Business news
Тиквеш со промена на директорската позиција
Бранка Славеска не е повеќе директорка на Тиквеш
Таа заклучно со крајот на месецов спогодбено го завршува ангажманот поради лични семејни причини. Прекинот на ангажманот е спогодбена својата професионална кариера ќе ја продолжи во странство.
Од компанијата оваа информација ја споделија преку берзата:
„Надзорниот одбор на Винарската визба Тиквеш на седница на одборот донесе одлука за спогодбено прекинување на функцијата на досегашната генерална директорка Бранка Славеска заклучно со 30.09.2024. Одборот одлучи и дека до изборот на нов генерален директор на ВВ Тиквеш, функцијата генерален директор ќе ја извршува претседателот на Управниот одбор на компанијата.
На позицијата Славевска дојде лани во јануари. До изборот на нов генерален директор на Тиквеш, функцијата генерален директор ќе ја извршува претседателот на Управниот одбор на компанијата, Светозар Јаневски.
7 работи што треба да ги знаете за Employer Branding-от
Начинот на кој ги третираме вработените може да има огромни последици за нашиот имиџ во јавноста.
- Половината од трошоците за вработување и обука се намалуваат ако компанијата има одлична репутација.
- 55% од потенцијалните апликанти одлучуваат да не аплицираат на оглас откако прочитале негативни рецензии за тој работодавач.
- Компаниите со лоша репутација во просек имаат 10% поголеми плати за да го надокнадат брендирањето на работодавачот.
- Високите 92% на вработените би сакале да работат во компанија со подобра репутација и да ја напуштат својата моментална работа.
- Три најчести платформи за ширење на гласот за добриот имиџ на работодавачот се веб-страниците (69%), професионалните мрежи и портали (61%) и социјалните мрежи (47%).
- 59% од водечките регрутери работат на зголемено инвестирање во брендирањето на работодавачот и го гледаат како основа на општата HR стратегија на компанијата.
- Откако чуле за лошиот третман на вработените, дури 64% од потрошувачите престанале да купуваат услуги или производи од таа компанија.
Овие податоци можат да ви послужат за освестување на важноста на брендирањето на работодавачот и да започнете со активности со кои ќе избегнете наведените ситуации.
Што прават банките кога клиентот нема пари да го врати кредитот?
Иако банките ги вршат сите потребни кредитни проверки пред да одобрат заем, се случува, особено во услови на криза, клиентот да ја изгуби работата и да не може да го врати долгот кон банката. Во краен случај, банката поведува судски спор за наплата на долгови со продажба на движен или недвижен имот.
Меѓутоа, пред да се прибегне кон судски спор, банката ќе се обиде да направи некаков договор со клиентот за наплата на побарувањата.
Доколку клиентот не е во можност да ги подмири обврските по основ на кредитот што е во употреба кај банката, најдобро е веднаш да се обрати во неговата банка и да го запознае со новонастанатата состојба.
Доколку не го стори тоа, клиентот ризикува да заостане, што има последица дека банката ќе мора да го пријави клиентот во Кредитното биро како нерегуларен и на тој начин клиентот ќе биде неспособен да се кредитира за кој било друг банкарски заем или кој било друг банкарски производ.
Доколку клиентот доцни и нема договор со банката за репрограмирање, банката ќе се обиде да наплати од расположливите инструменти за обезбедување, а доколку не успее, ќе поведе тужба за наплата на долгови од клиентот со продажба на неговиот движен или недвижен имот.
Банката ќе го испрати првото предупредување до клиентот кој доцни со подмирување на обврските (до 30 дена од датумот на доспевање на ратата). Банката ќе стапи во контакт со клиентот, прво телефонски и ќе го потсети да ги подмири достасаните обврски. Доколку не го стори тоа, банката ќе го предупреди клиентот писмено, писмо или е-пошта, а доколку нема одговор и реакција од клиентот, банката ќе го извести дека е принудена да ги активира достапните безбедносни инструменти (плаќање од гарантот, активирање на рачен залог, со активирање на хипотеката…). Доколку и на тој начин банките не го наплатат долгот, следен чекор е да поведат судска постапка за присилна наплата.
Задолжителната наплата на кредитите се врши врз основа на судска извршна постапка.
Надлежен е судот да определи извршување со решение, а јавниот извршител или судот има обврска да изврши наплата. Во извршната постапка мора јасно да се идентификуваат странките и да се знае против кого се спроведува извршувањето, а во чија полза исто така. Учесници во постапката можат да бидат и трети лица кои тврдат дека имаат право на предметот на извршување со цел тој случај да се исклучи од извршната постапка.
Во случај на одобрување на кредитите кај гарантот, тој главно се контактира за да се предупреди дека клиентот на банката, на кој тој му е гарант, не го враќа кредитот и дека постои можност банката да ги подмири своите побарувања од гарантот и дека гарантот во тој случај има потполно иста одговорност кон настанатиот долг како клиентот.
Кај кредитите одобрени без жиранти, комерцијалната банка контактира со работодавачот на работникот, со цел да провери зошто не се исплаќаат ратите на кредитот (ако работодавачот тоа го направил при исплатата на месечните плати), односно директно да воспостави систем за рата на кредитот кај работодавачот, кој ќе ја одбие бараната исплата на месечна основа при исплатата на платата на работникот.
Банката согласно договорот за заем, со кој е предвидена и регулирана и оваа област, пресметува и наплатува камата на сите достасани и неподмирени обврски, до конечна наплата на вкупниот долг.
извор: pari.com.mk
Не е важно колку заработувате, туку како трошите!?
Дали би биле посреќни и поисполнети да добиете зголемување на платата за 50 или дури 100 отсто? Дали тоа би ве направило среќен, на ден пет или десет, или би сте имале чувство на поисполнет живот?
Дали би биле посреќни и поисполнети да добиете зголемување на платата за 50 или дури 100 отсто? Дали тоа би ве направило среќен, на ден пет или десет, или би сте имале чувство на поисполнет живот?
Можеби сега климање со главата како знак за потврда, но психолошкото истражување кое се спроведува со години и се занимава со поврзаноста помеѓу зголемувањето на приходите и чувството на среќа, кажува нешто друго.
Меѓу другите, психологот Гордон Браун и економистот Џон Гутергуд се посомневаа во сите овие докази и претпоставки дека зголемената плата води до сигурно чувство на исполнетост и среќа. Тие во своето истражување ја вовеле потрошувачката, поточно моделите на потрошувачка и барале врска помеѓу начинот на кој се трошат парите и чувството на задоволство и среќа.
До какви заклучоци дојдоа Браун и Гутергуд?
Промените во потрошувачката, а не приходот, влијаат на промените во задоволството од животот. Трошењето пари на хоби, одмори или облека всушност има најсилен ефект.
На овие резултати може да се додадат резултатите од истражувањето на Кембриџ од пред пет години, кое покажало дека сте посреќни доколку трошите на вашите интереси, производи и активности кои се во склад со вашата личност. Разбирливо, ништо ново, но она што изненади е дека ќе бидете поисполнети и посреќни ако заработените пари ги потрошите на нешто искуствено (театар, патување, вежбање), наместо на парче мебел или облека. И, уште поважно, ќе бидете посреќни ако платата што ја имате ја потрошите на вашите интереси, отколку ако вашата постоечка плата се удвои, а ја потрошите на електроника, чевли или мебел, пренесува Bonitet.com.
А што ако го споредиме побогатиот слој на населението и неговото искуствено трошење и помалку богатите луѓе и нивните пари кои ги трошат на исти работи?
Богатите се декларирале посреќни купувајќи „искуства“ во споредба со купување материјални работи. А, луѓето со пониски примања пријавиле исто толку или уште повеќе среќа и чувство на задоволство кога ги трошат парите што ги заработуваат на кино, дружење или патување. Затоа, висината на платата не е виновна за вашето чувство на незадоволство. Барем кога се работи за просечни и повисоки вредности. Зголемувањето на платата нема да ви гарантира чувство на среќа. Она што го правите со парите кои ги заработувате е всушност клучот и игра поголема улога во вашиот живот, секојдневието и целокупно кога сето тоа ќе го соберете.
Дојдена е новата ера на „Реплек“ - Интервју со Генералниот директор Душан Пецовски
„Нашата цел е Реплек да е најдобар, најквалитетен и најдобро место за работа“
Роден е во Скопје, како дете сонувал да стане архитект,за себе вели дека е бунтовник кој сака предизвици. За него лидерство е да си искрен, скромен и вистински да веруваш во тоа што го правиш. Преферира да делегира одлуки, но бара одговорност и остава простор за самоиницијатива кај врботените. Течно зборува седум јазици и има завршено два факултета. Школувањето во Франција и Австрија го научиле дека да заминеш во странство е само една можност за успех, но не и гаранција за успех.
Прочитајте го разговорот со Генералниот Директор на „Реплек“, Душан Пецовски во кој зборува за новиот концепт на Реплек - од пациенти на конзументи, за ребредирањето на компанијата, за потребата од транспарентност и искреност во бизнисот, за новите млади сили кои доаѓаат на пазарот на труд и за девизата Бројот на вработени не е толку важен колку што е важен квалитетот и нивните квалификации....
- Роден сум во Скопје Македонија, а израснав во Виена, Австрија. Високото образование го завршив во Гренобл, Франција. Како дете сонував да станам архитект, уживам да создавам убави, функционални и корисни проекти, ме фасцинира перфекцијата, логиката и естетиката, веројатно воден од фамилијарната традиција на мојот дедо – архитект и татко - инженер, моите животни идоли.. Инаку, јас течно зборувам седум јазици, имам завршено економски факултет, факултет за компјутерски науки и сум магистер по финансии и магистер по бизнис администрација.
Иако првенствено одењето на школување во странство е стекнување знаење во образовниот процес, која е онаа животна школа на која се учи студент во странство?
- Најнапред научив да ја ценам можноста што моите родители ми ја пружиле да се едуцирам во светските центри како Виена и Гренобл, привилегија што ретко кој ја има. Рано научив дека да заминеш во странство е само една можност за успех, но не и гаранција за успех. За да направиш успешна кариера треба голема жртва, многу труд и верба во себе. Таму не те познава никој и не познаваш никого, нова средина, нова култура, нов јазик, се зависи од тебе, па така и успехот кој што ќе го постигнеш. Исто така научив сам да водам домаќинство и покрај студирањето самостојно да се грижам за домот и за себе. Таму имав шанса да работам за успешна трговска компанија и за најуспешната австриска банка – Рајфајзен Банк. Огромно искуство кое од студент ме трансформираше во успешен деловен маж.
Бевте ли во дилема дали да останете во странство или да сe вратите во Земјава што беше пресудно за носење на одлука?
-Мојата професионална кариера во Австрија одеше постепено во нагорна линија, трасата беше предвидлива, а самиот систем ми даваше многу можности. Но, мојот карактер по природа е бунтовен и како човек го сакам предизвикот и постојано сум во потрага по нови достигнувања. Да бидеш успешен во организиран систем како Македонец во Австрија е голем успех, но да бидеш успешен и да создадеш систем со трајни вредности и светски стандарди во македонска компанија во нашата земја и истата да ја искачиш на светско ниво е веќе друго скалило – токму тоа ме предомисли кога пред 12 години ја добив понудата да се вработам во Реплек.
Да се застане на чело на компанија која има богата историја и бренд кој треба да исполни одредени очекувања и на пазарот и кај консументите, е еден огромен предизвик имавте ли дилеми околу стапувањето на функцијата и што беше она пресудно „ДА“?
- Челната позиција на оваа престижна компанија не ми беше понудена од никого, ниту ми падна од небо, едноставно таква можност не постоеше во тогашните околности. За истата се изборив макотрпно, долго и праведно, а секако имав огромна подршка од мнозинството акционери и вработени. Она што ме водеше по овој пат е вербата во себе, во Реплек и пред се во вработените. Јас го гледав она што други неможеа да го видат, а тоа е огромен неискористен потенцијал. Бев убеден и сеуште сум дека Реплек заслужува многу повеќе.
Важите за еден од најавтентичните претставници на новата бизнис генерација во земјава, кој е вашиот стил на раководење што ве издвојува од останатите и која е вашата цел – каде да стигне Реплек?
- Пред се ви благодарам за комплиментот и препознавањето на моите особини. Она што вие го нарекувате автентично за мене значи да не се плашам да го кажам своето мислење и да имам став зад кој цврсто стојам. За мене лидерство е да си искрен, скромен и вистински да веруваш во тоа што го правиш. Преферирам да делегирам одлуки, да барам одговорност и да оставам простор за самоиницијатива. Несум човек што единствено издава наредби и очекува тие да се извршат без поговор. Сакам да сум опкружен со паметни и оригинални луѓе кој не се плашат да го кажат своето мислење. Сакам да слушнам што имаат да кажат другите. Колку што сум скромен во сопствените барања и потреби, толку сум поамбициозен во очекувањата и барањата од и кон моите колеги. Секогаш го очекувам максимумот и сакам истиот да го извадам од луѓето, верувам во најдоброто од нив. Нашата цел не е Реплек да биде најголем, да има најмногу вработени или пак да има најголем профит. Нашата цел е Реплек да е најдобар, најквалитетен и најдобро место за работа. Повеќе сме фокусиран на суштината и содржината. Сакаме да оставиме траен белег и да создадеме додадена вредност за општеството и татковината.
Во вашите интервјуа еден збор преовладува кога зборувате за функционирање на Реплек - транспарентност – на што точно мислите и кои се придобивките од тоа?
- Одлично сте забележале. Транспарентност за нас значи да немаш што да криеш, да си искрен во своите намери и да не се срамиме од сработеното. Чесни сме и го сакаме општото добро, па затоа сакаме истото и да го споделиме со пошироката јавност, со сите стејкхолдери, со институциите, со медиумите, со соработниците, со вработените и со акционерите. Токму тоа е и суштината на корпоративното работење, довербата не се стекнува преку ноќ и без причина, истата треба да ја заработиме и оправдаме со тоа што ќе бидеме отворени, искрени и добронамерни.
Како ќе дефинирате типичен Македонски бизнисмен?
-Не верувам дека има еден тип на македонски бизнисмен, има секакви примери, и добри и лоши. Она што за мене е важно е од кој побуди и за кои цели го води бизнисот, кој се намерите и што е целта на неговото делување. Дали со работењето се прави некаква разлика и промена во средината во која што оперира. Каков пример е тој илитаа за вработените и соработниците. Каков белег ќе остави зад себе.
После вашето стапувањето на функција се случи и ребрендирање на Реплек, се промени и логото но и слоганот. Го направивте ова стихјно некако, без голема галама и без големи најави – зошто се одлучивте за ваков потег?
-Времињата постојано се менуваат, па така и трендовите и навиките. Новото лого, бренд и слоган на Реплек ги отсликуваат добрите промени, новата енергија и новиот дух на компанијата. Токму затоа се одлучивме и на таков чеков, визуелно да го демонстрираме тоа. Сепак, поважно е да се потенцира дека вие може да промените се - лого, бренд, слоган, но доколку не ја промените содржината и суштината на вашето работење, тогаш не сте направиле фактички ништо. Затоа се одлучивме за тивка и мирна трансформација - внатрешните и надворешните стејкохоледи да се навикнат на промената. Со постепеното подобрување на работењето, подобрување на перформансите и деловнирте резултати, како и работните услови покажавме и докажавме дека новата ера на Реплек е дојдена.
Дали менувањето од слоганот „Вашето здравје е наша обврска“ во „За мое добро“ значи дека Реплек во иднина ќе понуди и други производи кои нема да бидат само дел од фармацевтската индустрија?
- Ова ваше прашање навистина ме радува. Токму така. Реплек има нова стратегија и нов концепт, ние преминавме од лекување на превенција, и од пациент на конзумент. Целата наша визија е во фокус на добросостојбата на нашите потрошувачи и истите ги пратиме во текот на целото нивно секојдневие, дали во утринските навики, на работа, на спорт, или пак во слободното време, природа и патување. Нашата приказна вклучува здравје, убавина, долговечност, виталност, спокој, активност... Ги вклучува сите возрасни групи, од најмладите до највозрасните. Реплек е со тебе во текот на целиот ден.
Кој е производот кој ќе го форсирате во иднина или на која линија ќе и го дадете приматот за раст и развој?
- Како што напоменав во одговорт на предходното прашање, фокусирани сме нанеколку таргет групи, така што имаме и неколку сегменти на производи во линиите на лекови на рецепт, лекови без рецепт, додатоци на исхрана, козметика со канабис или пак масло од канабис. Секоја линија си има еден до два препознатливи брендови, а меѓу најпопуларнитесекако се бренодвите: Вентор, Неуро-Вит, Парафен, Адолор, Актифен, Оралсепт, Форвита, Канабо и Каноил.
Од нашата анализа на вашите огласи на сајтот vrabotuvanje.com - посетата апликациите, заинтересираноста, спаѓате во групата на посакувани работодавачи, што го прави Реплек атрактивен работодавач на пазарот на труд?
- Многу ни е драго што е така, многу нѐ радува овој тренд и препознатливоста на Реплек на пазарот на труд. Покрај тоа што го цениме искуството и зрелоста на нашите долгогодишни вработени, паралелно се ориентираме кон потребите на младите. Трендовите се менуваат, па така се менуваме и ние и ги следиме, односно се трудиме да ги предвидиме истите. Знаеме, почитуваме и се согласуваме дека младите кадри сакаат слобода, независност, можности, креатива, самоиницијатива, неформалност и уникатност, па се стремиме и сакаме да го овозможиме истото, со цел да го охрабриме најдоброто во нив.
Последната статистика вели дека имате околу 400 вработени, која е стратегијата за проширување на бројот на вработени, производствени погони, земјите во кои ќе извезувате сл.?
- Секако дека сме во постојан циклус на инвестиции, раст и проширување и постојано се отвораат нови работни места и се бараат кадри со добри перформанси, висока мотивација, голема амбиција и оригинален пристап. Но, сакам да потенцирам дека бројот на вработени не е толку важен колку што е важен квалитетот и нивните квалификации. Затоа исклучиво се стремиме кон квалитет, наместо кон квантитет.
Кога од сите страни се слуша „економска криза“, кај секој еден раководител се јавува потреба од реакција, планирање и стратегија. Штедење или инвестриње? Каква е стратегијата на Реплек ?
- Стратегијата на Реплек е да не чека кризи, па потоа да се менува. Ние постојано се преипитуваме, се проверуваме, предвидуваме и превенираме можни удари и поместувања во тековното работење. Кризи имало, има и секогаш ќе има, нашиот пристап е да ги предвидиме и да ги минимизираме или елиминираме штетите од истите. Не се „успиваме“ на постигнатите успеси.Компанијата ја водиме домаќински, со голема претпозливост, некомпромитирајки го развојот, инвестициите и растот. Амбициозни сме, но внимателни.
Накратко:
Ако компанијата Реплек треба да ја претставите во марка автомбил - која би била?
-Јагуар – елегантен и безвременски./ Модерен, но истовремено и класичен
Ако Реплек би бил некое животно кое би бил?
-Орангутан – најпаметното животно на светот
Ако Реплек е човек која возрасна доба би бил?
-Бунтовник
Ако треба да ја претставите Реплек во една боја која би била?
-Shade of cyan – нашата заштитна боја
Опишете го Реплек со еден збор.
-Zeitgeist – духот на времето
Како да ја намалите нервозата пред интервју за работа?
Кога одите на разговор за работа, немојте да имате нешто друго на ум.
Неажурираните сметки во банките оставија без пари дел од граѓаните
Банките овозможуваат и електронски да се ажурирате и наплатувate за деблокада на сметката, но постарите граѓани кои не го користат електронското банкарство мора да ја завршат оваа обврска на банкарските шалтери. Од Организацијата на потрошувачите, потврдија дека имаат вакви поплаки.
Дел од граѓаните кои пред Нова Година, сакале да подигнат пари од сметка, се соочиле со блокирани сметки, а причината е што не ги ажурирале податоците. Во зависност од банката, обврската да пријавите било каква промена на личните податоци е периодична на 3 до 5 години, но граѓаните се револтирани што никој не ги известил или барем да ги потсетил дека се должни да го сторат тоа.
– Замислете дека треба да патувате или дека итно ви требаат пари, а сметката ви е блокирана. Многу граѓани се револтирани дека не биле известени за тоа дека мора да ги ажурираат податоците. Особено е критично кај постарата генерација, која не ракува со технолошките алатки, па за секоја услуга треба да застане пред шалтер. Како што банките треба да ги усогласат роковите, така не смее да затаи и известувањето.
Она што најмногу ги револтира клиентите е што никој не ги известил дека треба да се ажурираат за да ја избегнат блокадата на сметката. Оттука и најчестите прашања на веб страниците на банките се дали по ажурирањето, сметката ќе биде веднаш активирана, без разлика дали тоа ќе се случи на шалтер или онлајн?
Граѓаните се прашуваат како банките ги наоѓаат да им соопштат дека им е намален дозволениот минус на сметката, а не ги известуваат дека им поминал рокот за ажурирање?
ПРОЧИТАЈТЕ: Разработена шема преку хуманитарни акции - не праќајте лични податоци на непознати луѓе!
Обврската за ажурирани податоци е според Законот за спречување на перење пари и други приноси, кој е основа на Управата за финансиско разузнавање преку редовно ажурирање на податоците на граѓаните и на фирмите во банка, да контролира го финансискиот криминал. Банките се должни да работат под ваквата контрола на Управата, во спротивно вршат кривично дело.
Пред речиси три години за време на пандемијата, стотици граѓани кои беа на списокот за добивање државна помош од шест илјади денари, останаа без овие пари бидејќи не им беа ажурирани сметките. Банките имаа обврска на 26-ти декември 2020 година, да ги вратат назад во буџетот парите од овој пакет на помош, ако граѓаните претходно немаат сметки. Граѓаните беа максимално револтирани, бидејќи ова правило не беше јасно кажано од Владата, иако беше објавено на веб страниците на сите комерцијални банки.
извор: bankometar.mk
Наскоро нова монета од две евра!
Новата монета од две евра со мотивот на Елбфилхармонијата ќе излезе на 24 јануари. Бундесбанката најави дека треба да бидат пуштени во оптек до 30 милиони вакви монети.
„Ние ја сакаме Елбфилхармонијата – и наскоро ќе можете да платите со неа“, твитна во финансискиот сенатор од Хамбург.
Ковањето нови монети е во полн ек во Хамбург.
Прочитајте: Две монети кои многу личат на еврото се користат за измама – еве на што да внимавате
Монетите постепено ќе бидат пуштени во оптек како дел од вообичаените парични потреби на банките и трговците и затоа порано или подоцна сите монети ќе се појават во платежниот промет. Новите монети го означуваат почетокот на серијата монети „Bundesländer II“, во која секоја година се одликува една сојузна држава со издавање на монета од 2 евра со препознатлив симбол.
Новата серија особено се фокусира на културниот идентитет и регионалните карактеристики на одделни земји. Новата монета од 2 евра ја дизајнираше уметникот Михаел Ото од Роденбах.
Елбфилхармонијата е концертна сала и културен споменик во Хамбург.
Со површина од 120.000 квадратни метри, таа е една од најголемите германски концертни сали и 54-та највисока зграда во Германија.
извор: vecer.press
Како ќе се пресметува „Солидарниот“ данок и кој мора да го плаќа!?
Солидарен данок, наместо данок на добивка. Ова ќе биде новото име за давачката која ќе ја плаќаат успешните македонски компании кои во време на кризата оствариле екстра профит.
По реакциите на бизнисмените дека ниту еден закон не смее да важи ретроактивно - ако останеше старото име и начин на пресметување, односно задржување дополнителен данок на добивка од нето добивката за 2022 година ќе беше противуставен и неприменлив, велат за Сител даночните експерти.
Данокот со ново име ќе ги опфаќа компаниите со вкупен приход поголем од 10 милиони евра за 2022 година, а ќе се пресметува од иста даночна основа како што беше планирано, но ќе се плаќа и ќе биде трошок на 2023 година. Засега постојат два модели за кои се разговара, првиот е како основа да утврди разликата меѓу даночната основа на данокот на добивка после намалување за 2022 та година и просекот на даночна основа за 2017, 2018, 2019 и 2021 поделено со 4 и зголемен за 20%, а вториот е да се пресметува како разлика од просекот на овие големини за 2021 и 2022 и просекот за 2017, 2018 и 2019 зголемен за 20%.
Даночната стапка што ќе се применува на оваа разлика изнесува 30% и ќе мора да се плати до 30 април годинава.
Прочитајте: До кога ќе поскапуваат становите? Квадрат во Скопје стаса и до 2.200 евра
Според владините пресметки, солидарниот данок ќе опфати над 180 компании., а во буџетот ќе се соберат околу 90 милиони евра – пари кои ќе бидат наменети за граѓаните и стопанството полесно да ја пребродат кризата.
"Тесла" мета на критики поради предолгото работно време на работниците
Тесла не прави доволно за да ги подобри работните услови и остава премалку време за одмор, семејство и закрепнување
Компанијата Tesla се најде на удар на германскиот синдикат IG Metall и политичарите поради наводите на работниците за неразумно работно време и стравувањата поради тоа што зборуваат во фабриката во Бранденбург, а некои повикаа на истрага за производителот на автомобили.
Работниците, исто така, се повеќе се плашеа да разговараат за нивните работни услови отворено поради договорите за необјавување на кои им беше кажано да ги потпишат заедно со нивните работни договори, рече ИГ Метал.
Прочитајте: Германец спиел зад волан додека полицијата ја бркала неговата Tesla
Новата улога објавена на веб-страницата за кариера во Тесла за „истражувач за безбедносно разузнавање“, кој ќе биде партнер со правните и одделенијата за човечки ресурси за да спроведе „собирање информации на терен и во и надвор од ѕидовите на Тесла со цел да ја заштити компанијата од закани“, ја влоши оваа загриженост.
„Тесла не прави доволно за да ги подобри работните услови и остава премалку време за одмор, семејство и закрепнување“.
Тесла во Кина, исто така, побара некои вработени да потпишат договори за необјавување, според два извори со знаење за ова прашање. Ројтерс пронајде неколку луѓе на LinkedIn со наслов „истражувач на безбедносно разузнавање“ кои работат за Tesla во Остин, Сан Франциско и Шангај.
извор: pari.com.mk
Мате Римац го отвори првиот изложбен салон во Европа
По неколку вакви простори низ светот, конечно дојде време Европа да има салон на Rimac Automobile. Како што соопштија од самата компанија, новиот салон е отворен во Брисел, а е создаден во соработка со продажните претставници на Rimac Automobila за подрачјето на Белгија и Луксембург.
Тие објаснуваат како салонот во Брисел комбинира најсовремена технологија со атмосферски дизајн и им овозможува на посетителите целосно искуство на Rimac во приспособувањето, нарачувањето и подигањето на Nevera – и идните хиперавтомобили Rimac.
Како дел од соработката со D’Ieteren, новиот простор ќе обезбеди целосна поддршка по продажбата за сопствениците на хиперавтомобили на Rimac користејќи дијагностички алатки развиени од тимот на Rimac заедно со целосно дигитализирани услуги по продажбата. Овој нов современ изложбен салон е уште еден додаток на растечката мрежа на партнери, рече тој.
Римац имаше несекојдневна 2022 година и со отворањето на вратите на нашиот нов простор во Брисел, влегуваме во 2023 година со целосна самодоверба и позитивност. Следните 12 месеци ќе претставуваат уште еден важен развојен период за Rimac.
Прочитајте: Кога го основав Bugatti Rimac, сакав да работам бесплатно
Понатамошниот раст на нашата партнерска мрежа доаѓа во важен момент за брендот Rimac, по испораките на Nevera низ целиот свет. Нашиот нов простор фокусиран на клиентите во Брисел, симболичното срце на Европа, ќе го претстави Rimac со нови клиенти, делувајќи како физичка точка на допир со нашиот бренд и можностите на Nevera, додаде Mate Rimac.
Со отворањето на салонот во Брисел, D’Ieteren станува 23-ти глобален партнер за продажба на Rimac Automobile, додавајќи го експанзивното влијание на брендот низ Европа, Америка, Блискиот Исток и Азија. Секое партнерство е внимателно избрано за да им обезбеди на клиентите искуство со продажба и сопственост од светска класа.
Надополнувајќи го отворањето на новиот салон, Nevera ќе се гордее со своето место во салонот D’Ieteren на салонот за автомобили во Брисел од 14 до 22 јануари.
извор: pari.com.mk
Дали знаете кои услови треба да се исполнат за еврото да стане домашна валута?
Зачленувањето во Европската Унија (ЕУ) и пристапувањето во еврозоната се два различни процеси. Влезот во ЕУ не значи по автоматизам и примена на еврото како домашна валута.
Во ЕУ уште постојат земји членки кои не ги исполниле условите за еврото да стане платежно средство во рамки на нивните граници, но има и земји што одлучиле и натаму да ги користат домашните валути.
Во Европа постојат и примери на држави кои не се дел од унијата, а во кои еврото е платежно средство. Во продолжение ви даваме преглед каде се применува еврото како валута и кои услови за тоа треба да бидат исполнети.
Мастришки критериуми
Европската унија предвидува пет услови познати како Мастришки критериуми, што секоја земја треба да ги исполни за да го користи еврото како домашна валута. Тие се усвоени во 1992 година.
Станува збор за инфлација не повисока од 1,5% од трите најдобри држави во Европската унија, низок буџетски дефицит до 3% од БДП, јавен долг до 60% од БДП, стабилен девизен курс и долгорочните каматни стапки на државните обврзници да не бидат повисоки од 2 отсто од тие во трите најдобри држави во ЕУ.
Хрватска од 1 јануари го користи еврото
Хрватска е дваесеттата држава во Европа која го користи еврото како домашна валута. Претходно Европската унија донесе одлука според која Хрватска може да стане дел од еврозоната. Хрватските граѓани можат да плаќаат во куни уште две недели по воведувањето на еврото, но кусурот го добиваат во евра.
Во кои земји од ЕУ се применува европската валута?
Најголем дел од земјите членки на ЕУ го применуваат еврото. Во моментов тоа се: Австрија, Белгија, Естонија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија. Луксембург, Малта, Холандија, Луксембург, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Грција и Грчката Администрација на Јужен Кипар.
Пет членки на ЕУ освен Хрватска се уште не се дел од еврозоната. Главно поради тоа што не ги исполниле условите. Има и држави кои од свои причини не го вовеле еврото. Меѓу оние кои не ги исполниле условите се Чешка, Бугарија, Романија, Унгарија и Полска.
Шведска и Данска исто така не го користат еврото туку имаат свои валути. Граѓаните на Шведска во 2006 година на референдум се изјаснија против користење на еврото. Данска ја користи можноста една држава членка да биде исклучена од примената на некои договори во Европската унија. Затоа ја задржа својата валута.
Црна Гора преговара со ЕУ, но го користи еврото
Црна Гора е земја која ги има отворено преговорите со ЕУ. Таа во 1999 година го напушти динарот и прво ја користеше германската марка како платежно средство, а подоцна по нејзиното укинување премина кон еврото. Тогашната одлука на црногорските власти уште во заедницата Сојузна Република Југославија се одлучиле на ваков чекор за да ја избегнат големата инфлација која тогаш се случуваше во Србија.
Црногорската Влада само одлучила прво да купи доволни количини германска марка, а потоа евро за да се вршат плаќања во Црна Гора со оваа валута. Непознато е дали ЕУ при зачленувањето на Црна Гора ќе побара од неа да воведе своја валута, па потоа да ги исполни критериумите за воведување на еврото.
Одлука на УНМИК за Косово
Слична е ситуацијата и со Косово. И оваа држава од 1999 година ја користи германската марка како платежно средство, а од 2002 година и еврото. Позадината на ваквата одлука се должи на високата инфлација на динарот во Србија и конфликтот на Косово во 1999 година.
Во 1999 УНМИК донел одлука за користење на странски валути на Косово иако динарот официјално никогаш не бил укинат. Косово е потенцијален кандидат за членство во ЕУ.
Нов закон во Србија: Што ќе биде со оние што немаат лиценца за сметководители?
Деловни книги од оваа година ќе водат само агенции со најмалку еден лиценциран сметководител.
Ова е предвидено со Законот за сметководство во Србија. Според податоците на Здружението на сметководители и ревизори, нивното уверение во моментов го поседуваат 34.283 колеги. Податоците од Агенцијата за економски регистри се малку поинакви. Во моментов, се регистрирани 2.687 даватели на сметководствени услуги.
Толку многу компании и претприемачи, кои се регистрирани во Регистарот на даватели на сметководствени услуги, имаат дозвола издадена од Комората на овластени ревизори за давање на овие услуги. Некои сметководители бараат одложување на примената на законот, но од Здружението одговараат дека бројот на стручни лица е доволен за потребите на српската економија.
“Има десет пати повеќе сметководители со професионално звање отколку што предвидува законот” - смета генералниот секретар на Здружението на сметководители.
Законот предвидува дека е доволно еден вработен или сопственик на фирмата, односно претприемач да има лиценца. Сите оние кои ja немаат, имаат шанса да го полагаат испитот што го организира Здружението на сметководители и ревизори на Србија. Се проценува дека во Србија има меѓу 7.500 и 8.000 сметководствени фирми и претприемачи. Студентите кои полагаа последниве години тврдат дека не е лесно да се дојде до оваа „тапија“.
Сите вработени државно ќе имаат иста плата, еве кој ќе има најголема!
Единствениот национален регистар на прописи го објави предлог Законот за системот на плати, во кој треба сите вработени во јавниот сектор и функционерите да имаат горе-долу еднакви плати според компетенциите.
Во Законот, за кој Владата вели дека засега е само драфт-верзија, се вели дека одредбите се задолжителни и дека ги опфаќа и независните државни органи, јавните претпријатија и сите избрани и именувани функционери, или практично сите вработени во јавниот сектор - а станува збор за околу 150.000 од нив.
Во член 6 има начело на еднаквост според кое на вработените треба да им исплаќа еднаква плата за иста работа кога ќе се утврдуваат посебните платни системи за секој државен сектор посебно.
Разните институции, само доколку имаат буџет за тоа, на основната плата на работниците, ќе може да им исплаќаат додатоци како, на пример, за задржување на кадар, тимски бонуси, за работа изложена на висок ризик, за ноќна работа, за работа од ралечина и за работа во смени, итн.
Ќе ве интересира: Плата до 35.496,00 денари: Министерство за здравство вработува 10 службеници
Сите вработени ќе добиваат плата така што минималната плата ќе се множи со одреден бод, откако претходно ќе се направи класификација на работните места со владина уредба, а вредноста на бодот за нивото на работно место пишува дека е единствена за сите вработени во јавниот сектор. Тоа ќе го изгласува Собранието на предлог на Владата еднаш годишно во период кога ќе се носи и државниот буџет за следната година. Ќе се споредуваат и платите со приватниот сектор и ќе се прават табели со називи на работни места кои ќе ги утврдува секоја институција посебно.
За максималните плати, оние на раководителите и на најплатените, ќе се утврдува „Коефициент за утврдување на максимални плати и коефициент на корекција“ во различните платни потсистеми. Коефициентите ќе ги утврдува Владата самостојно со уредба по сугестија на Министерството за финансии. Сепак, во посебен член се вели дека максималните плати нема да се намалуваат доколку се поголеми од донесениот коефициент, туку дека во тој случај, нема да се зголемуваат со растот на минималната плата.
извор: faktor.mk
ТИРЗ годинава со најмногу вработувања и најголеми резултати откако постои!
Само во текот на минатата година во технолошко индустриските развојни зони се отворени над 2.000 нови и добро платени работни места.
Германски гигант вработува 25.000 луѓе: Не мора ни да го знаете јазикот
Германската национална железничка компанија Дојче Бан (ДБ) сака да вработи 25.000 работници оваа година.
Околу 9.000 работници ќе бидат распоредени на нови работни места кои штотуку се воведуваат, пишуваат германските медиуми, пренесуваат од магазинот Феникс.
Според директорот на ДБ, целта е да се подобри квалитетот на бизнисот, да се удвои бројот на патници и да се изврши генерален ремонт на делумно дотраената инфраструктура.
Најавеното вработување на работници е вистински предизвик со оглед на недостигот на квалификувани работници во Германија. Според директорот, „пазарот на труд стана позатегнат и поконкурентен“.
Во 2023 година, тие сакаат да ги вработат следниве профили: 5.500 специјализанти и студенти, 4.200 специјалисти за одржување на железнички и шински возила, 3.000 работници за градежни проекти и надзор на локацијата, 2.100 машиновозачи, 1.600 диспечери, 2.200 вработени во железничката служба и 2.000 ИТ специјалисти.
Англискиот станува работен јазик
„Дојче Бан“ отвори околу 5.000 нови работни места во 2022 година. Со оглед на недостигот на работници во Германија, компанијата ќе се обиде да донесе работници од странство.
Германскиот јазик, кој им попречи на многу работници од странство при вработување, се чини дека не е потребен на одредени работни места.
„Во иднина ќе се носат сè повеќе квалификувани работници од странство, на пример од Јужна Европа, многу балкански земји и Турција.
Во секој случај, англискиот е во подем како работен јазик, особено во ИТ секторот“, изјави за германските медиуми директорот на „Дојче Бан“.
Две монети кои многу личат на еврото се користат за измама – еве на што да внимавате
Британската полиција за ова ги предупреди своите граѓани кои патувале во Шпанија.
Најнови во низата измами по воведувањето на еврото како нова хрватска валута се измами со други монети. Тоа се турските лири и тајландскиот бахт. За ова предупредуваат и други европски земји и тоа е една од најчестите измами во многу земји, особено во туристичките дестинации.
Имаше случаи на фалсификување на монетата од една турска лира, која е многу слична на едно евро. Но, има голема разлика во вредноста на тие две монети бидејќи турската лира вреди само 0,05 евра.
Британската полиција за ова ги предупреди своите граѓани кои патувале во Шпанија.
Освен едно евро, измама е честа и кај монетата од две евра, која исто така по големина и тежина е многу слична со турската лира. Тајландскиот бах има сличности со монетата од две евра. Има идентични димензии и има иста граница, но неговата вредност секако е многу помала и е околу 0,02 евра.
Секоја земја-членка на Европската унија која го вовела еврото издава евро монети со својата национална страна. Националните страни на сите земји издавачи имаат заеднички дизајнерски елементи: дванаесет ѕвезди и година на ковање. Без разлика на земјата издавач, сите монети евра може да се користат во сите земји каде што законското средство за плаќање е заедничката валута – еврото.
На националните страни можни се различни комбинации на мотиви. Некои земји одлучија да имаат исти мотиви на сите деноминации, додека некои одлучија за различни мотиви за секоја деноминација. Меѓу овие земји е и Хрватска.
За потсетување, Хрватска избра пет различни мотиви за националната страна на хрватските евро монети – шах, географски приказ на Хрватска, графички приказ на дива куна, мотив на портрет на научникот Никола Тесла и мотив на глаголицата.
извор: biznisinfo.mk
Минималецот ќе расте, но дали незадоволството ќе се намали?
Проценките на синдикатите се дека во последниве две години како последица на кризата со пандемијата и енергетската криза изгубени се околу 120 илјади работни места.
Со многу надеж, но со малку оптимизам стартува уште една неизвесна година во која власта и синдикатите ќе ги кршат копјата во битката за работничките права. По тешката и тензична 2022 година која помина во знакот на протести, со галопирачка инфлација која го изеде стандардот, но која сепак донесе и пробив околу одредени проблематични прашања, како она за минималната плата.
Раст на минималецот
На стартот на годинава, власта се пофали дека минималната плата ќе продолжи да расте, но само по себе тоа не предизвикува задоволство кај синдикатите кои имаат и други приоритети за решавање.
„Тоа што минималната плата ќе се зголеми е јасно и е согласно законот кој успеавме да го договориме и за кој добивме поддршка. Колку точно ќе изнесува зголемувањето се' уште не е дефинирано, иако се очекува тоа да изнесува околу 1800 денари. Но проблемот е што и тие пари се малку со оглед на огромната инфлација која го изеде досегашното зголемување, а не повлече и зголемување на останатите плати што мора да го издејствуваме“, реагираа од Конфедерацијата на синдикални организации.
Целиот текст прочитајте го на ЛИНКОТ.
Рекордна потрага по работници во Хрватска: Еве кои професии се најбарани
Индексот на OVI за слободни работни места за 2022 година покажува дека побарувачката за работа во однос на 2021 година е зголемена за цели 26 отсто.
А во однос на преткризната 2019 година, вкупниот број на онлајн огласи е поголем за 32,3 отсто, што укажува дека побарувачката на хрватскиот пазар на труд е на највисоко ниво во историјата, објави Економскиот институт во Загреб, пренесува Ал Џезира Балкан.
Како што беше посочено во соопштението на веб-страницата на ЕИЗ, како и изминатите години, најголем придонес во годишниот раст на побарувачката имаа огласите кои бараат работници со пониски квалификации и оние со средно образование, додека побарувачката за работници со високото образование придонесе со само 2,4 процентни поени зголемување на вкупниот број огласи.
Меѓу петте најбарани занимања биле продавачи, келнери, готвачи, магационери и книговодители.
Во 2022 година, исто така, има поголем пораст на бројот на договори на определено време во однос на договорите на неопределено време, што доведе до фактот дека учеството на договорите на определено време за една година остана речиси непроменето, од 46,2 на 46,1 отсто од сите реклами, но бројот на огласи со неопределени договори забележа намалување на учеството на 43,7 отсто од вкупните реклами во споредба со 44 отсто во 2021 година, забележаа аналитичарите на ЕИЗ.
OVI – Online Vacancy Index, е месечен индекс на онлајн слободни работни места, а неговата цел е да обезбеди навремени информации за моменталната состојба на побарувачка за работа.
извор: biznisinfo.mk
Истражување: Албанците треба да работат две децении повеќе од порано за да си купат свој дом
Дали парите од сивата економија го диктираат нивото на цените?
Сегашниот систем е граден со децении и потребен е целосно различен пристап од сите, почнувајќи од највисоките инстанци. Зборуваме за пристап каде институциите на прво место ќе го ставаат јавниот интерес пред сè друго.
Да се има куќа во Албанија сега е повеќе сон отколку реалност. Зголемените цени на домовите се отежнителна околност за семејствата кои сакаат да си купат кров над главата. Постои голем јаз кој се создава поради зголемените цени во дејноста за недвижнини, од една страна, и мошне малиот и незначителен пораст на платите од друга страна.
Но, она што го предизвикува ваквото зголемување на цените не е правилото според кое цените растат кога има побарувачка. Има некои други случувања кои ги вртат овие правила, а некои експерти сметаат дека сивите пари во економијата се една од причините за тоа.
Просечната цена во Тирана достигнува 1200 евра/m2
Целиот текст прочитајте го на ЛИНКОТ.