Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

Aktualno

12-те најдобрите работни места за 2025

Ова се работните места кои во 2025 година ќе бидат најплатени и со најголема побарувачка во светот. Ако размислувате да барате работа во странство, започнете со нив.

Повеќето од овие работни места се платени повеќе од 100.000 долари годишно, некои се отпорни на рецесија, некои не бараат диплома, а некои дозволуваат работа од дома, објавува CareerFitter. Тие издвојуваат 12 области со најголема можност за вработување во 2025 година.

1. Менаџери за ИТ

Просечна плата: 169.510 долари

Како дел од тимот за ИТ, вашата задача ќе биде решавање на проблемите кои ги доживуваат вработените кога нивните компјутери „заглавуваат“. Менаџерите за компјутерски и информациски системи (ИТ менаџери) се задолжени за планирање и надгледување на технолошките потреби на компанијата.

Големиот број нови вработувања и високата плата ја прават оваа кариера најатрактивна. За успех на оваа позиција се бараат лидерски вештини, организираност, комуникациски способности, решавање проблеми и управување со времето.

2. Финансиски менаџери

Просечна плата: 156.100 долари

Ако сте добри со бројки и имате страст за анализа на финансиски информации и управување со инвестиции, оваа кариера е вистинскиот избор за вас.

Финансиските менаџери се одговорни за здравјето на финансискиот систем на организацијата, изготвување финансиски извештаи и долгорочно економско планирање.

3. Програмери на софтвер

Просечна плата: 132.270 долари

Софтверската индустрија постојано расте, а платата за оваа професија е значителна. Работата вклучува развој на дигитални производи и често нуди можност за флексибилна работа од дома.

4. Медицински сестри

Просечна плата: 126.260 долари

Медицинските сестри се клучни за здравствениот систем и исто така имаат голем потенцијал за високи приходи. Напредните медицински сестри можат да обезбедуваат и специјализирани здравствени услуги.

5. Менаџери за медицински и здравствени услуги

Просечна плата: 110.680 долари

Доколку сакате работа во здравствениот сектор, но не сакате да работите директно со пациенти, оваа позиција може да биде идеална за вас. Главната задача е управување со деловните аспекти на здравствените установи.

6. Генерални и оперативни менаџери

Просечна плата: 101.280 долари

Овие менаџери се одговорни за секојдневните операции во организацијата. Позицијата бара добри организациски и лидерски вештини.

7. Аналитичари за менаџмент

Просечна плата: 99.410 долари

Аналитичарите за менаџмент идентификуваат проблеми во работните процеси и предлагаат решенија за подобрување. Оваа позиција бара аналитички и комуникациски вештини.

8. Регистрирани медицински сестри

Просечна плата: 86.070 долари

Пандемијата ја истакна важноста на медицинските сестри, а оваа професија останува една од најпотребните и најценетите.

9. Сметководители и ревизори

Просечна плата: 79.880 долари годишно

Сметководителите и ревизорите се „детективи за бројки“ кои се грижат за финансиското здравје на компаниите. Покрај составувањето извештаи и водењето на финансиските книги, тие ги советуваат компаниите како најдобро да ги инвестираат своите средства. Сертификатите како CPA (Certified Public Accountant) можат значително да ги зголемат шансите за вработување и висината на платата.

10. Електричари

Просечна плата: 61.590 долари годишно

Електричарите се незаменливи за модерниот свет. Тие обезбедуваат правилна инсталација и одржување на електричните системи, следејќи ги строгите безбедносни стандарди. Оваа професија бара посветеност, практични вештини и лиценца за работа, што гарантира професионализам и квалитет.

11. Возачи на тешки возила и камиони со приколка

Просечна плата: 54.320 долари годишно

Овие возачи го движат тркалото на економијата, обезбедувајќи транспорт на стоки низ земјата. Кариерата е идеална за љубителите на патувања и независна работа. Со купување сопствен камион, возачите можат да ги зголемат своите приходи, но истовремено се соочуваат со предизвици како одржување и осигурување.

12. Советници за злоупотреба на супстанци, нарушувања во однесувањето и ментално здравје

Просечна плата: 53.710 долари годишно

Овие професионалци нудат поддршка на лица со ментални нарушувања, зависности и проблеми со однесувањето. Работата бара емпатија, разбирање и способност за градење на доверба. Минимум барање е диплома во областа на психологија или социјална работа, а често се потребни и дополнителни лиценци или сертификати.

Извор: trn.mk

Во кои земји работниците се најдобро платени?

Платите значително се разликуваат од земја до земја во рамките на ЕУ и земјите што се дел од единствениот пазар. Во 2023 година просечната годишна плата на вработените во Европа била 33.500 евра. Највисоки плати имало во Швајцарија, а најниски во Бугарија. Еве како изгледаше во 2024 година.

Лани Швајцарците имаа највисоки плати. Просечната нето плата по оданочување е 5.542 евра месечно. Главните сектори на економијата се банкарството, трговијата, производството, инженерството, фармацевтските производи, храната, текстилот и хемикалиите.

Швајцарија има прилично висок БДП по глава на жител, добро развиена инфраструктура и одлични можности за кариера, особено за оние кои ги зборуваат официјалните јазици на земјата: германски, француски, италијански. Има и добро развиен услужен сектор со голем број хотели и ресторани за туристи.

Луксембург е на второ место според платите. Банкарскиот сектор, индустријата и производството на челик играат голема улога овде. Финансискиот сектор е добро развиен, со повеќе од 200 банки и 1.000 инвестициски фондови.

Просечната нето плата во Луксембург е околу 4.358 евра месечно, а можностите за кариера привлекуваат многу висококвалификувани професионалци од целиот свет, пишува visitworld.today.

Која е минималната плата во Европа во 2024 година?

Во Полска минималната плата се движи од 399 до 840 евра месечно, додека во Луксембург таа бројка е 2.387 евра.

Европските земји се поделени во три групи според висината на минималната плата, пишува Visitworld.today.

Во некои земји, луѓето заработуваат меѓу 887 и 1.304 евра месечно (припаѓаат во втората група), додека во други земји, тие можат да заработат повеќе од 1.700 евра месечно (третата група). Најниската минимална плата во Европа од 399 евра е речиси 7 пати помала од највисоката во Луксембург (2.387 евра).

Извештајот Europa Jobs дава ажурирани податоци за минималните плати во различни земји на ЕУ во 2023 година.

1. Бугарија: 399 евра;

2. Унгарија: 579 евра;

3. Романија: 606 евра;

4. Латвија: 620 евра;

5. Хрватска: 700 евра;

6. Словачка: 700 евра;

7. Чешка: 717 евра;

8. Естонија: 725 евра;

9. Полска: 746 евра;

10. Малта: 835 евра;

11. Литванија: 840 евра.

Група 2:

1. Португалија: 887 евра;

2. Шпанија: 1.167 евра;

3. Словенија: 1.304 евра.

Група 3:

1. Франција: 1.709 евра;

2. Ирска: 1.910 евра;

3. Холандија: 1.934 евра;

4. Белгија: 1.955 евра;

5. Германија: 1.981 евра;

6. Луксембург: 2.387 евра.

Споредба на европските земји по ниво на плата во 2024 година

Земјите со најниски годишни плати се:

1. Бугарија: 10.300 евра

2. Унгарија: 12.620 евра

3. Романија: 13.000 евра

4. Полска: 14.430 евра

5. Грција: 15.880 евра;

6. Словачка: 16.160 евра

7. Хрватска: 16.170 евра

8. Чешка: 18.710 евра

9. Португалија: 19.300 евра

Луксембург се издвојува меѓу земјите на ЕУ по високата просечна годишна плата, што го прави најбогатата земја во Европа. Данска и Ирска се познати и по високите годишни плати: 63.260 евра и 50.350 евра, соодветно.

Во Белгија, Австрија и Шведска просечната годишна плата се движи од 48.720 до 46.930 евра. Во Германија, Финска и Франција овие бројки се 44.440 евра, 43.190 евра и 40.130 евра.

ТОП 3 најдобри земји за живеење и работа

Норвешка, Швајцарија и Холандија се рангирани како најдобри земји за живеење и работа. Норвешка е на прво место како земја која поставува високи стандарди за задоволство на вработените и рамнотежа помеѓу работата и животот.

Швајцарија е позната како најсреќната земја за работа во светот, која нуди одлични услови за работа и висок квалитет на живот. Со просечна работна недела од 32 часа, обезбедува одлична рамнотежа помеѓу работата и животот, пишува Visitworldtoday.

Извор: nezavisen.mk

Колку пари во просек имаат Германците на нивните сметки?!

Според истражувањето на Deutsche Bank од 2023 година, лицата на возраст од 16 до 24 години во Германија имале во просек 1.400 евра на тековна сметка, додека лицата на возраст од 25 до 34 години веќе имале 2.200 евра.

Состојбата на сметката за лицата од 35 до 44 години изнесувала 2.600 евра, а за лицата од 45 до 54 години 3.300 евра, пишуваат германските медиуми.

Кај групата од 55 до 64 години, салдото изнесувало 3.100 евра, а кај постарите од 75 години – 4.200 евра, пренесува списанието Fenix. Меѓутоа, ова се само просечни вредности.

Утврдените просечни вредности не даваат информации за имотот на поединецот, бидејќи многумина имаат само средства на тековната сметка за итни случаи, додека дополнителната заштеда ја чуваат на орочена или штедна сметка. Други ја вложуваат својата заштеда во акции или друга сопственост.

И токму во тоа е поентата зошто на тековната сметка може да има „премногу“ пари. Парите на тековната сметка не носат дополнителен профит.

„Македонија пат“ со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта

Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, „Македонија пат", со целокупната механизација и работна сила е ангажирано на терен за континуирано расчистување на државните патишта. На располагање се ставени и компании кои соработуваат со ЈП "Македонија пат", кои активно учествуваат во процесот на расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за сообраќај во зимски услови, со посебен акцент на задолжителното поседување зимска опрема за возилата. Дополнително, возачите се предупредуваат внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ги следат препораките од сообраќајните служби.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови, со местимичен снег на коловозот. Во овој контекст, Министерството ги повикува граѓаните да ги следат временските прогнози и навремено да се информираат за условите на патиштата, особено оние кои планираат да патуваат.

Извор: skopjeinfo.mk

Вклучен портокаловиот аларм: Следната недела и до минус 10

Со врнежите од снег се очекува значително опаѓање на температурите. Во среда, наредната недела, ќе биде најстудено, со минимални температури кои ќе достигнат до -10°C.

Со врнежите од снег се очекува значително опаѓање на температурите. Во среда, наредната недела, ќе биде најстудено, со минимални температури кои ќе достигнат до -10°C.

Циклонско влијание носи снег и ниски температури

Македонија е под влијание на циклон од север, што донесува снег и на повисоките и на пониските места. Најобилни врнежи се очекуваат во северозападните региони, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Прогноза и температури

Со врнежите од снег се очекува значително опаѓање на температурите. Во среда, наредната недела, ќе биде најстудено, со минимални температури кои ќе достигнат до -10°C.

Извор: kurir.mk

Снежната радост стигна и во Скопје

Според прогнозата, снегот треба да паѓа во текот на целиот ден денеска, со мали прекини, а и во понеделник

Скопје виде снег – првпат зимава, а и по подолго време, главниот град се разбуди под снежна прекривка.

Снегот, кој од синоќа почна да паѓа во Скопје, ги прекри улиците, тревниците, дрвјата и покривите. Наликува на зимска бајка.

Одличен е и тајмингот! Викенд е, а повеќето деца, кои се останати дома, се израдуваа на белилото надвор. Побрзаа топло да се облечат, врзани со шалови, ракавици на рацете и разнобојни топли капи, со зацрвенети носиња, прават снешко. Закажуваат снежни борби со топки, а ги извадоа и санките од подрумите, па вешто бараат надолнина, каде може да се лизгаат.

Снегот не ги израдува само децата. Многу скопјани со носталгија се потсетија, на долгите снежни зими од минатото, кои сè поретко ги имаме. Лани, речиси воопшто да не падна снег, иако низ Македонија го имаше. Впрочем, како и годинава. Источните и западните планински делови на Македонија, веќе двапати беа под дебела снежна покривка, но на градовите во Повардарието, вклучително и Скопје, ова им е прв снег.

Снег има и во крајните југоисточни делови од земјата. Струмица и Демир Капија имаат мала снежна покривка, но радоста е голема. Снежно е и во Пробиштип и Прилеп, Битола и Берово, Тетово и Радовиш, Пехчево и Дебар…

Според прогнозата, снегот треба да паѓа во текот на целиот ден денеска, со мали прекини, а и во понеделник. Највата за пад на температурите значи дека снегот подолго ќе се задржи во главниот град, што ќе биде добро за прочистување на воздухот, но и на улиците. Снегот е добар и дрвцата, особено оние овошните, а секако и за почвата. 

Штом се стопи, ќе се наполнат и акумулациите, а Вардар матно, но полно, ќе потече по својот тек. 

Снежната покривка значи дека птиците не можат лесно да најдат храна. Затоа, бидете одговорни и милостиви, па ставете трошки или семиња на надворешниот дел од прозорците. Ако имате дворови, врзете неколку вреќички со семиња по гранките, или изработете хранилки во кои деновиве ќе ставате храна за врапчињата.

Снегот го отежна сообраќајот: Од изутрина е воведена забрана за тешки товарни возила на повеќе патишта низ цела Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.

Од 09.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, соопштија од Ј.П. Македонијапат.

Забрана за сообраќај од 08.05 часот е воведена за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека и Плетвар.

Од 07.25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Делчево – г.п. Делчево, а  забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона се воведува на ГП Делчево кон Бугарија.

Од АМСМ информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, додека тешките товарни возила од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај село Миравци, се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извпр: denesen.mk

Албанија станува новата топ дестинација за инвестиции во недвижнини во Европа

Албанија сè повеќе се издвојува како водечка дестинација за инвестиции во недвижнини во Европа. Според Balfin Real Estate, ова се должи на пониските трошоци, поволната локација и богатото културно наследство, кои ја прават земјата попривлечна од други европски дестинации.

Албанија сè повеќе се издвојува како водечка дестинација за инвестиции во недвижнини во Европа. Според Balfin Real Estate, ова се должи на пониските трошоци, поволната локација и богатото културно наследство, кои ја прават земјата попривлечна од други европски дестинации.

Цените на недвижностите во Албанија се релативно достапни, што создава уникатна можност за инвеститорите. Во споредба со популарните дестинации како Грција, Шпанија и Португалија, каде што цените драстично пораснаа, Албанија нуди пониски точки за влез, особено во крајбрежните области како Валона. Валона станува атрактивна благодарение на пристапните цени и близината до прекрасните плажи, чистото море и туристичките атракции.

Тирана, пак, доживува значителен раст во побарувачката за имоти за изнајмување. Цените за закуп во центарот на градот изнесуваат од 360 евра за еднособен стан до 660 евра за стан со три спални, додека цените на квадратен метар за купување се околу 1.750 евра во центарот и 920 евра надвор од него. Овој тренд е поттикнат од растечката популарност на Тирана како културен, образовен и технолошки центар, привлекувајќи млади професионалци и дигитални номади.

Според експертите, пазарот на недвижнини во Албанија продолжува да расте, поттикнат од економскиот напредок, странските инвестиции и стимулативните владини политики. Се очекува цените на недвижностите да се зголемат за 3 до 7 отсто во 2025 година. Дополнително, туристичкиот сектор значително придонесува за зголемената побарувачка за краткорочно изнајмување, создавајќи одлични можности за поврат на инвестициите.

Албанија успева да понуди идеален баланс меѓу традиционалниот шарм и модерниот урбан живот. Благодарение на својата стратегиска локација, природни убавини и конкурентни цени, земјата е сè попривлечна за меѓународните инвеститори кои бараат висока вредност за нивните вложувања.

Извор: faktor.mk

Единбург прв град во Шкотска што воведува туристичка такса, престојот ќе биде поскап за туристите

Единбург ќе стане првиот град во Шкотска што ќе воведе туристичка такса, откако шкотската влада им овозможи на локалните власти да воведуваат вакви давачки.

Единбург ќе стане првиот град во Шкотска што ќе воведе туристичка такса, откако шкотската влада им овозможи на локалните власти да воведуваат вакви давачки.

Градскиот совет на Единбург го одобри предлогот за "Такса за привремени посетители", која ќе се применува од 2026 година. Таксата ќе изнесува 5% од цената на сместувањето, а се очекува да донесe до 50 милиони фунти годишно за подобрување на градот. Сепак, дел од туристичките оператори стравуваат дека ова може да ги одврати туристите.

Таксата ќе важи за хотели, пансиони, хостели и Airbnb сместувања, со ограничување на седум последователни ноќевања. Ќе стапи на сила на 24 јули 2026 година, со преоден период за адаптација.

Собраните средства ќе се вложуваат во инфраструктурата, достапни домови, култура, настани и управување со дестинациите.

И покрај загриженоста дека ова ќе го направи Единбург помалку конкурентен, лидерот на градскиот совет изјави дека неколку фунти нема да ги одвратат туристите.

Извор: eupravozato.mondo.rs

Во следните 48 часа во Скопје ќе наврнат 26см снег

Во следните 48 часа се очекува да наврнат 26 см снежна прекривка.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи утре ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни.

„Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 0 степени“, велат од УХМР.

 
 
 

Бездржавјанството – проблем кој заслужува постојан мониторинг во име на заштита на основните човекови права

Во 2023 и 2024 година севкупно 900 лица кои претходно не биле евидентирани, се запишани во матичната книга на родени со што им заврши децениската битка да бидат евидентирани и да можат да ги остваруваат своите права, да работат и да придонесуваат за општеството. Но, сè уште има многу предизвици

Бездржавјанството, или состојба во која не си признаен како државјанин на ниедна држава, влијае на милиони лица низ светот. Лицата без државјанство често не можат да пристапат на најосновните права, вклучувајќи ја и можноста да одат на училиште, легално да работат, да пристапат до здравствени услуги, да стапат во брак или да го запишат раѓањето на своето дете.

Сето тоа влијае на општествен и личен план и им онезвоможува на луѓето кои немаат државјанство да ги остварат своите уставно загарантирани права бидејќи немааат никаков документ за идентификација. Кампањата на Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, која почна во 2014 година под слоганот #ЈасПрипаѓам, но и заложбата на дел од властите, почна да ги поместува границите од „неостварливо“ кон „можно“, па дури и кон „целосно остварливо“.

За среќа, Македонија ги заокружи 2023 и 2024 година со позитивни вести на овој план – во 2023 година над 400 лица добија извод од матичната книга на родените со што им заврши децениската битка да бидат евидентирани и да можат да ги остваруваат своите права, да работат и да придонесуваат за општеството. Во 2024 година, пак, уште 500 лица се запишани во матичната книга на родените.

Но, предизвици сѐ уште постојат.

МЗМП: Пружена е бесплатна правна помош на 5.738 лица без државјанство

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) обезбедува правна помош за лица без државјанство и лица изложени на ризик да останат без државјанство, со фокус на лица кои немаат запишано раѓање и лично име пред Управата за водење на матични книги при Министерството за правда.

Од започнувањето на проектот во партнерство со УНХЦР (2011 година) до денес МЗМП има обезбедено бесплатна правна помош на 5.738 лица без државјанство во постапките за запишување во матична книга на родните, признавање татковство, регулирање на престој и прием во државјанство. Тие исто така учествуваа и во изработка на измените на Законот за матична евиденција.

Целиот текст прочитајте го на: meta.mk

Како да се вратите во вашата работна рутина по празниците

Празниците се време на радост, релаксација и поминување време со семејството и пријателите, но враќањето на секојдневните обврски по новогодишните и божиќните прослави може да биде предизвик. По одреден период на релаксација, многумина се соочуваат со пад на мотивацијата, чувство на преоптоварување или потешкотии да го организираат своето време. За полесно да се вратите во рутина и да бидете продуктивни од самиот почеток, важно е да му пристапите на овој процес смислено и со јасен план.

Вообичаено е луѓето да се чувствуваат помалку продуктивни додека се прилагодуваат на редовниот работен распоред.

Но, не грижете се! Со внимателно планирање и позитивен став, можете да си ја вратите енергијата и силно да ја започнете новата година. Ајде да погледнеме пет клучни чекори кои ќе го олеснат преминот од одмор на работа:

Размислете и поставете јасни цели
Пред целосно да се посветите на работата, корисно е да се одморите и да погледнете наназад на годината што измина. Размислете за вашите професионални и лични достигнувања, како и за предизвиците со кои сте се соочиле. Овој одраз дава основа за поставување јасни цели за наредните месеци.

При поставување цели, важно е да се комбинираат краткорочните и долгорочните цели. Краткорочните цели обезбедуваат јасен фокус, додека долгорочните цели придонесуваат за чувство на цел. Оваа двојност помага да се балансираат непосредните приоритети и пошироката визија.

Поделете ги поголемите цели на помали, остварливи задачи. Ова ги прави помалку застрашувачки и ви овозможува да славите мали успеси, кои ве мотивираат да постигнете поголеми пресвртници.

Приоритети и организација
Ефикасното организирање на задачите е клучно за непречено преминување од одмор во режим на работа. Направете список со задачи за денот или неделата за визуелно да ги доловувате вашите задачи.

Рангирајте ги задачите по итност и важност, прво решавајќи ги најважните. Организирајте го и вашиот работен простор – средете го бирото, елиминирајте ги непотребните предмети и создадете средина што поттикнува фокусирање и продуктивност.

Постепено враќање на рутината
Враќањето на работа со полно работно време може да се чувствува како ненадеен скок во зафатеност. Наместо тоа, полека вратете се на редовната рутина, постепено преземајќи ги обврските.

Во првите неколку дена, фокусирајте се на помали задачи како одговарање на е-пошта и комуникација со колегите. Ова овозможува прилагодување на работните барања без преоптоварување.

Воведување техники за управување со времето
Користете техники како методот Помодоро. Ова стратегии помагаат ефикасно да се распредели времето и да се задржи фокусот.

Помодоро методот вклучува работа во интервали од 25 минути со кратки паузи.

Повторно поврзување со колегите
Враќањето во колегијална атмосфера е клучно за одржување на продуктивноста. Организирајте состаноци за да разговарате за целите на тимот и да ги споделите искуствата од одморот.

Оваа врска помага да се изгради заедница и поддршка, што го олеснува надминувањето на предизвиците за враќање на работа.

Преминот од режим на одмор во режим на работа бара внимателни чекори и позитивен став. Размислете за вашите цели, поставете приоритети, постепено вратете се на рутината, користете техники за управување со времето и повторно поврзете се со колегите за да ја освежите вашата продуктивност по празниците. Прифатете ја претстојната година со ентузијазам и одлучност и гледајте како вашиот обновен фокус носи успех и на личен и на професионален план.

„Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања“ – Грција ги заострува правилата за издавање

Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на станови на туристи, вклучително и забрана за користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.

Реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување според предложените измени, пренесува АП.

„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за употреба: просторите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација“, рече министерката за туризам Олга Кефалојани.

Неколку опозициски пратеници ја обвинија централно-десничарската влада дека ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите предизвикани од порастот на туризмот и повикаа на посеопфатни ограничувања на кириите.

„Дозволувате концентрација на краткорочни изнајмувања во области популарни кај туристите. Тоа драстично ги менува населбите и ги раселува постојаните жители“, изјави денеска во парламентот левичарската пратеничка Калиопи Вета.

Предлог-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување, се очекува да биде изгласан кон крајот на овој месец.

Пред една година Атина воведе забрана за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните области како Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.

Изнајмувањето за одмор помогна да се зајакне клучната туристичка индустрија во Грција, која сочинуваше 13 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2023 година, но исто така го зголеми притисокот врз трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.

Владата во Атина рече дека промените имаат за цел да ги балансираат придобивките од туризмот со достапноста на становите и да понудат даночни олеснувања за сопствениците на имот кои се откажуваат од краткорочните изнајмувања. Грција очекува приходите од туризмот да достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2025 година со проектирани 35 милиони туристи, според официјалните проценки.

Ветрот го прочисти воздухот, од синоќа полесно се дише

По неколку дена екстремно загаден воздух во Скопје и неколку градови низ земјава, се чини дека ветрот „заврши работа“. Утрово воздухот во општините во Македонија е ниско или многу ниско загаден, според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Дополнително, согласно временската прогноза, за денеска има најави за северен ветер, дожд и снег во вечерните часови, што ќе биде причина да се растерети аерозагадувањето и полесно да се дише. 

Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица, покажуваат утрово и повеќето апликации за мерење на квалитет на воздух. 

За Василица се крши погача со златник, велат од Бигорскиот манастир

Некои семејства лепчето со паричката го поделија за Бадник, други се подготвуваат тоа да го сторат за Василица која се слави следната недела. Секој крај си има свој обичај.

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра. Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Некои од цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба да си до­ма. Но, ве­лат, леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај. 

Зошто на празникот на Св. Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник? Одговор и детално појаснување за верниците за ова прашање пред неколку години дадоа надлежните од Бигорскиот манастир. 

- Свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на Свети Василиј, 1. јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија, појаснуваат оттаму. 

Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица. 

Извор: skopjeinfo.mk

Ќе има голомразица - Надлежните апелираат внимателно на патиштата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека УХМР прогнозира за викендов студен бран со врнежи од снег. Нивните препораки до сите оние кои треба да патуваат е да се планираат патувањата, да се следат информации од медиумите и да се следи состојбата на патиштата.

„Истовремено, се потсетува дека, согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата се планираат патувањата, а пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби. Конкретно, УХМР прогнозира дека во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе бидат од снег и наместа ќе бидат пообилни“, информираат од ЦУК.

Како што посочуваат од ЦУК според прогнозата на повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нула.

Во Скопје во сабота ќе има повремени врнежи до дожд, а на околните планини од снег. Во недела ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег. Се очекува да се формира помала снежна покривка. 

Извор: skopjeinfo.mk

Македонците не се откажуваат од зимување во Банско, Боровец и Пампорово

Бугарските скијачки центри, како Пампорово, Банско и Боровец, повторно се едни од најпопуларните избори за македонските туристи оваа зима. Причината за ова е нивната близина, долгите скијачки патеки, убавите пејзажи, како и прифатливите цени и добрата услуга.

Бугарските скијачки центри, како Пампорово, Банско и Боровец, повторно се едни од најпопуларните избори за македонските туристи оваа зима. Причината за ова е нивната близина, долгите скијачки патеки, убавите пејзажи, како и прифатливите цени и добрата услуга.

Покрај тоа, бањите во Србија, како Врњачка Бања и Луковска Бања, исто така се барани, со цени кои почнуваат од 30 евра на ден. Од туристичките агенции истакнуваат дека македонските туристи најчесто се одлучуваат за индивидуални аранжмани, а организираните патувања се поретки во споредба со минатото.

Кога станува збор за зимувања во Италија, Австрија или Франција, цените се значително повисоки, особено за превозот, а туристите претежно сами го планираат својот одмор. Сепак, и покрај зголемувањето на цените за 5-10% во одредени дестинации, интересот за зимските патувања останува стабилен.

Извор: vecer.press

Колку пари вреди твоето време?

Времето е еден од највредните ресурси кој не може да се врати. За разлика од парите или материјалните добра, секоја минута што ќе ја потрошиме е засекогаш изгубена. Ова ја отвора темата за неговата вредност и како можеме најпаметно да го искористиме.

Времето е еден од највредните ресурси кој не може да се врати. За разлика од парите или материјалните добра, секоја минута што ќе ја потрошиме е засекогаш изгубена. Ова ја отвора темата за неговата вредност и како можеме најпаметно да го искористиме.

Експертите за продуктивност нагласуваат дека времето е „временски капитал“ кој, ако правилно се менаџира, може да доведе до професионален и личен успех. „Времето не може да се купи, но може да се менаџира. Луѓето кои знаат како да постават приоритети и да кажат ‘не’ на одредени активности, најчесто успеваат да го максимизираат времето,“ вели психологот Сања Љубеновиќ.

Ова значи дека не е важно само колку време работиме, туку и како го користиме. Поставувањето јасни цели, користењето техники за продуктивност како „Помодоро“ и делегирањето задачи на други се едни од начините како да добиеме повеќе време за значајни активности.

На крајот, вредноста на времето не е само финансиска, туку и емоционална и ментална. Колку повеќе свесно инвестираме во користење на секоја минута, толку поголема вредност добиваме – било да е тоа поголем успех, подобро здравје или поквалитетно време со најблиските.

Целиот текст прочитајте го на: denar.mk

Македонските граѓани во кафеани потрошиле 270,2 милиони евра за девет месеци

До септември 2024 година, во секторот за угостителство и туризам во Македонија потрошени се 270,2 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

До септември 2024 година, во секторот за угостителство и туризам во Македонија потрошени се 270,2 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Овие средства потрошени се на храна, пијалаци и ноќевања од страна на домашни и странски туристи, како и на македонските граѓани, пишува порталот Пари.

Овогодишниот приход е зголемен за 23,7 милиони евра во однос на истиот период минатата година, кога вкупниот приход бил 246,5 милиони евра. Иако растот делумно се должи на инфлацијата која во угостителскиот сектор изнесувала 5,5%, значителен дел од зголемената потрошувачка е резултат на зголемената активност во кафеаните и кафулињата.

Најголем дел од потрошените средства, 146,1 милиони евра, биле потрошени на храна и напивки, што е пораст во однос на претходната година кога за истото се потрошени 131,3 милиони евра. Потоа следат потрошените средства за пијалаци, кои достигнуваат 56,8 милиони евра, а ноќевањата на туристите ги чинеле 51,2 милиони евра.

Туризмот има значајна улога во овие приходи. Во 2024 година, Македонија привлекла 1.030.681 турист, од кои 360.140 биле домашни, а 670.541 странски. Остварени биле 2.834.406 ноќевања, што претставува зголемување во споредба со 2023 година, кога имало 952.022 туристи и 2.699.279 ноќевања.

Најголеми приходи се остварени во третиот квартал на 2024 година, кога угостителскиот сектор генерирал 115 милиони евра, што сочинува 42,6% од вкупниот приход за деветте месеци.

Извор: racin.mk

Традиционалниот Вевчански карневал ќе се одржи од 12 до 14 јануари

Традиционалниот Вевчански карневал кој претставува едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица ќе се одржи од 12 до 14 јануари.

Традиционалниот Вевчански карневал кој претставува едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица ќе се одржи од 12 до 14 јануари.

На настанот, како и претходните години е предвидена музичка програма која ќе започне попладне во недела (12 јануари). Најавен е настап на Пајак, бендот Ареа, како и на бендот „Забрањено пушење“.

Парадата на маските пак, ќе се одржи напладне во понеделник (13 јануари), а за вечерта се најавени настапи на Љубојна, Наум Петрески, Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани и на Перо Бели и Коки.

Карневалот завршува на 14 јануари каде со василичарско оро и палење на маските се става крај на карневалот.

Извор: radiomof.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more