Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

My Profile

Најавување на корисничка сметка

Регистриран сум како корисник на порталот Вработување. Како да се најавам на мојата сметка?

Многу лесно и едноставно! Кликнете на Најава на корисник (горниот десен дел на Насловната на Вработување) и ќе ви се отвори образец за да ја внесете адресата на вашата пошта или корисничкото име и лозинката.

Пополнете ги бараните полиња и кликнете на „Најави“.

Заборавена лозинка

Ја заборавив лозинката за мојата корисничка сметка на Вработување, како да дојдам до лозинката?

Ако сте ја заборавиле лозинката, може да ја промените преку линкот Заборавена лозинка. Кликнете на „Најави се“ (на горниот десен агол на насловната на порталот). Тука ќе го видите обележано со црвени бои полето Заборавена лозинка.

Кликнете на Заборавена лозинка и внесете ја адресата на вашата електронска пошта на која ќе ви пристигне линкот за промена на лозинката. Кликнете на линкот и создајте нова лозинка.

По тоа, може да продолжите да работите на порталот.

Поставување документи

Сакам да ги поставам своите документи, но ми се појавува грешка при поставувањето. Што да направам?

Ако при поставување на документи се јавува грешка, проверете дали документите се во правилен формат (ворд, ПДФ) и во дозволената големина (до 8 МБ).

Ако користите Internet Explorer, ви советуваме да ги поставите вашите документи со помоѓ на друг интернет прелистувач (Google Chrome, Mozilla Firefox) затоа што се многу посигурни од Internet Explorer.

Ако вашите документи се поставени согласно зададениот формат и големина и сте користеле некој од наведените прелистувачи, а и понатаму се јавува грешка, проверете дали вашите документи се означени со жолта боја и дали се штиклирани. Ако документите се означени со жолта боја и се штиклирани, тоа значи дека се правилно поставени.  

Процес по пријавување на оглас

Што се случува со пријавата по нејзино испраќање и дали треба да добијам повратен одговор?

Вработување не е агенција за посредување при вработување туку медиум кој поврзува работодавачи и баратели на работа и како таков не влијае на однесувањето на работодавачите по добивањето на пријавата. Сите пријави се испраќаат до работодавачите (работниците добиваат информација дека пријавате е успешно испратена до работодавачот) и Вработување нема контрола над конкурсот кој е под целосна надлежност на работодавачот.

Ажурирање на информациите во профилот

Како можам да ги уредувам податоците од старата биографија на мојот профил на Вработување?

Информациите од старата биографија може да ги избришете со кликнување на „Додај образование“ или „Додај позиција“ и со самото внесување на новите податоци автоматски се бришат податоците пренесени од старата биографија.

Користење на профилот на Вработување при пријавување на оглас

Како се користи Мој профил при пријавување на оглас објавен на порталот Вработување?

Вработување ви го олеснува пријавувањето на кој било оглас, неговата употреба е многу едноставна. Првиот чекор за користење на профилот е регистрирање. Доколку сте регистрирани, најавете се со вашите кориснички податоци.

Во рамките на вашиот профил на Вработување се наоѓаат следниве рубрики (позиционирани од десна страна) кои ви се на располагање во потрагата по нова работа:

Профил:

Профилот содржи општи информации за вас и за вашето претходно работно искуство. Пополнете го чекор по чекор.

Доколку сте имале биографија во постарата верзија на порталот Вработување и сакате да ги промените информациите од старата биографија преку профилот, кликнете на „Додај образование“ или „Додај позиција“ и со самото внесување на новите податоци автоматски се бришат податоците пренесени од старата биографија.

Ако сакате да зачувате некои од податоците пред бришење, само копирајте ги, кликнете на „Додај образование“ или „Додај позиција“ и потоа податоците може да ги менувате како сакате.

Со кликнување на иконата „Апликации“ може да видите копии од сите апликации што сте ги испратиле на огласи на порталот Вработување.

Зачувани работни места:

Со кликнување на иконата „Зачувани работни места“ може да ги видите сите огласи кои откако сте ги разгледале на страницата на Вработување сте ги зачувале со кликнување на опцијата „Зачувај го ова работно место“.

Прегледани работни места:

Со кликнување на иконата „Прегледани работни места“ може да ги видите сите огласи што сте ги прегледале на страницата Вработување.

Мои документи:

Доколку кликнете на иконата „Мои документи“ може да додадете документ од вашиот компјутер (биографија, молба, фотографија, препорака, итн.) кој потоа при аплицирање на оглас во зависност од потребите и желбата може да го прилагодите на самата апликација.

Поставки за приватност на профилот

Каде можам да ги најдам поставките за приватност на профилот? Како да ги променам? Вашата корисничка сметка е уредена како профил кој воедно може да ви послужи и како биографија со помош на која може да се пријавите на оглас и да ја приложите без оглед на статусот на приватност кој е објаснет подолу.

Вашиот профил, откако ќе го креирате, може да се гледа на 3 начина:

  1. Достапен за сите
    • Работодавачи (кои имаат пристап до базата на биографии)
    • Други посетители на страницата (регистрирани или нерегистрирани), ама само основните податоци што се наведени: Име, презиме и наслов на профилот
  2. Достапен само за работодавачи
    • Работодавачи кои имаат пристап до базата на биографии ќе може да го видат вашиот профил
    • Други посетители на страницата нема да може да ги видат основните податоци кои се наведени: Име, презиме и наслов на профилот
  3. Скриен профил
    • Вашиот профил не е видлив за работодавачите кои имаат увид во базата на биографии, ниту за посетителите на страницата, ниту пак се видливи основните информации како што се име, презиме и наслов на профилот за пребарувачите.

Забелешка: Доколку ја изберете опцијата во поставките за приватност „Основните информации од мојот профил (име, слика, наслов на профил) се видливи за другите посетители на страницата“, со впишување на вашето име и презиме во пребарувачот Google, вашето име и презиме ќе бидат видливи како име на лице кое е корисник на порталот Вработување со корисничка сметка/профил (слично како и Facebook и LinkedIn), а податоците од биографијата нема да се видливи, како и вашите апликации на огласи за работни места. Доколку на профилот имате додадено фотографија, истата фотографија ќе биде видлива со такво пребарување како и категоријата „Наслов на профил“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more