Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

Moje poslovanje

9 причини зошто треба да имате профил на компанија на Vrabotuvanje.com.mk

Профилот на компанија е вашата лична карта на пазарот на трудот! Претставете се пред вистинската публика, на вистинско место и во вистинско време. Зошто треба да имате профил на компанија на Vrabotuvanje.com.mk

Континуитет во комуникацијата, ние ја работиме вашата работа

Еден од најголемите предизвици за компаниите е што одговорните за овој дел се прашуваат каква содржина да подготват. Секојдневната комуникација што ја имаме со кандидатите, ни овозможи добро да знаеме што тие сакаат да слушнат и можеме брзо и лесно да ви помогнеме да ја насочите вашата содржина во насока што и одговара на вашата компанија.

Штом содржината е подготвена, ние ја промовираме преку нашите канали и со тоа ја олеснуваме вашата работа. Со еден збор,  ние ќе се погрижиме вашиот профил да биде на вистинското место во вистинско време.

Бидете видени од вистинската публика, на сајт со над 500.000 посети месечно

Страницата Vrabotuvanje.com.mk ја посетуваат сите профили на кандидати: веќе вработени, т.н. „пасивни кандидати“, невработени, оние кои бараат прва работа, оние кои бараат подобра работа, луѓе без искуство, луѓе со долгогодишно искуство, оние на високи позиции и оние на занаетчиски работи. Сите тие се таму и придонесуваат страницата Vrabotuvanje.com.mk да биде посетена повеќе од 500.000 пати месечно.

Овој број е во постојан пораст со години и сигурно е дека посетата ќе биде само поголема.

Кандидатите се информираат за вас

Истражувањето што го спроведовме, јасно покажува дека 7 од 10 кандидати прво ќе го погледнат профилот на вашата компанија, па дури потоа ќе одлучат дали да аплицираат во вашата компанија.

Ако некогаш сте се регистрирале на нашата страница, веќе имате профил што го посетуваат кандидатите. Ова е обично основен профил со вашите општи информации и може да се случи да генерирате голем број посетители во делот што не содржи скоро никакви корисни информации за кандидатите.

Пронајдете ја вашата компанија и проверете како изгледа вашиот профил ОВДЕ.

Во случај да немате пополнет и ажуриран профил, а вашата конкуренција има, постои голема веројатност тоа да е делумна причина што имате помалку апликации на некои од вашите огласи.

Тука е и вашата конкуренција

Свесни сме дека знаете кој е вашиот најголем конкурент во однос на вработувањето, кој е во зграда блиску до вас или кој работи на слични проекти. Ние веруваме дека го следите она што тие го прават и ние го поддржуваме тоа затоа што е добро да се има конкуренција. Конкуренцијата не мотивира да бидеме подобри.

Кога станува збор за регрутирање на кандидати, тоа е сериозна борба и честопати нијансите одлучуваат.

Замислете потенцијален квалитетен кандидат кој ви одговара и вам, но и на вашата конкуренција. Тој во моментов е на нашата страница на која дошол директно, преку Google или бил таргетиран од наша страна.

Тој кандидат, за кого вие и вашата конкуренција се борите, на вашиот профил не наоѓа информации за вашата компанија, а истовремено гледа пополнет профил на вашата конкуренција во која му се обраќаат вработените во таа компанија, чита нивни искуства и успешни приказни, гледа проекти, тимска дружба, бенефиции... Логично е дека шансите да се откаже од вас и да аплицира кај конкурентот се поголеми.

Да се ​​има активен профил на компанија не гарантира дека ќе вработите некого, но сигурно ќе се му се најдете на радарот во одреден момент.

SEO - Кратенка за Search Engine Optimization или процес на оптимизација на пребарувач

Во превод, колку е повисока вашата позиција во резултатите од пребарувањето на Google, толку се поголеми шансите да се слушне за вас.

Тест: во режим инкогнито на Google, напишете го името на вашата компанија + зборот работа (нашата статистика покажува дека кандидатите најчесто бараат работа користејќи вакви фрази).

Ако имате добро оптимизирана страница, обично ќе се појави линк до неа, а следно ќе биде линк до вашиот профил на нашата страница.

Нашиот веб-сајт е генерално добро оптимизиран и веројатно е дека вашиот профил на Vrabotuvanje.com.mk ќе се најде дури и над вашата веб-страница во резултатите од пребарувањето.

Имајќи предвид дека голем дел од посетата на профилите доаѓа од Google, а познато е дека сте осудени на пропаст доколку сте на втората страница од пребарувањето на Google, ние се грижиме тоа да не ви се случи.

Прилагодување на мобилни уреди

Посетата на сајтот преку мобилни уреди изнесува рекордни 80% и очекуваме оваа бројка да расте во нагорен тренд.

Се обидовме да ја прилагодиме целата содржина на мобилни уреди. Така, профилите на компаниите се целосно респонзивни затоа што сме свесни за важноста на видливоста на содржината во мал простор како што е екранот на мобилен.

Немате трошоци за одржување

Ваше е само да ни испратите содржина која редовно ќе се ажурираме. Ние ја одржуваме целата платформа. Зад оваа услуга стои цел тим кој е посветен на постојани подобрувања и современи предизвици со цел да биде во чекор со светските трендови.

Обезбедете информации за кои знаеме дека кандидатите се заинтересирани

Веруваме дека имате идеја како да ја претставите вашата компанија и како да го искористите просторот за Профил на компанија. Меѓутоа, ако ви кажеме дека кандидатите се најмалку заинтересирани за тоа како вашиот извршен директор ја основал компанијата и дека најмногу ги интересираат бенефициите што можат да ги очекуваат од вашата компанија како работодавач, ќе се изненадите.

Имате автономија

За да имате добар профил, не е потребно зад себе да имате сектор за корпоративни комуникации. Не е потребно ниту да ангажирате надворешни соработници. Не е потребно експерти да пишуваат текстови за вас, ниту да ангажирате професионални фотографи. Во повеќето случаи, веќе ја имате содржината. Ако не сте сигурни од каде да започнете, прашајте го последниот што дошол во вашата компанија - зошто се вработивте таму. Претворете го во текст и доставете ни го!

Големите меѓународни компании најчесто добиваат стратешки насоки од седиштето. Честопати овие упатства значат и забрани за отворање локални страници на Фејсбук. Во такви случаи, компаниите користат профил на компанија на Vrabotuvanje.com.mk, затоа што на тој начин успеваат да ја локализираат стратегијата преку најсилниот канал во Македонија, што е исклучително важно.

За стабилните компании кои се на добар пат, секогаш го препорачуваме профилот на компанија  како почеток на приказната и прв чекор во Employer Branding-от. За сите подетални информации за профилот на компанија на Vrabotuvanje.com.mk контактирајте не на karolina@vrabotuvanje.com.mk.

 

Добриот газда никогаш нема да дозволи да го изгуби вредниот работник

Доколку сакате да ги задржите вашите вработени внимавајте како се однесувате со нив. Постојат одредени работи што секого би го натерале да почне да прелистува огласи за работа и при првата можност да даде отказ.

Како ефикасно да водите мал бизнис

Секој тип на бизнис, од мал до развиен, носи одредени ризици и успешно водење на компанија е предизвик сам по себе. Секако, во согласност со развојот на бизнисот – различни се и предизвиците со кои може да се соочите.

Зошто шефот секогаш треба да зборува последен на состанок

Пред Џеф Безос да се повлече од функцијата извршен директор на Амазон во 2021 година, тој имаше практика да ги остави своите вработени да зборуваат први.

Работодавачот ги смислува, вие прифаќате а не ве плаќа дополнително - сте слушнале за „фенси менаџерски позиции“?

Дали некогаш сте се сретнале се некои позиции во вашата компанија и тоа за прв пат? Ако е така, самите носители на тие функции најверојатно првпат слушнале за тоа кога станале „горди сопственици“.

Како правилно да ги критикувате вработените

Дури и да сте искусен менаџер, најверојатно и вам ви е тешко да им кажете на вработените во која насока да се движат за да ја подобрат работата. Да го оценувате само доброто е лесно, сите сакаат комплименти. Но, како да постапите кога е неопходна критика?

Нов закон во Србија: Што ќе биде со оние што немаат лиценца за сметководители?

Деловни книги од оваа година ќе водат само агенции со најмалку еден лиценциран сметководител.

„Вработените имаат право да работат за конкуренцијата“ - една земја на пат да ја укине оваа клаузула

Американските власти се обидуваат да ги прогласат за незаконски договорите кои им дозволуваат на компаниите да ја ограничат способноста на вработените да одат на работа кај конкурентите, пренесува Би-Би-Си.

Истражување: Граѓаните во Србија очекуваат плата од 860 евра, за 100 евра повеќе од 2021 година

Граѓаните на Србија во просек очекуваат плата од 860 евра, за разлика од претходните години кога очекуваа 760 евра, покажува истражувањето на Инфостуд. Според податоците што ги собраа на Регионалниот саем за вработување, годинава платата е најважниот фактор за избор на работодавач, иако претходно меѓучовечките односи беа на прво место.

Што е потешко да се најде добар работник или работодавач!? – обуки тешко се прифаќаат, стручен кадар нема никаде...

Одливот на младите, како и на квалификуваните работници и од повозрасните групи граѓани благодарение на либерализацијата, или двојното државјаноство направија големи промени на пазарот на труд.

Проект менаџер: Најдобрите и најтешките делови од оваа работа!

Да се ​​биде проект менаџер значи да се има голема одговорност!

3 изговори кои работниците ги користат за да избегнат доаѓање на работното место

Додека повиците за враќање во канцеларијата стануваат се погласни, работниците бараат начин да „фатат кривина“.

9 вистини кои шефовите ги кријат од вработените!

Да се ​​биде добар шеф понекогаш значи да ги чувате вашите мисли и чувства за себе и да не ги споделувате со вашите вработени. Но, постојат девет работи кои понекогаш ги мачат дури и најдобрите шефови, но тие знаат дека е мудро да ги задржат за себе:

5 најголеми бизнис трендови во 2023 година: Подгответе се ВЕДНАШ!

Бизнисите се соочија со огромни предизвици и претрпеа неверојатни промени во текот на изминатите неколку години, а тоа изгледа нема да се промени и во 2023 година.

Вработените повеќе сакаат работа од дома отколку шефовите

Работниците низ светот поминуваат многу часови работејќи од дома и, всушност, би сакале да го прават тоа уште повеќе, покажуваат резултатите од новото германско истражување.

Ви недостасуваат добри идеи? Тестирајте го методот на овај успешен извршен директор

Хирш е ко-извршен директор и основач на компанијата за лекови на рецепт GoodRx. Тој верува во неговиот метод и вели дека еден од предизвиците е да се најде време да се биде сам.

Ако сакате вашиот бизнис да успее - вработете "провокатори" - Еве зошто!

Тие во идеално сценарио поттикнуваат љубопитност, соработка и заедништво. Но кои се ТИЕ!?

Инвестиција од 23,6 милиони евра: Во овај град се нудат одлични деловни можности за сите жени

Дигиталниот пресврт, одржливоста и заштитата на климата се теми кои многу ќе влијаат на пазарот на труд во главниот град на Австрија во наредните децении.

Работа од дома – кои се обврските на работниците, а кои на работодавачите?

Унијата на работодавачи на Србија побарала од наделжните носење на квалитетна рамка за новите облици на работа кои станале дел од праксата, како што е работата вон просториите на работодавачот, односно работата од дома.

Зошто пропаѓаат компаниите во кои менаџерите не сакаат да слушаат лоши вести ?

Дали некогаш сте работеле за менаџер или шеф којшто не сакал да слуша лоши вести? Дали некогаш се случило да кажат работи како „Не доаѓај кај мене со проблеми, дојди со решенија!“?

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more