување на договорот за вработување, изјавата ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината за која се бара продолжување на договорот за вработување

Работодавачот е должен по дадената изјава  да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст

Лани во Македонија  шест илјади граѓани над 64 години возраст согласно важечкото законско решение продолжиле да работат, наместо да одат во пензија и на нивно место да дојдат млади и компетентни кадри. Новото законско решение кое требаше да биде донесено предвидува продолжувањето до 67 години единствено да важи во здравството и во високото образование ако има недостиг од кадар.

За пензионирањето во приватниот сектор  е предмет на договор меѓу работник и работодавец. Доколку во реалниот сектор некој работодавец има потреба, работникот може да ја стави во мирување својата пензија и да биде ангажиран доколку сака. 

Што е отказен рок?

Добивте или дадовте отказ од работа? Не заборавајте на отказниот рок, којшто е детерминиран и предвиден во Законот за работни односи.

Добивте или дадовте отказ од работа? Не заборавајте на отказниот рок, којшто е детерминиран и предвиден во Законот за работни односи.

Според членот 88 од овој закон, ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец. Со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде договорен подолг отказен рок, меѓутоа не подолг од три месеци.

Од друга страна, доколку работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници, отказниот рок е еден месец, а два месеца во случај на престанок на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број на работници кај работодавачот пред престанок на работниот однос.

Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на работник на сезонска работа, тогаш отказниот рок е седум работни дена.

Отказниот рок, според законот, започнува да тече наредниот ден од денот по врачување на одлуката за отказ на договорот за вработување.

Законодавецот предвидел и дека работодавачот и работникот можат да се договорат за паричен надоместок наместо отказен рок. Ако е постигнат договор за паричен надоместок наместо отказен рок, работодавачот е должен паричниот надоместок на работникот за целиот отказен рок да му го исплати со доставување на отказот, со денот на престанокот на работниот однос.

За време на отказниот рок, работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела заради барање на ново вработување. За тоа време, работникот има право на надоместок на плата, согласно колективниот договор.

извор: biznisinfo.mk

Право на паричен надомест за време на невработеност

Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Време за кое се исплатува паричниот надоместок

Ако стажот на осигурување изнесува

Паричниот надоместок се исплатува за време од

над

до

(изразено во број на месеци)

18 месеци

2,5 години

2 месеци

2,5 години

5 години

3 месеци

5 години

7,5 години

4 месеци

7,5 години

10 години

5 месеци

10 години

12,5 години

6 месеци

12,5 години

15 години

7 месеци

15 години

17,5 години

8 месеци

17,5 години

20 години

9 месеци

20 години

22,5 години

10 месеци

22,5 години

25 години

11 месеци

25 години

 

12 месеци

Невработеното лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија, паричниот надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настанувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок. Значи, невработеното лице кое има над 60 години и 6 месеци возраст (жена), односно 62 години и 6 месеци возраст (маж) и над 15 години стаж на осигурување, паричниот надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настапувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок, (за овие невработени лица не се плаќа придонес за пензиско и инвалидско осигурување).

Висина на паричниот надоместок

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеца, а за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца, а за преостанатото време 40% од просечната месечна нето плата.

Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена за последниот месец.

Барање за паричен надоместок

Барањето се поднесува во Центарот за вработување во местото на живеење на невработеното лице, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Доколку барањето се поднесе по истекот на рокот, паричниот надоместок се исплатува од денот на поднесувањето на барањето за преостанатиот период.

Паричен надоместок не се исплатува доколку барањето е поднесено по истекот на времето за кое следува истиот.

Кој не може да оствари право на паричен надоместок

Невработеното лице на кое работниот однос му престанал поради:
-    давање писмена изјава за престанок на работниот однос (освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак);
-    спогодбен престанок на работен однос;
-    остварува права од работен однос спротивно на закон;
-    престанок на работен однос по сила на закон (освен во случај на престанок на правното лице поради стечај);
-    отказ од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина;
-    одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон;
-    одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец;
-    одбивање обука, преквалификација или доквалификација;
-    губење на работната способност, согласно прописите за пензиското и инвалидското осигурување и
-    исполнување услови за остварување право на пензија.

Невработеното лице нема да може да оствари право на паричен надоместок, а доколку е корисник на паричен надоместок, ова право ќе му престане доколку:
-    основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице;
-    врши занаетчиска, односно професионална дејност.

3 причини поради кои можете да добиете отказ

Според член 76 од ЗРО работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување поради три причини.

Според член 76 од Законот за работни односи, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, кога не е можно продолжување на работниот однос, ако:

1. Работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (лична причина) или

2. Работникот ги крши договорните обврски или други обврски од работниот однос (причина на вина) и

3. Престане потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини).

Важно да се знае: За време на отказниот рок имате право на отсуство од 4 часа неделно

Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во законскиот или договорно определениот отказен рок. Отказниот рок започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување.

Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во законскиот или договорно определениот отказен рок. Отказниот рок започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување.

Работодавачот и работникот можат да се договорат за паричен надоместок наместо отказен рок. Според член 90 од Законот за работни односи, ако е постигнат договор за паричен надоместок наместо отказен рок работодавачот е должен паричниот надоместок на работникот за целиот отказен рок да му го исплати со доставувањето на отказот, со денот на престанокот на работниот однос.

За време на отказниот рок, работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од 4 часа во текот на работната недела заради барање на ново вработување, стои во членот 92 од ЗРО.

За време на отсуството од работа работникот има право на надоместок на плата, согласно со колективен договор.

5 причини поради кои не смеете да добиете отказ

Бидете запознаени со вашите права!

Според членот 77 од Законот за работни односи како неосновани причини за откажување на договорот за вработување се:

  1. Членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласнот со закон и колективен договор
  2. Поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи
  3. Одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатеното родителско отсуство
  4. Користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор
  5. Отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба

Како неосновани причини може да бидат и други случаи на мирување на договорт за вработување утврдени со ЗРО.

6 причини поради кои не смее да добиете отказ

Работници, знајте си ги вашите права!

Работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана со однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот) или ако причината е заснована на потребите на функционирање на работодавачот (деловна причина).

Доколку работодавачот го откажува договорот за вработување, должен е да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истата да ја наведе во образложението.

Неосновани причини за отказ

  1. Членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор;
  2. Поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи;
  3. Одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатеното родителско отсуство;
  4. Користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 
  5. Отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и
  6. Други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more