Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

Members

Кажете го вашето мислење и освојте награда!

Добиј гратис викенд со одговор на едно прашање!

Го бараме Најпопуларниот работодавач во Македонија за 2024 година - Вие ја одбирате најпопуларната компанија за вработување во земјава! Нема купени и наместени награди, вие одлучувате!

Анкетата е достапна на rabotodavac.mk, каде што го очекуваме вашето мислење.

Ги наградуваме најкреативните

Наградното прашање гласи: Доколку основате фирма, кое име (назив) ќе и го дадете? - ги очекуваме и наградуваме најкреативните одговори ТУКА.

Како до награда? Така што ќе кликнеш овде и ќе ги следиш упатствата.

ПОПОЛНЕТЕ ЈА АНКЕТАТА!

Ваш Vrabotuvanje.com тим

Работа во странство – колку чини сонот за подобар живот?

Многу македонски семејства денес живеат со приказната на гастарбајтерите – едни се во татковината, други се илјадници километри далеку во потрага по подобра иднина.

Овие приказни, обвиени со надеж за финансиска стабилност, неретко се соочуваат со предизвици што го тестираат семејниот дух и емоционалните врски. 

Пример за ова е семејството Петровски од Ѓорче Петров. Додека таткото, Благоја, веќе 5 години работи во Германија како мајстор за електрика, неговата сопруга и двете деца остануваат во Скопје.

„Татковството на далечина е тешко“, вели Благоја. „Пропуштам важни моменти, како првите училишни денови и родендените на децата. Но, без таа жртва, не би можеле да имаме пристојна куќа и можности за нив“. 

Емоционалната раздвоеност е најголемиот предизвик со кој се соочуваат овие семејства.

Во разговор со семејството Трајковски од Волково, дознаваме дека мајката, Јелена, работи како медицинска сестра во Швајцарија, додека сопругот и трите ќерки остануваат дома.

„Децата често плачат кога зборуваме на видеоповик“, вели Јелена. „Секој ден се прашувам дали вреди“. 

Но, освен емоционалниот товар, тука се и административните и културните предизвици. Многумина се соочуваат со потешкотии при добивањето дозволи за работа, учење на нови јазици и адаптација на животот во друга средина. 

Сепак, надежта за враќање во татковината е она што ги одржува овие семејства.

Многумина гастарбајтери вложуваат во домови и мали бизниси во Македонија, со цел еден ден да се вратат и да го продолжат животот како што замислувале.

„Мојата цел е да се вратам дома“, вели Благоја. „Сакам да ги поминам годините со семејството заедно, не само преку екран“. 

Иако одлуката да се работи во странство може да биде финансиски оправдана, таа носи предизвици кои засекогаш го менуваат семејниот живот.

Сепак, вербата во подобро утре ги одржува македонските гастарбајтери и нивните семејства поврзани, без разлика на далечината.

Извор: denar.mk

БЛАГ ПОРАСТ: Просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 41.585 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 109.8.
 
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност, забава и рекреација (11.4 %).
 
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).
 

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември годинава, изнесувала 62.573 денари.

Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно на ТУКА (за компании.)

Илон Маск бара луѓе од кој било дел на светот за работа од дома: Плата од 270.000 долари годишно

Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од 270.000 долари годишно.

Компанијата Tesla ги отвора вратите за талентирани поединци ширум светот, нудејќи атрактивни можности за работа на далечина со плати кои можат да достигнат и до 270.000 долари годишно.

Без разлика дали сте инженер или техно-ентузијаст, ова може да биде вашата шанса да се приклучите на една од најиновативните компании во светот и да работите од удобноста на вашиот дом.

Овие нови позиции ја нагласуваат посветеноста на Tesla за флексибилност и конкурентни придобивки, насочени кон професионалци од различни области. Со достапни позиции ширум светот, Tesla продолжува да го води патот во здружување напредни технологии и инклузивни работни практики.

Тесла моментално вработува за неколку возбудливи улоги, вклучително и високоплатени позиции како што се сениор инженери и можности поврзани со AI технологијата. Еве ги клучните детали:

Сениор инженер

-Потребно е најмалку 5 години искуство со големи енергетски системи (фотоволтаични и складишни системи).
-Потребно е познавање на тестирање на трансформатори и SCADA протоколи (на пр. DNP3, GOOSE, Modbus).
-Познавање на оперативните системи Windows и Linux, како и експертиза за уреди како што се релеи и управувани Ethernet прекинувачи.
-Опсег на плата: 79.200 до 270.000 долари, во зависност од искуството.

AI тестер и тренер на хуманоиди

-Фокус на тестирање и подобрување на хуманоидните роботи на Тесла со вештачка интелигенција.

-Платата надминува 6.000 долари месечно, со потребни специфични квалификации.

Работа во Тесла

Еве пет причини зошто работата во Тесла е единствена можност за кариера:

1.Иновативна работна средина
Работа на револуционерни проекти во областа на обновливите извори на енергија и напредните технологии.
2.Флексибилност и работа на далечина
Глобални можности за работа од дома со повремено патување според потребите на проектот.
3.Конкурентна компензација
Високи плати со дополнителни бенефиции како што се опции за акции и здравствено осигурување.
4.Професионален развој
Пристап до напредна обука и предизвикувачки проекти за напредување во кариерата.
5.Глобално влијание
Придружете се на мисијата за забрзување на транзицијата кон одржлива енергија ширум светот.

Како да аплицирате за далечински позиции на Тесла

Заинтересираните кандидати можат да ја посетат официјалната страница за кариера на Tesla за да ги истражат достапните позиции и директно да аплицираат. Бидете подготвени да го прикачите вашето CV и да ја прилагодите вашата апликација за да ги нагласите релевантните вештини и искуство.

Работните места на Тесла за далечинско работење ја редефинираат иднината на работата, нудат флексибилност, конкурентни плати и можност да се придонесе во глобалната мисија за одржливост. Ако имате вештини и амбиции, сега е време да го направите скокот.

Извор: denar.mk

Задоволството на вработените – основа за успешни компании

Работното место е повеќе од простор за извршување на задачи – тоа е динамична средина каде што расположението на вработените игра клучна улога во нивната продуктивност, мотивација и целокупна благосостојба. Кога вработените се чувствуваат добро на работа, тие не само што даваат подобри резултати, туку и стануваат клучен фактор за успехот на компанијата.

Вработените поминуваат голем дел од денот на работното место, па емоционалната клима во компанијата значително влијае врз нивното ментално и физичко здравје. Иако краткорочните емоционални реакции настануваат поради специфични случувања, подолгорочното расположение на вработените најмногу зависи од меѓучовечките односи.

Кога вработените чувствуваат почит и признание за нивниот труд, тие развиваат чувство на припадност и мотивација за работа. Увереноста дека нивната работа придонесува за заедничките цели создава задоволство, дури и кога се соочуваат со други предизвици, како незадоволство од платата. 

Меѓутоа, најголемо влијание врз расположението  имаат односите со колегите и особено со претпоставените. Шефовите играат клучна улога, бидејќи нивниот начин на управување може да поттикне позитивна атмосфера или да создаде стрес. Некои претпоставени, иако технички компетентни, немаат вештини за водство, што води до практики како микроменаџмент – претерана контрола и ограничување на креативноста.

Овие токсични лидерски практики често резултираат со демотивација, зголемен стрес и здравствени проблеми кај вработените. Како показатели за негативна работна клима се јавуваат честите боледувања и високата стапка на заминување од компанијата. Кога вработените немаат простор за напредок и се соочуваат со шеф кој не покажува емпатија или подготвеност за промени, тие природно бараат подобри можности.

Добрата емоционална клима во компанијата бара од шефовите да вложат во взаемна почит и поддршка, создавајќи средина каде што вработените се ценети и мотивирани за успех.

Целиот текст прочитајте го на: „Нова Македонија

Секојдневно, многу професионалци решаваат да ја напуштат својата работна средина во потрага по нови можности или подобри услови за работа. Затоа, од витално значење е да се идентификуваат причините за заминувањето на талентите и да се применат стратегии за нивно задржување.

Дознајте што навистина ги мотивира вашите вработени со Pulser.mk, најсовремената алатка за истражување на задоволството и ангажираноста на вработените. Со оваа иновативна платформа, добивате детален увид во задоволството на вашиот тим, што ви помага да донесувате стратешки одлуки кои придонесуваат за подобрување на управувањето со човечките ресурси, зголемување на ангажманот и целокупното задоволство на вработените.

Кога вработените се презадоволни влегуваат во комфорнa зона, затоа научете до каде треба да одите. Истражете дали тоа што не даваат максимум од себе е дека сте ги разгалиле, или пак реално нешто треба да смените? Дали сте им обезбедиле услови да дадат максимум, или можеби нешто треба да промените?

Проверете го пулсот на вашите вработени со алатката Пулсер и бидете на чисто! За повеќе информации контактирајте нè на 070356813

Мали трикови за добро CV: Еве како да го спремите вашето за Регионалниот саем за вработување!

Привршуваат последните подготовки за Најголемиот онлајн регионален саем за вработување! А дали вие дали сте во потрага по нова работа или можеби сакате мотивација и промена на веќе постоечката? Еве како да се пријавите на огласите на саемот!

Добро познато сценарио: барате работа и поминувате денови во усовршување на вашето CV за да се претставите во најдобро светло пред идниот работодавач. Внимателно го составувате вашето CV и го праќате како апликација за работа. Сега е само прашање на време кога ќе дојде одговорот од работодавачот.

Сепак, нема покана за интервју за работа. Звучи познато? Зошто? Што ли се случило? Иако, на прв поглед, да се направи CV и не е некој сложен процес, сепак постои тенка „граница“ помеѓу неговиот успех и неуспех. Со цел да го доведете вашето CV до совршенство во пресрет на Регионалниот саем за вработување, кој започнува за три дена, решивме да ви откриеме неколку трикови. Па да почнеме по ред.

Бидете конкретни и кратки

Биографијата е вашата прва точка на контакт со било кој иден работодавач. За да се издвоите од останатите, обидете се да го направите вашето CV што е можно појасно и читко. Користете еден или два фонта, користете мали но концизни реченици и наведете сè на една страница.

Наведете го работното искуство и образованието по обратен хронолошки редослед, од последното кон оние кои сте ги завршиле наназад низ годините

Наведете ги работите што сте ги извршиле по обратен хронолошки редослед. Наведете го името на работодавачот, периодот кога сте биле вработени, позицијата и описот на работното место. Кога ја опишувате вашата работа, не само што треба да ги наведете вашите работни задачи и должности, туку нагласете ги и достигнувањата за кои сте одговорни. Истото важи и за образованието и дополнителните обуки.

Нагласете ги вештините

Комуникациските вештини се особено важен фактор кај работодавачот. Кога ги наведувате, не бидете премногу општи. Бидете конкретни, кажете што подразбираат вашите комуникациски вештини - без разлика дали се работи за говорни ангажмани, истражувачки проекти или презентации. Наведете ги и вашите технички и уметнички вештини.

Внимавајте на вашите клучни зборови

Во просек, работодавачот троши неколку секунди на проверка на CV. Првиот впечаток, или поточно, првите ставки што ќе ги забележи се клучот за успехот во понатамошните чекори. Кога аплицирате, погрижете се да ги вклучите сите клучни зборови за да не се “сопнете” на првиот чекор.

Прилагодете ја вашата биографија на огласот за кој аплицирате

Секогаш приспособувајте го вашето CV на секој оглас за работа на кој аплицирате. Значи не постои универзално CV. Во вашата биографија, можете да го приспособите вашиот дел за резиме и вештини, но и да ги потенцирате деталите кои се особено важни за секоја работа на која аплицирате.

Внимателно разгледајте ја биографијата

Точност, точност, точност! Пред  да ja испратите, внимателно разгледајте ја вашата биографија. Грешките како правопис и граматика можат да ве елиминираат уште на самиот почеток.

Постојат три начини да се регистрирате на саемот

Сега, кога ги совладавте триковите за успешна биографија, време е да го споделите вашето ремек дело со работодавачите на најголемиот онлајн Регионален саем за вработување, во кој учествуваат бројни работодавачи од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.

Откако ќе ја изберете категоријата која ве интересира и ќе го пронајдете вашиот иден работодавач, аплицирањето на оглас за одредена позиција е брзо и лесно. На дното на секој оглас постои линк за аплицирање (сино копче Аплицирајте) преку кој може да апицирате само на тој оглас. Вашата апликација можете да ја поднесете на два начина:

  • со внесување на кориснички податоци (email и лозинка) за да се најавите на вашиот профил на Вработување.ком, а доколку немате, можете да креирате и потоа да се пријавите на огласот.
  • без профил на Вработување.ком, само со внесување информации за контакт преку полето Брза Апликација

Доколку се пријавувате на огласот како регистриран корисник кој веќе има отворен профил на нашиот портал, тогаш сите информации ќе бидат вклучени во апликацијата.

Доколку одлучите да се пријавите како гостин, односно како личност без профил, тогаш ќе мора рачно да ги внесувате вашите податоци за секоја апликација.

Исто така, доколку сакате, можете да го олесните целиот процес на регистрација со креирање профил на линкот за да не морате секој пат повторно да ги внесувате вашите податоци.

Ве очекуваме од 15-22 октомври на Најголемиот регионален онлајн саем за вработување, кој ќе ви биде достапен во било кое време од денот, 24 часа на ден, од било кој уред на линкот regionalensaemzavrabotuvanje.com

Три најчести причини поради кои не сте повикани на второ интервју

Првото интервју помина одлично, а потоа не ве викаат на второ – знаете ли зошто?

Колкупати досега ви се случило одлично да поминете на телефонскиот скрининг или иницијалното интервју за потоа да добиете краток и љубезен одговор дека не сте поминале во следната фаза од процесот на регрутација? Сигурно се прашувате: “Што направив погрешно?“.

Некои кандидати испраќаат повратен мејл со цел да ја дознаат причината за нивното отфрлање, меѓутоа многу често остануваат без одговор.

Целиот тој процес на одбивање неминовно доведува до пад на вашата самодоверба и криза во кариерата што дополнително го отежнува процесот на барање работа.

Зошто е тоа така и каде е проблемот?

Многу е веројатно дека сте завршиле добра работа на првото интервју. Меѓутоа, проблемот не е во тоа дали сте успеале да оставите добар впечаток, туку во тоа дека процесот на вработување е доста непредвидлив. Еве три причини поради кои не успевате да дојдете до второ интервју:

Недостаток на релевантно работно искуство

Целта на првото интервју е да се процени длабочината на вашите знаења и вештини кои се бараат во индустријата во која работите. Имајте предвид дека секоја компанија е различна така што може да се случи и покрај тоа што ги исполнувате условите наведени во огласот, компанијата да процени дека не сте доволно добри за да ви се понуди работа. Тоа не значи дека вие не сте способни да ја завршите работата, туку дека се појавил друг кандидат со подобра професионална позадина од вашата.

Компанијата го променила курсот

HR менаџерите и другите професионалци кои го водат процесот на вработување многу често знаат да ги променат своите преференции во однос на идеалниот кандидат по првиот круг на селекција. Тоа е така бидејќи често се случува иницијалното интервју да му помогне на раководителот да го одреди вистинското ниво на вештините и искуството кое е потребно за работата. Замислете како му е на регрутерот кога понекогаш мора да распише нов оглас кој ќе одговара на новите барања од неговиот надреден.

Другите кандидати имаат интерни поддржувачи

Најдобриот адут кој може да го имате кога поминувате низ процесот на вработување е тоа некој од внатре да делува како ваш промотер. Станува збор за колеги, соработници и партнери со кои некогаш сте соработувале и можат да порачаат дека вие сте одличен кандидат. Имајќи некој кој ќе гарантира за вашето искуство и карактер му помага на HR Менаџерот да визуелизира како ќе се вклопите во културата на компанијата.

Поентата што сакаме да ја постигнеме во овој текст е дека не можете да знаете која е вистинската причина за тоа зошто не сте повикани на второ интервју и дека никогаш не треба да се обвинувате исклучиво себеси за тој резултат. Запомнете дека ниту една компанија не ве одбива во крајност, туку ви вели “не во моментов“. Ниту една компанија не ги отпишува кандидатите после едно интервју. Бидете во тек со новите огласи за вработување и не се откажувајте. На крајот на денот ако тоа е компанијата каде што сакате да работите, играјте на долги стази.

Кој е најпосакуван работодавач во Македонија?

Сакаме да слушнеме што го привлекува вашето внимание и ве тера да кажете: „Ова е местото каде што сакам да работам!“

Ги повикуваме сите невработени, вработени, студенти, баратели на работа, да го споделат своето мислење!

Преку оваа анкета сакаме да откриеме што го прави работодавачот навистина неодолив во очите на оние кои бараат работа како вас!

Сакаме да слушнеме од ВАС која компанија ја држи круната - Најатрактивен работодавач во вашите очи?

Без разлика дали се работи за нивната иновативна корпоративна култура, бенефициите кои им ги нудат на своите вработени или можностите за кариерен раст, вашиот глас е важен!

Вашите вредни сознанија ќе го обликуваат нашето разбирање за она што го издвојува овој работодавач од останатите.

Сакаме да слушнеме што го привлекува вашето внимание и ве тера да кажете: „Ова е местото каде што сакам да работам!“

Со учеството во оваа анкета, вие не само што го споделувате вашето мислење - туку ни помагате да го идентификуваме работодавачот кој заслужува да биде „крунисан“ како најдобар во земјата.

Подготвени сте да го споделите вашиот глас и да играте клучна улога во препознавањето на извонредноста на пазарот на труд?

Ајде да го прославиме работодавачот кој оди над и подалеку за да создаде исклучителни можности за своите вработени!

Одвојте момент за да ги споделите вашите сознанија во нашата брза анкета и да ни кажете која компанија блеска најсилно како работодавач според вас.

ЛИНК ДО АНКЕТАТА

Ви благодариме за вашиот придонес!
Истражувањето го спроведува Vrabotuvanje.com.mk, по повод манифестацијата „Работодавач на годината“.

Се чувствувате недоволно платено? Моја Плата е ваш сојузник во преговорите за покачување!

Со алатката за плати Moja Plata откријте ја вашата вредност на пазарот на трудот и обезбедете поповолни услови кога преговарате за плата со постојните или идните работодавачи.

Со алатката за плати Moja Plata откријте ја вашата вредност на пазарот на трудот и обезбедете поповолни услови кога преговарате за плата со постојните или идните работодавачи.

Откако со години меѓучовечките односи го држеa приматот, односно самиот врв на пирамидата на причини поради кои сме подготвени да ја напуштиме сегашната работа, оваа ситуација се промени во последните година или две.

Висината на платата повторно стана најважниот фактор при одлуката за продолжување на нашата кариера.

Без разлика дали се работи за преговарање за нашите приходи и работните услови на моменталното работно место или прифаќање на понуда за работа и преминување во „редот“ на нов, потенцијален работодавач.

Но, одлуката за промена на работата никогаш не е лесна.

Од една страна ни се нуди можност за пресврт и напредување во кариерата и тоа е одлично. Но, на другата страна од спектарот се наоѓаат ризикот и неизвесноста. Како и прашањата од типот: Дали ќе се вклопиме?, Дали сме доволно добри?, Каков однос ќе имаме со надредената личност? и други сомнежи од кои не можеме туку така да се ослободиме.

Меѓутоа, за едно прашање работите треба да бидат сосема јасни. Секако, станува збор за висината на платата, како и за другите финансиски услови.

Додека размислувате за нова понуда за работа или преговарате за покачување на платата со вашиот сегашен работодавач, просечната плата во вашата индустрија служи како важна насока. Тоа ви овозможува да создадете реални очекувања за тоа колку плата можете да очекувате за одредена позиција или улога. Дополнително, ви овозможува подобро да преговарате за вашата плата, бидејќи имате јасна слика за тоа каде е вашата плата во споредба со просечната.

Како извор кој е вреден и со конкретни информации, може да ви послужи Moja Plata, алатка за плати со чија помош во само неколку чекори ќе дознаете колкави се просечните плати за одредено работно место во Македонија.

Истражувањето моментално опфаќа над 500 работни места. Собирањето на испитаници се врши континуирано онлајн, а во моментов во истражувањето се активни повеќе од 18.500 испитаници.

Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно на ТУКА (за компании.)

Најубавите приказни се со луѓе кои се чувствуваат безбедно, ценето и наградено - Станете дел од тимот на Рептил!

Рептил постои на пазарот од 1996 година и важи за компанија која заслужено може да се пофали со континуиран пораст на пазарот.

Семејството на Рептил го сочинуваат 25 подружници лоцирани во Скопје и Виница, онлајн продажба и големопродажба на јавен и приватен сектор. Како компанија особено се горди и благодарни на вработените кои се дел од нивниот тим од самите почетоци и кои заедно со нив ја креираат нивната успешна приказна

Уште од самиот почеток со работа, секој нов вработен работи со искусен Ментор кој има обврска да даде насоки и да го усмери новиот вработен со цел побрзо да се вклопи и да ги совлада работните задачи. Менторот го олеснува процесот на учење и развој и пружа несебична подршка на новиот вработен. Предзнаењето и работното искуство не се услов, сите кои имаат желба за работа имаат можност да научат. 

Во Рептил горди сме што ги правиме работите поинаку. Ова не е обично работно време од 8 часа, нашето патување е обликувано од вработените.

Рептил го цени времето на вработените. Дел од бенефициите кои ги нудат на нивните вработени се: слободен ден за роденден и слободен ден на сите мајки кои имаат дете прваче. Балансот меѓу работата и приватниот живот е концепт кој го имплементира Рептил преку оптималното работно време по 7 часа дневно, во две смени. Оние вработени кои имаат дете до 1 година, имаат право на избор на смена. Работното место се трудат да го обезбедат блиску до местото на живеење на вработените, доколку нема услови за истото, го плаќаат превозот до работното место.

Ефикасноста е соодветно наградена, а секој вработен кој ефективно си ги извршува работните задачи, работи тимски и го остварува зададениот таргет добива исплата на бонус-таргет.

Поради брзиот раст, секогаш бараат мотивирани луѓе кои се подготвени да се придружат во тимот, а нивната цел е да ги направат нивните продавници, производи и искуството за купување подобри од кога било. 

Рептил нуди уште една мотивирачка бенефиција, а тоа се однесува на вработените кои го помагаат и потикнуваат нивното брзо проширување преку опцијата препорачај пријател за вработување и за таа цел добиваат финансиска награда. Без разлика на улогата, можете да оставите свој белег како дел од успешната приказна на Рептил. 

Понекогаш, најубавите приказни од работното место не се канцелариите со врвен поглед, или со модерни службени автомобили, долги паузи.

Понекогаш најубавите приказни се со луѓе кои се чувствуваат безбедно, ценето и се наградени според нивната вистинска вредност и придонес. Рептил верува во тоа и тука се, за да се поддржуваат едни со други. Уште една од многуте бенефиции, е што обезбедуваат три пати во годината вредносни ваучери за најдобрите вработени. Ги нудат сите потребни алатки и обуката што е потребна за нивните вработени да бидат најдобри.

Тука сме за вработените и во нивните најважни моменти од животот, заедно се радуваме и даруваме подарок за склучување брак и новороденче. Пред сè, за нас е многу важно вработените да се чувствуваат безбедно и да работат во здрава работна средина.

Рептил нуди еднакви можности за секој вработен, кој е амбициозен да оди напред со позиција и да бележи кариерен раст.

Вработете се во Рептил и уживајте ги нивните поволности и грижата кон Вас.



Нецелосна биографија - помали шанси за работа

Кога последен пат проверивте дали вашиот профил на Вработување.ком ги содржи сите податоци?

Кога последен пат проверивте дали вашиот профил на Вработување.ком ги содржи сите податоци?

Дали знаете дека ако содржи само основни податоци (име, презиме, адреса) шансите да добиете повик од работодавач се многу мали?

Дали знаете дека ваквите испратени пријави работодавачите ги ставаат на последно место?

Ако не содржат никави додатни информации алатките за преговори ви се многу мали. Работодавачот нема инфо каде сте работеле, на која позиција, колку сте се задржале, кои се вашите очекувања, па има право со вас да преговара како да немате искуство.

Шансата да најдете подобра работа зависи и од содржината на вашиот профил.

Затоа веднаш логирајте се и дополнете ги податоците кои недостигаат, а оние кои имаат над 50% пополнет профил самиот систем им дава поголема предност.

Ажурирајте го веднаш вашиот профил и зголемете си ги шансите за подобра работа и повисока плата.

Од вас зависи!

Дополни или ажурирај профил веднаш!

Само 60 минути се потребни за да се спремите за интервју: Еве како да ве вработат веднаш

Одењето на интервју без претходни подготовки е осудено на неуспех уште пред самото интервју да започне. Веќе не е доволно потенцијалниот работодавач само да ја има вашата биографија пред себе. Потребно е да можете да се претставите себеси во најдобро светло и да бидете самоуверени додека го правите тоа.

Одењето на интервју без претходни подготовки е осудено на неуспех уште пред самото интервју да започне. Веќе не е доволно потенцијалниот работодавач само да ја има вашата биографија пред себе. Потребно е да можете да се претставите себеси во најдобро светло и да бидете самоуверени додека го правите тоа.

Практично треба да се "продадете" себеси.

Кога станува збор за периодот пред интервјуто, експертите сметаат дека треба да посветите барем еден час на вашата подготовка пред да седнете на "жешкото столче".

Ова 60-ет минутно подготвување може да се подели на неколку фази и тоа:

5 минути посветете на анализирање на описот на работното место, притоа фокусирајќи се на суштинските барања и одговорности со цел да можете соодветно да ги прилагодите вашите одговори.

5 минути одвојте и повторно прочитајте ја вашата биографија и мотивационо писмо. Гледајте да бидете што е можно пореални во креирањето на сопствената деловна слика. Менувајте, дополнувајте, бришете додека не бидете целосно задоволни. Запомнете: Сакале вие или не, првиот впечаток секогаш се остварува врз основа на тоа како е напишана вашата биографија и писмото за мотивација. Истите тие се клучни за тоа дали ќе бидете воопшто повикани на интервју.

15 минути поминете во истражување на потенцијалните прашања што би можеле да ви бидат зададени за време на интервјуто. Истражете ја позицијата за која аплицирате и индустријата од која сакате да бидете дел.

Во наредните 20 минути обрнете внимание на одговорите што сакате да ги дадете. Одлучете како би сакале да ги претставите своите достигнувања. Сетете се на специфични примери каде вашата способност дошла до израз и со какви се предизвици сте морале да се соочувате на претходното работно место.

Последните 15 минути задржете се на тоа да ја истражите компанијата, нејзината историја, мисијата како и неодамнешните проекти од кои била дел. Откако ќе го направите сево ова, размислете како вашите вештини и работно искуство ќе помогнат во реализирање на целите на компанијата.

Искуство НЕ Е потребно: Бараме ФАКТУРАНТ

АПЛИЦИРАЈТЕ!

Приватната компанија А.Д Даути Комерц-Скопје објавува конкурс за следното работно место: 

Наслов на работно место: Фактурант 
 
Потребни услови за даденото работно место:
  • Завршено факултет за економија, право или бизнис логистика
  • Со или без работно искуство
     

 ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Интересни разлики помеѓу женскиот и машкиот мозок

Многу пати слушаме дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Ајде да видиме, кои се тие факти за начинот на размислување на мажите и жените.

Многу пати слушаме дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Ајде да видиме, кои се тие факти за начинот на размислување на мажите и жените.

Мажите генерално велат дека жените се многу позборлести, ги комплицираат работите и дека импулсивно реагираат.

Жените имаат мислење дека мажите не слушаат и дека повеќето работи ги банализираат.

Колку всушност машкиот и женскиот мозок различно функционираат?

Да, разликите се присутни и се прилично големи, но не оди се во прилог на на машкиот мозок како што мажите сакаат да мислат.

Докажано е дека мажите имаат поголем мозок од жените, што, пак, нема врска со телесната маса или со неговиот развој. Делот од мозокот, кој е одговорен за решавање на проблеми, е поразвиен кај жените.

Исто така и лимбичниот дел од мозокот, во кој се наоѓаат и емоционалните центри.

Кај мажите, е поразвиен делот е задолжен за просторна ориентација и амигдалата, која е одговорна за социјално и сексуално однесување.

Жените имаат 10 пати повеќе бела мозочна маса, а мажите 6 пати повеќе сива. Што ќе каже дека мажите мислат со сивата маса, а жените со бела.

Значи мажите размислуваат со невроните, а жените со неврални врски. Токму заради овој факт е точно дека функционирањето на женскиот мозок е посложено.

Женскиот мозок, според тоа, работи побрзо од машиот, а за ова е задолжено густото пакување на неврони. Едноставно кажано, невроните се поблиски еден до друг, и тоа значително ја забрзува комуникацијата, токму поради тоа жените се способни за вербализација и комуницирање.

Интересно е што мажите користат мал дел од левата страна на мозокот за да решат проблем, а жените ги користат двете страни.

Значи, во никој случај не е точно дека мажите се поинтелигентни од жените, или обратно, жените и мажите едноставно имаат апсолутно два различни видови на интелигенција.

Дури и менталните нарушувања се различни, кај женскиот пол, поголема е веројатноста да се појават депресија и состојби на напнатост, бидејќи  создаваат само половина од хормоните на среќата во споредба со мажите.

Мажите често страдаат од шизофренија, аутизам, пореметување при читањето.

извор: vesti24.mk

Заработуваат ли вашите колеги повеќе од вас? Еве како да дознаете!

Најдете го одговорот на ова незгодно прашање на платформата MojaPlata

Отворените дискусии за платата со членовите на семејството и пријателите, но сè почесто со колегите од работа, станаа вообичаени. Сите работиме за плата, живееме од неа и често размислуваме и зборуваме на оваа тема.

Но, малкумина навистина знаат како нивната плата котира во споредба со колегите кои ја вршат истата работа. Без разлика дали овие луѓе се вработени во „нашата“ или во некоја друга компанија.

За среќа, услугата Моја Плата нуди одговори, а притоа доста дискретни и конкретни!

Моја Плата е единственото онлајн истражување во Македонија кое ги следи износите на платите за повеќе од 700 работни места од сите индустрии, а моментално се активни дури 23.000 испитаници.

Покрај тоа што го споредуваме износот на месечните примања по работни позиции, податоците од MojaPlata ни помагаат да се подготвиме за претстојното интервју за работа и ни овозможуваат да дадеме едноставен одговор на тоа што за многумина е комплицирано и страшно прашање - колкава е платата што ја очекуваш?

Без разлика дали барате нова работа или барате покачување, проценете како и дали сте усогласени со другите на слична или иста работна позиција. Користете ја нашата бесплатна онлајн проверка на плата уште денес!

До податоците од истражувањето може да се пристапи во секое време, а дополнителни информации може да се најдат на mojaplata.mk

Сличности и разлики на пазарот на труд во земјите од регионот

Порталот Vrabotuvanje и оваа година, за време на Регионалниот саем за вработување, ќе спроведе истражување чија цел е утврдување на состојбата на македонскиот и регионалниот пазар на труд

Порталот Vrabotuvanje.com и оваа година, за време на Регионалниот саем за вработување, ќе спроведе истражување чија цел е утврдување на состојбата на македонскиот и регионалниот пазар на труд. Во истражувањето се приклучуваат и партнерските портали од регионот MojPosao – Хрватска, MojPosao.ba - БиХ, Infostud.rs - Србија и Deloglasnik.si - Словенија.

Иако меѓучовечките односи беа фактор број еден при изборот на нова работа во изминатите години, инфлацијата го направи своето минатата година, па платата стана најважен фактор при изборот на работа.

Во споредба со претходната година, се поголемо значење му придаваме на работното време, а нешто поретко се фокусираме на можноста за учење и напредување.

А каква е состојбата годинава, какви се трендовите и што можеме да очекуваме?

Помогнете ни заедно да откриеме што за вас е важно при изборот на работа, односно што е најважно за да добиете или смените работа воопшто?

Одговорите ќе бидат понудени со регионално истражување на пазарот на трудот. За пополнување се потребни само неколку минути, одговорите се анонимни, а резултатите се прикажуваат само на групно ниво.

Пристапете до истражувањето преку линкот!

Што значи конкурентската клаузула во договорот за вработување?

Конкурентската клаузула ја има во се поголем број договори за вработување. Информирајте се за вашите права и обврски.

Договорната забрана на конкурентско дејствување или поинаку позната како конкурентска клаузула станува составен дел од договорот за вработување на се поголем број вработени.

За кои вработени се однесува?

Ако работникот при своето работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и работодавачот, да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по престанување на работниот однос (конкурентска клаузула).

Колку долго може да трае?

Конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од две години по престанувањето на договорот за вработување и тоа само во случаите кога на работникот му престанува договорот за вработување по негова волја или вина. Конкурентската клаузула не смее да ја исклучи можноста за вработување на работникот.

Надоместок за почитување на конкурентската клаузула

Ако почитувањето на конкурентската клаузула му оневозможи соодветна заработка на работникот, работодавачот е должен за сето време на почитувањето на забраната да му исплатува паричен надоместок на работникот.

Паричниот надоместок за почитување на конкурентската забрана мора да се определи со договорот за вработување и месечно може да изнесува најмалку половина од просечната плата на работникот во последните три месеци пред престанувањето на договорот за вработување.

Престанок на конкурентската клаузула

Работодавачот и работникот можат да се договорат за престанување на важноста на конкурентската клаузула.

Ако работникот го откаже договорот за вработување, бидејќи работодавачот ги крши одредбите на договорот за вработување, конкурентската клаузула престанува да важи, ако работникот во рок од еден месец од денот на престанувањето на договорот за вработување, на работодавачот му даде писмена изјава дека не го обврзува договорот.

Како да напишете мејл со кој ќе ја добиете секоја работа

Кога станува збор за аплицирањето на огласи, вашето CV не е единствената работа на која треба да поработите. Од голема важност е и содржината и структурата на мејлот во кој ја испраќате вашата апликација.

Замислете дека пред вас се наоѓа оглас за работа од вашите соништа. Знаете дека ги поседувате сите потребни квалификации. Знаете дека добро ќе се вклопите во компанијата. Правите совршена и приспособена кратка биографија и мотивациско писмо и потоа ја испраќате вашата апликација до работодавачот преку мејл.

Потоа чекате... и чекате... и ништо. Поминале две недели, а вие уште не сте добиле повратен одговор.

Зошто?

Затоа што никој не ја видел вашата апликација.

А зошто е тоа така?

Затоа што не сте ја испратиле вашата апликација на вистинскиот начин.

Сепак, не грижете се, бидејќи ние ќе ви откриеме ефективен и лесен начин за испраќање на кратка биографија преку мејл. Еве неколку совети како да напишете мејл со кој ќе ја добиете секоја работа:

Ставете наслов кој привлекува внимание

Знаеме дека најголемиот дел од работодавците преферираат во насловот на мејлот да се стави називот на работното место за кое аплицирате меѓутоа обидете се барем да смислите некоја кратка фраза која ќе го содржи тој елемент, а сепак ќе ве издвои од останатите кандидати.

Обратете му се директно на лицето кое е одговорно за вработување

Персонализирајте ги вашите апликации со тоа што ќе му се обратите директно на HR Менаџерот на компанијата. Неговото име и презиме може да го пронајдете многу лесно на LinkedIn, а тоа му покажува на работодавачот дека сте се потрудиле да истражите повеќе за компанијата.

Во првиот пасус, објаснете кои сте вие и зошто го испраќате овој мејл

Откако ќе му се обратите на лицето кое е одговорно за вработување, претставете се и наведете од каде сте дознале за отворената работна позиција.

Во вториот пасус, наведете ја вредноста што ќе ја донесете во компанијата

Вториот пасус е резервиран за вашиот мотив “зошто аплицирате во компанијата“ и “зошто компанијата треба да ве вработи“.

Завршете го мејлот велејќи дека сте желни да се сретнете лице в лице

На крајот на мејлот, однапред заблагодарете се за издвоеното време и истакнете дека со нетрпение чекате да се сретнете лице в лице.

Додадете професионален потпис со ваши контакт податоци

Вашата апликација ќе изгледа многу попрофесионално доколку направите ваш персонализиран потпис со име и презиме, моментална позиција, контакт податоци и линк од профил на LinkedIn.

Прикачете ја вашата биографија и мотивациско писмо во PDF

Не заборавајте да ја прикачите вашата кратка биографија и мотивациско писмо во PDF, како и да ставите соодветни наслови (име и презиме) на тие фајлови.

Бојата е важна: Која боја треба да биде вашиот паричник за да привлекувате повеќе пари?

Според фенг шуи ако имате црвен паричник тоа значи дека имате добра енергија и го привлекувате богатството во вашиот живот.

Според фенг шуи ако имате црвен паричник тоа значи дека имате добра енергија и го привлекувате богатството во вашиот живот.

Каква боја е вашиот паричник? Според фенг шуи експертите, ако имате паричник во некоја од следниве бои, вие сте на добар пат.

Црвен паричник

Црвената боја е позната по тоа што привлекува богатство во животот. Покрај тоа привлекува добра енергија и во рекордно краток рок ги уништува негативните вибрации.

Син паричник

Сината боја исто така е симбол на изобилство, само треба да бидете повнимателни со нијансите. Темно сините паричници се гаранција за богатство.

Црн паричник

Колку и да ви изгледа темно и едноставно, црната боја значително може да ви ги подобри финансиите.

Кафеав паричник

После црната, кафеавата е најпопуларната боја за паричници. Посебно богатство ќе ви донесе ако има текстура и е изработен од високо квалитетен материјал.

Зелен паричник

Зелената боја е одличен избор ако сакате нов и свеж почеток, без оглед на тоа какво минато сте имале.

 

Каков нос – таков карактер!

Обликот на носот го открива карактерот

Звучи чудно, но е вистинито. Погледнете ги овие осум различни облици на носеви и кои карактеристики се врзуваат за нив, па самите проценете дали има вистина во тоа.

Нубијски нос

Овој облик на нос се издвојува од другите со својата должина. Мостот е речиси рамен, додека пошироката точка на носот е насочена надолу. Лицата со ваков облик на нос се љубопитни и радознали. Исто така се оптимистични, симпатични и секогаш се трудат да најдат решение за секој проблем.

Грчки нос

Обликот на овој нос потекнува од познатите грчки скулптури за кои бил карактеристичен. Тој се одликува со тоа што е тесен и прав. Луѓето со овој облик на нос се обично повлечени и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Мошне се практични и лојални. Тешко е да се разговара со нив отворено за емоциите.

Кукаст нос

Многумина го споредуваат овој облик на носот со оној што потсетува на птичји клун. Тоје свиткан од основата односно од веѓите до врвот на носот. Луѓето со ваков нос се креативни и пожртвувани. Страсно ги бранат сопствените верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги постигнат сопствените цели.

Извиткан нос

Мошне е сличен на претходниот, но овој нос е превиткан од носната коска до врвот. Сепак врвот е значително пошилест. Луѓето со овој облик на нос се смета дека се мошне одлучни, мошне се посветени на својата работа и добри се во организација.

Копчест нос

Овој нос е мошне краток и делува мошне симпатично. Тоа е најпопуларниот облик, затоа што не ги нервира луѓето. Тие имаат прилично силна волја, сакаат да бидат директни и мошне се одлучни во тоа секогаш да го добијат тоа што го сакаат.

Рамен нос

Овој облик е најчест во Азија и малку е порамен од другите облици. Врвот на носот е кружен, а носниците се пошироки. Лицата со рамен нос имаат силен карактер. Тие се мошне темпераментни и страствени, а може мошне да се налутат ако некој си игра со нивното трпение.

Конкавен нос

Обликот на овој нос се одликува со мал лак на носната коска. Слично како и копчестиот нос и овој е мошне популарен затоа што не е мошне впечатлив и изгледа мошне нежно. Луѓето чијшто нос има ваков облик се великодушни и секогаш подготвени да им помогнат на другите. Мошне се чувствителни.

Накривен нос

Можеби називот на овој нос не е особено ласкав, но овој облик на носот укажува на нежен карактер. Мостот на носот се истакнува додека врвот е мошне заоблен. Лицата со ваков нос се мошне добри во тоа што го прават и знаат да ги сослушаат другите, што ги прави прекрасни пријатели или партнери. Мошне ги ценат лицата што цврсто стојат на земјата.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more