Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

Registration

Наведената адреса на електронска пошта е веќе во употреба

При регистрирање на порталот Вработување и внесување на сите потребни податоци се појави грешка: „Наведената адреса на електронска пошта е веќе во употреба“Што значи ова?

Ова значи дека претходно сте се регистрирале на Вработување и нема потреба за повторна регистрација. Доволно е само да се најавите (логирате) на корисничката сметка на Вработување.

Тоа може да го направите со кликнување на „Пријавување“ во горниот десен агол на насловната на порталот или при пријавување на одреден оглас.

Каква лозинка користам при регистрирање?

Мора ли мојата лозинка да биде врзана со адресата на мојата електронска пошта? Има ли некакво ограничување или насоки за внесување на лозинка?

Лозинката ќе ја внесете произволно. Не мора да биде поврзана со адресата на вашата електронска пошта ниту постои одредена комбинација која мора да ја користите. Внесете лозинка која лесно ќе ја запомните за да имате полесен и поедноставен пристап до вашата корисничка сметка.

Како да се регистрирам?

Сакам да се регистрирам на Вработување како барател на работа за да можам да се пријавувам на огласи. Како може да се регистрирам?

Ако сакате да се регистрирате на Вработување, тоа може да го направите тука. За успешна регистрација треба да ги пополните сите задолжителни полиња (обележани со црвена ѕвезда). Откако ќе го потврдите крајот на регистрацијата (со кликнување на линкот „Зачувај“), на вашата електронска пошта ќе добиете линк за активација. Потврдете го линкот и слободно може да започнете да работите на порталот. Ако линкот не го добиете во инбокс, проверете во папката Junk/Spam.

Зошто е потребно да се регистрирам кога се пријавувам за оглас?

Претходно беше можно да се пријавите за оглас без претходна регистрација. Зошто не можам да се пријавам за оглас како нерегистриран корисник?

Од 20 декември 2011 година пријавувањето за оглас објавен на порталот Вработување е можно само со претходна регистрација. Доколку веќе сте регистриран корисник на порталот Вработување, за да се пријавите на оглас(и) доволно е да се логирате со вашата електронска пошта и лозинка.

Регистрацијата ви овозможува:

  • Брзо и полесно пријавување на оглас
  • Креирање на личен профил на Вработување (за детали погледнете тука)

Кога во сандачето на вашата електронска пошта ќе стигне потврда, кликнете на линкот и регистрацијата е завршена.

Линкот за активирање на корисничката сметка е неважечки.

Кога кликнувам на линкот за активирање, добивам порака дека линкот е неважечки. Како сега да се пријавам на Вработување?

По процесот на регистрација на порталот Вработување, нашиот систем испраќа линк за активација на адресата на електронската пошта која е наведена при регистрацијата.

Само откако ќе кликнете на линкот за активирање, вашата корисничка сметка за Вработување е активирана и подготвена за користење.

Доколку не сте кликнале на линкот за активирање во рок од три дена, линкот станува неважечки и вашиот систем јавува порака дека линкот за активирање е неважечки. Во таков случај, треба да го повторите процесот на регистрација на нашиот портал. Исто така, ако кликнете на линкот два пати (doubleclick) ќе добиете известување дека линкот е неисправен.

Доколку имате проблем со линкот за активирање, контактирајте нè преку дадениот образец.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more