Vrabotuvanje.com -
Share
Tweet
Share

Successful stories

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје подари апарат за слип апнеа СРАР на тринаесетгодишниот Марко Џољевски и ја врати детската и мајчината насмевка!

М КЕШ не остана рамонодушен на судбината на една борбена мајка која со огромна љубов но истоврмено и страв говореше со нас за здравјето на своето дете и тешките предизвици низ кои поминуваат.

М КЕШ како општествено одговорна и хумана компанија, раководена од тим професионалци со висока свест за фактот дека сечие утро може да осамне со искушение за кое не сме ни сонувале, одлучи да помогне на ова семејство, и во пресрет на престојните празници на тринаесет годишниот Марко Џољевски од Скопје му подари Апарат за слип апнеа.

Можеби нашиот гест е капка во океанот, но е помош која за некого значи подобро здравје, поквалитетен живот но и поттик за другите да сторат хумано дело. Секојдневно се соочуваме со суровите судбини на денешницата па секое добро дело има свое значење!

Секое дете заслужува радост!

Затоа денес со големо срце и посветеност, подаривме посебен подарок со желба да внесеме светлина и топлина во неговиот свет!

Дарувањето не е само материјален чин – тоа е чин на љубов, надеж и поддршка!

Веруваме дека секој подвиг колку и да е мал, има моќ да направи големи промени во животот на оние кои се соочуваат со потешкотии!

Воедно овој подвиг нека биде порака до сите Вас дека сеуште постојат оние кои се грижат и не се рамнодушни на туѓите судбини.

Нека оваа убава приказна биде инспирација за сите нас и послужи за подигнување на свеста дека треба да шириме љубов и добрина, да помагаме, подаруваме и подаваме рака, секој ден....

Подари насмевка, дарувај подарок и биди причина за нечија насмевка, подари љубов!

 

Шведската компанија Коордеа го одбележа својот 15-годишен јубилеј со незаборавна свеченост

Коордеа, водечка шведска аутсорсинг компанија со седиште во Стокхолм и канцеларии во Тетово и Скопје на 1 ноември 2024 година ја прослави својата 15-та годишнина со незаборавен настан, на кој беа одбележани достигнувањата и успехот на компанијата. Основана во 2009 година, Коордеа прерасна од специјализиран снабдувач на сметководствени услуги за Нордискиот пазар во компанија што нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи ИТ, маркетинг, дизајн, логистика и продажба.

На свеченоста одржаа говори двајца од основачите, Светозар Серафимовски, кој истовремено е и извршен директор, и Горан Цветановски, кој ја извршува и функцијата на директор за маркетинг и корпоративна комуникација, како и регионалниот генерален менаџер Зоран Илиќ. Тие ги истакнаа најзначајните успеси во изминатите 15 години и ги претставија идните цели и визии за раст и напредок на компанијата. 

На настанот присуствуваа и гости клиенти од Шведска и Финска, кои дојдоа на прославата во чест на долгогодишната соработка со Коордеа.  

Настанот не беше само во чест на успесите, туку и на луѓето кои придонесоа до тоа. Беа доделени признанија и награди за најистакнатите вработени, додека пак долгогодишните вработени беа наградени со статуетки за лојалност во чест на нивната посветеност и придонес кон успехот на компанијата низ годините. 

Свеченоста ја направија уште поспецијална настапите на триото ДЈ Тоше, Игор Сакс и Пате Конга, како и познатиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано, кои ја воодушевија публиката со своите изведби и создадоа незаборавна атмосфера! 

Гостите, покрај уживањето во одличната музика, имаа и привилегија да се почестат со вкусна храна која ги задоволи сите гурмански вкусови. Дополнителна забава донесе и 360 Photo Booth, кој гостите го користеа за интерактивни и динамични видеа, создавајќи спомени кои ќе траат засекогаш. 
 

Со тим од над 120 вработени во земјава и широк спектар на услуги, Коордеа останува посветена на понатамошен раст и унапредување. Компанијата продолжува да нуди врвни аутсорсинг решенија за своите клиенти низ сите Нордиски земји и пошироко, истовремено создавајќи можности за професионален развој и вработување на амбициозни и талентирани луѓе од локалната заедница. 

Дали и ти сакаш да ја градиш својата кариера и да напредуваш на професионално ниво во една ваква докажана интернациинална компанија? Прати го твоето  CV овде и стани и ти дел од Коордеа! 

Најголемите повторно со ново ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

Компанијата „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ во Битола официјално објавипокачување на платите на своите вработени, како дел од континуираните напори заподобрување на работните услови. Ова е дел од стратегијата на компанијата запривлекување и задржување на квалификуван кадар, како и за создавање стабилна имотивирачка работна средина.

Со новото зголемување на платите „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ покажаа висока свесност за важноста на економската сигурност на своите вработени, кои се клучен фактор во производниот процес. Компанијата ја препознава важноста на инвестицијата во човечкиот капитал како предуслов за одржлив раст и развој, при што се фокусира на обезбедување подобри услови за работа, со што истовремено ги поттикнува продуктивноста и задоволството на вработените.

Со ова покачување „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“  испраќа силна порака за својата решеност да биде лидер не само во индустриското производство, туку и во однос на општествената одговорност и грижата за вработените. Компанијата е свесна дека задоволството на вработените е основен предуслов за постигнување на висококвалитетни производствени резултати.

„Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ редовно ги следи економските трендови и инфлациските движења, прилагодувајќи ги платите на вработените за да обезбеди соодветен животен стандард. Со ваквите иницијативи, компанијата не само што ги задоволува потребите на своите вработени, туку и придонесува кон подигнување на економскиот стандард во пошироката заедница.

Покрај покачувањето на платите, „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ во Битола воведува и дополнителни програми за професионален развој и унапредување на вештините на вработените, со што се стреми да ги подготви за новите предизвици во индустријата. Оваа иницијатива е само еден дел од посветеноста на компанијата да биде пример за успешен индустриски капацитет кој постојано вложува во својот највреден ресурс – луѓето.

Согласно долгорочните цели за развој, компанијата најавува дека ќе продолжи со имплементација на проекти за подобрување на условите за работа и зголемување на задоволството на своите вработени, при што покачувањето на платите ќе биде само една од мерките во насока на остварување на таа визија.

 

Новата генерација на A1 WayUp ја започнаа својата кариера во А1 Македонија

А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти за да се стекнат со практично знаење и да добијат можност својата кариера да ја градат во рамките на компанијата и Групацијата А1.

Оваа година, 8 практиканти својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.  

„Горди сме на големиот број апликации што ги добивме и оваа година за програмата. Тоа е доказ дека младите во А1 препознаваат напредна, модерна и стручна работна средина каде што можат да научат, да се градат во специјализирани области и секако да напредуваат во своите кариери. Се радуваме на новата генерација што ја очекуваат многу обуки и дигитални вештини за усовршување на веќе стекнатото знаење од факултетите од кои доаѓаат“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура на А1 Македонија. 

A1 WayUp е препознатлива програма, која нуди одлична можност за младите да почнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите во А1 ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици. 

A1 Way Up е платена програма за практиканти и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Избраните учесници, ги добиваат истите бенефити во поглед на учење, развој и погодности како и секој вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој. 

  

Оваа германска компанија нуди одлични плати, бонус за добредојде и можност за работа од дома

Дали зборувате германски и барате врвна кариера од дома? Не ја пропуштајте оваа единствена можност да се придружите на глобалниот лидер познат по извонредните работни услови. Teleperformance ви нуди ексклузивна можност да ја подигнете вашата кариера на повисоко ниво работејќи од удобноста на вашиот дом.

Дали зборувате германски и барате врвна кариера од дома? Не ја пропуштајте оваа единствена можност да се придружите на глобалниот лидер познат по извонредните работни услови. Teleperformance ви нуди ексклузивна можност да ја подигнете вашата кариера на повисоко ниво работејќи од удобноста на вашиот дом.

Зошто да го изберете Teleperformance?

Конкурентни плати и бенефиции

Teleperformance се истакнува со своите конкурентни плати и бенефиции. Вработените можат да започнат да заработуваат одлична плата во динамична и поддржувачка работна средина која го препознава и наградува напорниот труд.

Раст и развој на кариерата

Професионалниот развој е основна вредност во Teleperformance.

Вработените имаат пристап до:

  • Континуирани програми за обука и усовршување
  • Можности за унапредување во кариерата во рамките на компанијата
  • Менторство од искусни професионалци
  • Мрежа на колеги кои пружаат поддршка

Флексибилност за работа од далечина

Teleperformance го прифаќа трендот на работа од далечина, овозможувајќи им на вработените да бидат дел од глобална корпорација од каде било во државата. Ова нуди одлични можности за работа од далечина во индустријата за корисничка поддршка, исполнувајќи ја сè поголемата побарувачка за работни места од дома во Македонија.

Што нуди Teleperformance?

Силен систем на поддршка

Teleperformance обезбедува сигурно вработување, неопходна опрема за работа од дома, како и севкупно воведување во работата и континуирана поддршка од супервизори и тренери.

Можности за напредување

Внатрешниот систем за промоција „Jump“ ги охрабрува вработените да аплицираат за повисоки позиции, како тренери или супервизори, поттикнувајќи го развојот на кариерата во рамките на компанијата.

Призната извонредност на работното место

Teleperformance е препознаен меѓу 25-те најдобри работодавци на глобално ниво според критериумите на Great Place To Work. Ова го одразува задоволството и мотивацијата на вработените кои се клучни за успехот на компанијата. Среќните вработени водат до среќни клиенти.

Кој е идеален кандидат за вработување во Teleperformance?

Teleperformance бара кандидати кои течно зборуваат германски (минимално ниво Б2), поседуваат силни комуникациски вештини, имаат ориентиран на купувачи пристап и уживаат во работа во тим. Претходното искуство во оваа област не е потребно, бидејќи се обезбедува професионално усовршување.

Заинтересирани сте да се придружите на Teleperformance? Аплицирајте преку нивната веб-страница http://www.TPSkopje.com и започнете нова и возбудлива професионална авантура!

Кромберг & Шуберт: Најубавата глетка на светот е насмеано дете, а најскапоцениот звук што може да се слушне е детската смеа

На 28.09.2024 година компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ организираше уникатен настан - „Детски Крошу Фестивал”, во склоп на фабриката, само за децата на своите вработени.

Целта на настанот беше на забавен и креативен начин да се запознаат децата со производниот процес и со фабриката каде што работат нивните родители.

За денот да им биде незаборавен, компанијата ги покани популарните „Светот на Биби и Боби“ заедно со „Тин Камп”, кои предизвикаа неизмерна среќа и искрени насмевки кај секое дете.

Сите присутни гласно пееја, играа, се дружеа, цртаа и се вратија во најубавите години од животот.

За забавата да добие целосен "шмек" беа задолжени нивните соработниците „Де Ниро” Кетеринг кои ги припремија највкусните закуски и пијалоци за најмалите и „Миг Травел” за навремениот и безбеден транспорт на сите дечиња.

Како вистински домаќини, подготвија подарок за секое дете, им посакаа среќен почеток на новата учебна година и ги посоветуваа да останат деца секогаш во срцата бидејќи само на тој начин ќе продолжат да ги гледаат убавините околу нас.

Бидејќи децата се нишките со кои ја чуваме иднината, од компанијата изјавија дека сакаат да ги научат идните генерации на најважните животни вредности како што се: да се однесуваат со внимание и почит спрема секого, дека треба да го кажат своето мислење, но и да го почитуваат мислењето на своето другарче и се обидуваат да ги мотивираат да ги остварат своите соништа.

Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ нѐ советува да се однесуваме со внимание и почит спрема децата бидејќи тие се компасот коj ја покажува заедничката иднина.

Компанијата Зегин го отвори својот тренинг центар за обука на вработените

Зегин во рамки на компанијата го отвори својот Тренинг центар за обука на вработените со цел да се подобрат перформансите на вработените, зголеми продуктивноста, како и за полесно и побрзо интегрирање на нововработените .

Тренинг центарот обезбедува структурирана средина каде што вработените можат континуирано да ги развиваат своите вештини и да бидат во тек  со најновите трендови и технологии во индустријата. Ова не само што ја подобрува индивидуалната работа, туку ја одржува и компанијата конкурентна.

Нудењето можности за професионален развој им покажува на вработените дека компанијата го цени нивниот раст. Вработените кои се чувствуваат поддржани во развојот на кариерата имаат поголема веројатност да останат лојални на компанијата.

Со тренинг центарот овозможуваме стандардизиран процес на прием, обезбедувајќи за сите нови вработувања да се соодветно запознаени со културата, вредностите и специфичните барања за работа на компанијата.

Редовната обука и развој им помага на вработените поефикасно да ги извршуваат своите улоги. Вработените стануваат покомпетентни, поефикасни и посигурни во своите улоги, што директно влијае на перформансите на компанијата и задоволството на клиентите.

Добро обучените вработени работат поефикасно и прават помалку грешки. Постојаната обука ги охрабрува вработените да размислуваат креативно и да предложуваат нови идеи. Оваа средина поттикнува иновации кои можат да доведат до нови производи, услуги или подобрувања на процесите.

Се радуваме на новите колеги кои ќе учествуваат во унапредување на квалитетот на животот на сите наши клиенти а воедно се заблaгoдаруваме на сите останати вработени кои тоа го прават секојдневно.

Договор за партнерство помеѓу Нелт СТ и УНИЦЕФ

На 06.09 во Скопје, со потпишување на договорот за партнерство и официјално беше означен почетокот на соработката помеѓу компанијата Нелт и УНИЦЕФ на пазарот на Северна Македонија. Иницијативата ќе биде насочена кон подобрување на вештините на учениците од стручното образование преку практична настава, со фокус на развој на зелени вештини и нивна соодветна подготовка за пазарот на трудот.

На собирот по повод потпишувањето на договорот, до медиумите се обратија Сашко Блажевски, извршен директор на Нелт во Северна Македонија, Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ, како и државните претставници Изет Меџити,  заменик премиер и министер за животна средина и просторно планирање и Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Партнерството има за цел над 500 ученици од стручното образование, кои се подготвуваат за кариери во природните науки, одржливоста, заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, да се стекнат со практични знаења преку работа во јавни и приватни компании низ земјата. Исто така, се очекува дека 8.100 ученици ќе развијат зелени вештини поврзани со заштита на животната средина, зачувување на природата и климатските промени кои практично ќе ги применат во своите идни професии.

„Во Нелт Група сме посветени на интегрирање на ESG принципите на одржливост во сите аспекти на нашето работење. Преку дигитализација, инвестиции во обновливи извори на енергија и континуирана обука на вработените, активно придонесуваме кон одржливоста. Преку партнерството со УНИЦЕФ во Северна Македонија, им нудиме на младите можност да стекнат и дигитални и зелени вештини, кои се клучни за нивната конкурентност на пазарот на труд, но и за одржлива иднина. Свесни за предизвиците кои ги носат климатските промени, посветено работиме на намалување на негативното влијание на животната средина и околината. Со инвестиција од 330.000 американски долари во текот на три години, ќе ги зајакнеме младите преку практична обука во училиштата соодветно да се подготват за еколошките предизвици и климатските промени кои се наша реалност,“ изјави Сашко.

Имајќи предвид дека глобалната транзиција кон одржлива економија, со ниски емисии на јаглерод диоксид, ги трансформира занимањата, важно е учениците да стекнат стручни и широко применливи зелени вештини за да ги задоволат новите барања на пазарот на трудот. Изет Меџити, Весна Јаневска и Лесли Милер во своите обраќања истакнаа дека компаниите играат клучна улога во изградбата и отпорноста на заедниците. Со инвестирање во образованието и развојот на вештините на децата, компаниите не само што придонесуваат за општествената благосостојба, туку и обезбедуваат свој долгорочен успех во сè повеќе конкурентната и динамична глобална економија. 

Глобалното партнерство помеѓу Нелт Група и УНИЦЕФ ќе биде фокусирано на зајакнување на образовните системи во Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Ангола – некои од пазарите на кои работи  Нелт Група.

Наградени Најдобри вработени во Рептил маркети

Успешни вработени - успешна компанија. Запознајте го тимот на најдобрите вработени од категорија Продавач во големото семејство Рептил. Заедно се радуваме и гордееме на нивните успеси.

Патот до успехот е поплочен со искрена радост, триумф и слава. Наша компанија расте заедно со растот на нашите вработени. Во време на постојани промени и висока конкурентност, одржувањето на позитивниот став кон работата на нашите вработени е голем предизвик.  

Голема благодарност до целото наше Рептил семејство, вашата посветеност во работата и лојалност се клучни за нашиот успех.

Избор на најдобри вработени е проект кој што трае над 10 години. Најдобрите вработени се наградени со вредносни ваучери во вредност од 30% од плата.

Честитки за сите наградени, вашите достигнувања се пример за успешност и посветеност.

 

„Оваа позиција е за секој што сака да биде дел од магацинското работење и што сака динамична работа во пријатна работна средина“ – Интервју со Билјана, магационер во Нелт

Покрај бенефитите за нас во магацин, за сите вработени компанијата има процес на наградување за особен придонес, дава ваучери за Нова година, бонуси, новогодишни пакетчиња за дечињата на вработените, како и пакетчиња за првачиња и слободен ден за родителите. Има награди за јубилантите, награди за нај колеги, награди за препорачани кандидати, надомест за стапување во брак и принова и поволности за купување на рати.

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.500 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа - Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Косово и во Африка – Ангола, Замбија, Мозамбик, Малави и Зимбабве.

По 25 години развој и посветеност, денес Нелт СТ е синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

За тоа како е да се биде дел од оваа компанија можете да прочитате во интервјуто со Билјана Јанковска, магационер во Нелт.

1.Како изгледа еден работен ден на магационер во Нелт?

- Работиме во две смени и секоја смена ни започнува со состанок на кој водичите на смена нè распоредуваат во кој магацин ќе работиме и ги добиваме рутите кои треба да ги спремиме тој ден. По краток разговор со колегите и кафе започнуваме со работа. Секој си ги работи своите рути, односно ја подготвуваме нарачаната роба која треба да се достави до нашите коминтенти. Како завршуваме со една нарачка, ја обележуваме робата за да можат доставувачите да се снајдат и продолжуваме со следната. Работиме со WMS GOLD (warehouse management system), систем кој ни овозможува следење на сите артикли во систем и нивните локации, додека за полесно спремање на робата, нарачката ја слушаме преку слушалки. На овој начин сме попродуктивни, имајќи ги слободни двете раце за подготовка на нарачките. Покрај спремањето нарачки, ги следиме и роковите на производите кои се во магацин и водиме извештај. Имаме број на линии кои треба да ги поминеме во текот на денот, а со посветеност успевам и да го надминам тој број.

2.Кои се вештините кои мора да ги поседува еден кандидат за оваа позиција?

- Кандидатите треба да имаат само желба за работа, затоа што многу лесно се учат артиклите, нивните локации, системите и начинот на подготовка на робата. Секогаш кога имаме нов колега, му помагаме да се снајде во магацините, но по само 1 недела може да почне самостојно да работи. За да биде некој успешен во оваа работа, треба да стекне брзина за спремање, да биде секогаш сконцентриран на работата и да ја реди робата на начин што ќе им овозможи на доставувачите да ја пренесат без тешкотии и оштетување. Нелт е корпорација каде што сите процеси се поврзани, па доколку една алка недостасува или не ја заврши правилно работата, ќе има влијание на целиот ланец.

3.После колку време се напредува од оваа позиција и што е следно?

- Јас сум дел од Нелт повеќе од 10 години. Започнав како декларант во одделението за лепење декларации, но за брзо време почнаа да ме ангажираат во магацин за помош. Им покажав на претпоставените дека можам да се снајдам во магацинското работење и да спремам роба и ме унапредија на позиција магационер. Во компанијата постојат фази на развој преку кои напредуваме како во нашиот развој, така и со платата. Постојат структури во сектор логистика, па за сите кои вредно работат, се посветени и го истакнуваат својот победнички менталитет, има простор за развој на повисоки позиции и градење кариера.

4.Какви сè бенефиции добиваат вработените на оваа позиција?

- Покрај редовната плата, вработените во магацин се наградуваат и по модел на продуктивност. Овој модел го следи нашето секојдневно работење, ги мери линиите кои ги правиме во текот на денот, дали имаме грешки и на крај на секој месец сме рангирани по нашите остварување и заработуваме дополнителен бонус. Дополнително, следуваат и награди на квартално ниво за најдобрите двајца магационери. Наградите се во вид на ваучери за пазарење од различни објекти. На овој начин се сме мотивирани за работа, се следи работата на сите вработени во магацин, резултатите се јавни и транспарентни, што ни овозможува здрав натпревар меѓу колегите, но морам да истакнам и дека доколку некој колега има потешкотии, тука сме секогаш да помогнеме за и тој да ја оствари целта.

Покрај бенефитите за нас во магацин, за сите вработени компанијата има процес на наградување за особен придонес, дава ваучери за Нова година, бонуси, новогодишни пакетчиња за дечињата на вработените, како и пакетчиња за првачиња и слободен ден за родителите. Има награди за јубилантите, награди за нај колеги, награди за препорачани кандидати, надомест за стапување во брак и принова и поволности за купување на рати.

5.За кого е оваа позиција?

- Оваа позиција е за секој што сака да биде дел од магацинското работење и што сака динамична работа во пријатна работна средина. По толку години искуство, можам и мижејќи да се снајдам во магацин и да ги подготвам нарачките.

6.Зошто е добро да се биде магационер токму во Нелт?

- Затоа што има одлични услови за работа, можност за напредок, пријатна работна атмосфера и тимска работа. Голем дел од денот поминуваме на работното место, па многу е важна таа тимска работа и тоа што сме тука едни за други.

Станете дел од НЕЛТ СТ!

Клик! Бум! Трас! Една година постоење во Македонија прослави Ананас!

Интервју со Денис Ампов

Што велат статистиките колку пораснавте од почетокот до денес?

Продажбата на Ананас на македонскиот пазар од почетокот на нашето присуство порасна значително. Веднаш откако се лансиравме на пазарот, забележавме зголемен интерес и популарност меѓу потрошувачите. Преку активни маркетинг кампањи, стратегии за промовирање и соработка со сериозни и најпрестижни дистрибутери, успеавме да го зголемиме нашиот пазарен удел и да го утврдиме и збогатиме брендот на Ананас како препознатлив и омилен меѓу македонските потрошувачи! Генерално веќе забележуваме троцифрени проценти на раст - заклучува Ампов, но веднаш се надоврзува на почетните предизвици па вели:

Почетниот период на влегување на нов пазар вклучува многу предизвици, вклучително изградба на свесност и доверба меѓу потрошувачите, осигурување на дистрибуциска мрежа и конкурирање со веќе етаблирани брендови. Резултатите се доказ дека успешно се справувавме со овие предизвици преку стратегија за диференцирање на производите и услугите, фокус на квалитет и иновации, иновативни стратегии и посветеност кон квалитетот и клиентското искуство, како и активно ангажирање со локалната заедница и бизнис партнерите. Во моментов ниту една од земјите во западен Балкан не може да се пофали со целосно изградена инфраструктура за онлајн продажба, но ние овде имаме многу предизвици за кои се надеваме дека ситу вклучени институции ќе стават приоритет за изградба на еден еко систем кои може да донесе бенефит за сите онлајн трговци.  

Колку беше тешко или лесно да се изгради тим на соработничка мрежа, колку компаниите веруваа на новиот бренд кој прв пат влегува на македонскиот пазар?

Беше вистински предизвик да се гради и развива тимот на соработници. Компаниите покажаа дека се навистина бизнис ориентирани и отворени за нови хоризонти во насока на задоволни крајни купувачи. Благодарни сме за што од самиот почеток го препознаа нашиот потенцијал, ни ја препишаа нивната доверба и одлучија да соработуваат со нас. Сите наши соработници се поеднакво заслужни за нашиот достиг и ова што сме денес. Во моментов Ананас платформата има повеќе од 400 партнери.

Анализата на пазарот е клучна за правилно пласирање на било кој бренд

Со оглед на тоа што Ананас веќе е етаблиран бренд во Србија, можете ли да направите споредба во однос на тоа што ни е исто а што никако не може да се имплементира на Македонскиот пазар?

Ананас е веќе добро познат и успешен водечки бренд во Србија, но секој пазар има свои специфичности и потреби. Ние го прилагодивме нашиот пристап, вклучувајќи локално познавање и анализа на пазарот, што резултираше во успешно внесување на иновации и производи кои го задоволуваат македонскиот стил на живот и потреби. Не би кажал дека постои нешто што не може да се имплементира, само можеби има процеси за кои е потребно повеќе време и труд. Но верувам дека сите заедно овде можеме да постигнеме многу, бидејќи ова е иднината - а во истата треба да инвестираме.

За Македонските прашања:

Ако треба на скала од 1-10 да ја ставите свесноста на Македонците за купување онлајн која би била оцената?

Тешко е да се даде ваков одговор, бидејќи најпрвин свесноста што е онлајн продажба кај нас е погрешна од корен. Не регулирани трговци кои продават преку профили на социјланите мрежи и продаваат производи преку порака на истите мрежи, не може да се дефинира како онлајн продажба. Тоа е класична продажба човек на човек, само каналот на комуникација е дигитален и онлајн. Мислам дека со доаѓањето на Ананас и сите активности, им преставивме на сите корисници што значи платформа и онлајн продажба. Работиме секојдневно на едукацијата за купување и можам само а заклучам дека прогресот е голем.

Ананас има една политика на постојано давање повеќе на купувачите, со ваучери, со попусти, со поволности и слично...Зошто ја одбираат ова стратегија 

Довербата на нашите купувачи ни е исклучително важна. Затоа, се обидуваме да ја оправдаме и на неконвенционални начини кои кај нас за прв пат се случуваат. Покрај тоа, убедени сме дека постојаното давање повеќе, преку ваучери, попусти и поволности, ќе помогне да креираме и одржиме лојалност на нашите купувачи. Овој пристап не само што го поттикнува купувањето и ја зголемува сатисфакцијата, туку и не разликува од конкурентите, преку нудење дополнителна вредност за поголемо задоволство на купувачите.

7. Што ве разликува вас од останатите онлајн продавници?

Хм... од каде да почнам, во моментов ние сме единствената маркетплејес платформа во македонија во правилна смисла на зборот, каде можете да видите избор на повеќе од 120.000 производи на едно место, 400 трговци кои се истакнати со нивното име под производите. Едноставно ние сме навистина онлајн шопинг мол. Најсофицитицирани системи за безбедносно плаќање, лосно и едноставно враќање на роба и брза достава.

За тимот и генерациите...

Што вели Ампов, има ли во Ананас.мк хиерархија и авторитети или просекот од 30 години прави да се работи повеќе другаркско-тимски отколку колегијално-професионално?

- Желбата, мотивацијата и професионалнсота се главен критериум за да се биде дел од тимот на Ананас, а годините се само бројка! Тимот кој работи во Ананас е група на ентузијастични и вредни лица со стремеж за револуционарни промени во овој дигитален свет – тие се темелот на нашиот успех. Младите луѓе донесуваат свеж пристап, креативност и ентузијазам, што ги стимулира да размислуваат напред и да се адаптираат на брзо менливите услови на пазарот. Често сакам да истакнам дека во Ананас динамиката е голема и овде сите вработени доживуваат огромен раст на професионален раст, затоа што тоа што се случува во традиционалниот бизнис за 30 дена, овде се случува да е во 2/3 дена. Сите луѓе кои имаат драјв од резултати и сакаат да дадам максимум на работно место, Ананас е местото за нив. Имаме една изјава која е наше мото ТЕШКО, А ЈАКО - заклучува Ампов и додава:

- Нашата култура на работа е базирана на взаемно почитување и стимулирање на иновацијата,креативноста и тимската работа. Го почитуваме лидерството, но и креираме пријателски и отворен однос меѓу соработниците!  Сепак ние сме старт ап и често сите знаеме да правиме се, да работиме оперативни работи, да носиме стратегија заедно и да се дружиме заедно.

Нешто лично:

Како млад менаџер колку лично „пораснавте“ во изминатава година и што ќе понесете како поука од овие 365 дена на Ананас во Мекедонија?

Ова е една од најдобрите одлуки што сум ги донесол во мојата кариера, прифажањето на овој предизвик навистина беше многу возбудлив за мене, но искрено немав ни 10% од сликата колку можам да порасанам во оваа работна средина. Ако треба преку бројки да квантифицирам тоа би било дека сум бил на скала 2, а сега на 8.

За идните планови:

- По прославување на нашиот прв роденден, целта на Ананас е да продолжи со непрекинат раст и развој, да го зголеми пазарниот дел и да нуди нови и иновативни продукти и услуги на македонските потрошувачи. Ние сме амбициозни да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти и да продолжиме да го надградуваме нашиот бренд! Имаме многу иновции до крајот на годината, но постепено ќе ги информираме купувачите.

Финансиското друштво М Кеш ја одржа својата 5-та Национална Трговска Конференција под мотото -"Работиме заедно – Успеваме заедно"!

На конференцијата беше опфатен еден краток времеплов на континуиран позитивен прогрес на компанијата, што претставуваше одлична прилика за анализа на досегашните успеси и дефинирање на нови, амбициозни цели за во иднина.

Изминатиот викенд во прекрасниот хотел Lake View во Маврово Финансиското друштво М Кеш ја одржа својата 5-та Национална Трговска Конференција, под мотото -"Работиме заедно – Успеваме заедно" !

Конференцијата, во која учествуваа членовите на тимот на М Кеш, се одржа со спектакуларен поглед на Мавровското езеро и живописната околина, создавајќи неповторлива атмосфера исполнета со возбуда, изненадувања и инспиративни моменти.

На конференцијата беше опфатен еден краток времеплов на континуиран позитивен прогрес на компанијата, што претставуваше одлична прилика за анализа на досегашните успеси и дефинирање на нови, амбициозни цели за во иднина.

Објавените значајни новости за вработените, внесоа нова динамика, мотивирајќи ги и означувајќи почеток на ново поглавје во развојот на компанијата, отворајќи пат кон поголеми достигнувања и иновации.

Посебно внимание беше посветено на гостин говорникот – Михаил Китановски, кој со својот моќен говор за вредностите на интегритетот пренесе инспиративна порака. Неговите зборови беа потсетник за основните принципи кои ја водат компанијата кон успех, нагласувајќи ја важноста на интегритетот во сите аспекти на работата и животот. Денот беше дополнет со летната караванска игра CornHole, која обезбеди фантастична можност за тимско поврзување и дружење, внесувајќи свежа енергија и натпреварувачки дух. На крајот, конференцијата беше завршена со спектакуларно пуштање на црвени M Cash балони, што создаде величествена слика на небото, симболизирајќи ја издржливоста, страста и енергијата на тимот. Ова беше силен потсетник на колективната сила и визија на компанијата. Оваа конференција е уште една потврда за посветеноста на М Кеш кон заедничкиот раст и успех. Со продолжување на истата посветеност и енергија, М Кеш продолжува да гради на своите постигнувања и да се движи кон нови, неверојатни достигнувања.

По 25 години развој и посветеност, денес Нелт СТ е синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени

Нашата визија е да бидеме компанија број 1 во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги!

КОИ СМЕ НИЕ

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.500 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа - Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Косово и во Африка – Ангола, Замбија, Мозамбик, Малави и Зимбабве.

Групацијата успешно соработува со повеќе од 80 принципали и над 50 клиенти во логистика.

ВИЗИЈА И ВРЕДНОСТИ

„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

Секојдневно го подобруваме квалитетот на животот во заедниците во кои работиме преку испорака на висококвалитетни производи на најбезбеден и најефикасен начин.

Во својата работа се потпираме на мотивацијата, енергијата, победничкиот менталитет, стручноста, иновативноста, личната одговорност и тимската работа на нашите вработени, најсовремените технологии, како и долгорочните партнерски односи со глобалните лидери во своите полиња на работење.

При спроведувањето на оваа визија во нашето секојдневно работење, наша главна поддршка е нашата организациска култура и петте главни вредности кои се дел од неа:

  • Долгорочна перспектива
  • Иновативност
  • Лична одговорност
  • Грижа и развој на луѓето
  • Победнички менталитет

Овие вредности го дефинираат начинот на кој работиме и се клучен фактор за постигнување на нашата дефинирана визија.

НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

По 25 години развој и посветеност, денес Нелт СТ е синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на нашите партнери и соработници.

Во Нелт знаеме дека деловниот успех всушност претставува успех на луѓето. Затоа се трудиме да ги вработиме, развиваме и задржиме најдобрите таленти, како и во компанијата да направиме пријатно и поттикнувачко работно опкружување, кое ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа.

Свесни сме и за важноста за мотивирани и стручни кадри па затоа нивниот професионален развој ни е еден од клучните приоритети. Континуирано вложуваме во развој на нивните функционални, лидерски и меки вештини преку организација на тренинзи, обуки и работилници.

БЕНЕФИТИ ЗА ВРАБОТЕНИ

 

НЕЛТ МАКЕДОНИЈА - дејност и соработници

Нашата компанија НЕЛТ СТ е основана во 1998 година со главна дејност трговија со добра за широка потрошувачка. Нелт во Македонија се одликува со работна извонредност во доменот на дистрибуцијата, а врз основите на добро развиениот синџир за снабдување се создаде и секторот за логистички услуги. Технолошките иновации и стручните знаења стекнати во областа на дистрибуција, сега се на располагање на логистичкиот пазар.

 
Наши принципали во дистрибуцијата се:

Во делот на спроведување на логистички услуги соработуваме со:

Нелт СТ располага и со магацински простор од 12.000м2 од кои најголем дел во Скопје и на 3 Cross dock локации и тоа Битола, Струмица и Охрид.

УСПЕШНА ПРИКАЗНА
На 17.05 се одржа годишното доделување на ХР награди од страна на Македонската Асоцијација за човечки ресурси, која воедно го прослави и своето 15 годишно постоење.

Компанијата Нелт СТ освои награда за ХР пракса на годината за нивниот проект ‘Gamification Мастерс’.

Нелт СТ продолжува со ‘Gamification Мастерс’ проектот кој го насловија како Ironelt, пандан на натпреварот за човечка издржливост -  Ironman. Како што Ironman има 3 дисциплини, во Ironelt се натпреваруваат сите три канали на продажба и учествуваат вкупно 130 учесници кои секојдневно ги докажуваат своите способности.

Прочитај повеќе за ХР пракса на годината за 2023 ‘Gamification Мастерс’ на Нелт СТ

Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Сите отворени позиции можете да ги погледнете на ЛИНКОТ!

 

Сакате да дознаете повеќе за компанијата?

Адреса: Ул.32 бр.20 Илинден, Скопје
Веб страна: https://www.nelt.com/

Профили на социјалните мрежи:

„Skopje Paws"- бизнис концепт кој ги шета и ги сака вашите кучиња!

Тие се брат и сестра. Таа ја дала идејата а тој ја реализирал.

Тие се брат и сестра. Таа ја дала идејата а тој ја реализирал. Тие се Антониј Ацески и  Мила Ацеска и се кретори на Skopje Paws -концепт кој им помага на сите оние кои имаат кучиња ама не успеваат сами да ги прошетаат.Во нивните услуги стои ваков опис:Прошетка на територија позната за вашето милениче,индивидуална прошетка само за него, прошетка со активности, беспрекорна грижа и многу љубов..

Разговорот го правиме со Антониј додека Мила е на работна задача-во прошетка на некое слатко кутре

- „Креаторот“ на идејата всушност беше мојата сестра која воедно е и партнер во Skopje Paws, јас сум само реализаторот на идеата. Самата идеја доаѓа од запад поточно од САД, каде со години уназад овој концепт се работи и се надоградува, ние, а и Балканот општо доцни со вакви концепти, мислејќи дека нема да функционираат кај нас. Но, статистички гледано во Македонија секое второ семејство поседува барем по едно куче, што автоматски станува потенцијален корисник на услугите.

Тимот на Скопје Paws  е мал ама посветен и комплетно организиран, па Антониј вели:

-Моментално тимот брои четворица покај мене и Мила тука се  и Изабела и Владимир кои професионално, успешно и најбитно од се, со љубов ги извршуваат секојдневните прошетки. Работното време ни варира во зависност од сезоната, па така во летниот период кога има мерки на претпазливост поради високите температури, работното време ни е следното:

   - Од 7:00 до 10:30/11:00 наутро, и од 18:00 до 22:00  навечер.

Прашавме и за ценовникот па еве го во прилог:

  •    - 45 минути прошетка = 300 денари;
  •    - 60 минути прошетка = 400 денари:
  •   - 90 минути прошетка = 600 денари.

   Но, цените можат да варираат во однос на големината на кучето, неговата енергичност и самата локација на кучето.

Колку време постојат и што научиле за овој период?

- Почетокот на Август ќе ни биде шестиот месец од постоењето на Skopje Paws. Во овој релативно краток период научивме дека самата раса не го детерминира карактерот на кучето, секое има свој засебен карактер исто како кај луѓето, во спротивно воспитувањето, пружењето на љубов и посветеноста од страна на сопствениците го градат тој карактер.

Едно куче да стекне доверба кај некого и не е секогаш така едноставно токму за тоа во Скопје  имаат час по запознавање со кучето но она што е пресудно за едно куче да ви верува е ЉУБОВТА вели Антониј

- Ние нудиме бесплатната консултација на која се запознаваме кучето и разговараме со сопственикот за неговото куче. На тоа запознавање врз база на кажаното од сопственикот вршиме првична проценка за кучето, и нормално му пристапуваме со безусловна љубов. Самата доверба кај кучињата се стекнува во првите неколку прошетки, со тоа што нашите прошетки се интересни за нив, го имаат целосното наше внимание и грижа во текот на прошетката, и повторно ќе се повторам најбитна е ЉУБОВТА кон нив. Тоа може да го забележиме секој наредниот ден кога ќе не пречекаат со скокање од радост и пофални зборови од задоволните сопственици.

Антониј вели дека во овие 6 месеци работа запознал 50 различни кучиња а во однос на тоа колку клиенти имаат во моментов вака одговара:

-Моментално имаме околу 10 кучиња кои имаат редовен термин и се шетаат секојдневно, плус кучиња кои се шетаат по потреба во договор со сопствениците, кога тие не се во можност или се на одмор. Конкретно јас шетам 4 кучиња од редовните, а останатите ги шетаат моите колеги. Лично јас во овој период сум запознал преку 50 различни кучиња.

А дали ги паметиш сите имиња на кучињата?-Да, ги паметам сите имиња на кучињата кои ги имам шетано- одговара уверено Антониј, ( Не прашавме да ни ги наброиJ)

Во однос пак на непрјатни ситации со сопственици или со кучиња Антониј одговара дека за сега не се случило нешто такво

Моравме да прашаме и дали на овој концеп гледаат како бизнис кој во иднина би се проширил на повисоки полиња

-Дефинитивно ова е вистинскиот бизнис концепт за овој реон и реално има голем потенцијал на пазарот. Имаме доста големи планови за во иднина, ќе нудиме и други услуги, а и планираме да направиме нешто поврзано со забава за милениците (не се хотели за миленици). Не откривам сега за сега ништо, ќе мора да не следите и да видите што ќе биде тоа.

 И за крај дали Кучињата се подобри од луѓето?

-Дефинитивно, цврсто стојам зад тој исказ -го заклучува разговорот Антониј

А нашиот тим им посакува среќа и успех во идните планови а сите вие кои сакате да ги испробате нивните услуги еве каде да ги најдете -Facebook и Instagram како Skopje Paws, или на телефонскиот број 077 805 229.

No photo description available.

Станете дел од модната елита: Младиот дизајнер Марков нуди плата од 40.000 денари

Како изгледа да се работи во светот на модата, а како треба да изгледа модата во деловниот свет? За ова и повеќе интересни теми поразговаравме со Игор:

Игор Марков е млад и успешен моден дизајнер кој активно работи во светот на модата од 2015 година. Неговото модно студио MARKOV е специјализирано за свечена женска облека.

Игор Марков првично дипломирал архитектура. Сепак, тој одлучил да го оствари својот сон да стане моден дизајнер, па затоа активно се посветува на модата и модниот дизајн, посетува курсеви и стажира. По двегодишен период на стажирање и професионална надоградба на „Меѓународниот моден институт-Изет Цури“, дизајнерот Марков решава дополнително да ги зајакне своите вештини со посета на програма во престижниот „Istituto Marangoni“ во Милано, Италија.

Како изгледа да се работи во светот на модата, а како треба да изгледа модата во деловниот свет? За ова и повеќе интересни теми поразговаравме со Игор:

1. Што значи да се биде Моден дизајнер? Кои се предностите и предизвиците на оваа професија?

- Да се биде Моден дизајнер за мене значи постојано да се фантазира и да се има критична и аналитична перцепција кога станува збор за пропорција, форма и боја. Предизвик за мене претставува балансирањето помеѓу изготвување нови колекции и опслужување клиенти.

2. Со кои предизвици се соочува модната индустрија во Македонија?

- Систематизирање на улогите во процесот на создавање на едно парче облека, појасен синџир на производство. 

3.Каков е Марков како работодавач,  дали работното време мора да се почитува или сѐ е работа на договор?

- Креативната работа според мене дозволува одредена флексибилност по прашање на класично строго утврдено работно време. Во однос на тоа каков сум во улога на надреден, можам да кажам дека се трудам да бидам јасен во однос на моите очекувања, вреднувам сериозност, одговорност и темелност. Kоректен и фер однос, платено прекумерно работно време. Можност за награди и бонуси, подмирен јавен сообраќаен превоз. 

4. Кажете ни нешто повеќе за тимот на Модното Студио Марков? 

- Работниот ден во Модното Студио Марков претставува микс од фитинг, проби со клиенти, изготвување шаблони/кроеви, припрема за изработка, шиење и надзор.

Тимот на МАРКОВ е во процес на оформување, соработувајќи со искусни шнајдерски салони  кои се задолжени за финалниот процес односно шиењето на моделите. Тие надворешни соработници се дел од мојот тим, меѓутоа обемот на работа и побарувачката расте резултирајќи со потреба од дополнителен професионален ангажман на ново лице.

5. Што би им порачале на оние кои сакаат да се занимаваат со оваа професија и кои би сакале да му се приклучат на вашиот тим?

- Топло би ги поканил и охрабрил да ме контактираат да се запознаеме. 

6.Кои се идните планови на Марков и дали можеби би преминал во комерцијално производство или ќе си остане на своите уникатни парчиња?

- ДНА на моето творење е оригиналниот дизајн, нешто кое мора да остане некомпромитирано. Филозофијата и идеологијата на мојата работа е посветеноста на опслужување на високо модно свесна клиентела. Кратко и јасно уникатно дефинитивно. 

7. Дали сметате дека изборот на облека за на интервју може да биде пресуден да ја добиеме работата? 

- Пресуден не би рекол, за секој трезвен работодавач квалификациите и искуството се несомнено на прво место. Сепак, во втор план, што не е за потценување, е целосната визуелна презентација (вкучувајќи го и стилот на облекување) врз база на која непознатото лице оформува мислење за нашата личност, карактер и навики.

8. Како не/треба да се облекуваме за на работа?

- Самата професија го диктира кодексот на облекување. Универзално би препорачал неутрални, не премногу јаки тонови, избегнување на принтови и природни материјали.

9. Неколку брзи прашања за крај: 

• Накит на работа, да или не?
• Долги нокти на работа, да или не?
• Деколте на работа, да или не?
• Патики на состанок, да или не?

- Генерелен одговор би бил умереност во сѐ кога станува збор за било чија визуелна презентација во професионална средина. Во зависност од професијата се разбира дека важат различни правила. Би рекол дефинитивно секогаш дискретни обетки, останатиот накит може да биде ефектен. Долги нокти, но уредни е префатливо. Деколте не. Патики подобро не, постојат многу алтернативи на удобни и кажуал рамни чевли кои оставаат по професионален впечаток. 

Во моментов Модното студио Марков има потреба од ПРОФЕСИОНАЛЕН ШНАЈДЕР/КРОЈАЧ, МОДЕЛАР - СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НИВНИОТ ТИМ СО КЛИК НА ЛИНКОТ! 

Несекојдневна мејл порака до еден тим

“Ти посакуваме подароков никогаш да не го искористиш, но убаво е да го имаш при себе„

Македонската Финтек Компанија МИНТ, како и секогаш избра покрај редовните бонуси и корпоративни награди да најде начин и на поинаков начин да ги награди своите вработени. Овој пат тоа беше несекојдневен подарок за нив и нивните деца. Станува збор за полиси за дополнително здравствено осигурување во приватни клиники, што компанијата ја чинат повеќе илјади евра.

Имено, во електронската комуникација испратена до своите вработени, менаџментот на ваков начин им го соопшти подарокот:

„Драга наш/наша ...

Знаеме дека највредниот подарок што може да го дадеме за тебе и твоите најблиски, како лојален вработен кој посветено инвестира во развојот на компанијата е грижата за твоето и здравјето и благосостојбата на твоите најмили.

Во овој динамичен свет кога често забораваме да се храниме здраво, иако овошјето и протеинските закуски се достапни во текот на работниот ден кај нас, или кога ја забораваме опремата за фитнес тренингот во нашиот фитнес центар , ние одиме чекор понатаму и одлучивме да ти подариме нова полиса за дополнително здравствено осигурување, за тебе и твоите деца.

Со оваа полиса за дополнително здравствено осигурување ти обезбедуваме пристап до врвна здравствена и медицинска грижа, во сите приватни здравствени установи, породување, специјалистички прегледи, дијагностички анлизи, хируршки зафати и лекувања кои не се покриени со задолжителното здравствено осигурување.

Ова не е обичен подарок, тоа е знак на нашата непрекината грижа за здравјето на секој наш вработен, и иако посакуваме никогаш да не го употребиш овој подарок, сепак убаво е да го имаш кај себе.

П.С. Секако дека ќе ни биде посебно драго доколку го употребиш овој подарок за породување, па да можеме уште еднаш да прославиме со превкусни мекици или крофни. И да броиме екстра подароци за децата на МИНТ, кога ќе доаѓа Дедо Мраз.

Твоја Минт Финтек Група

Несекојдневниот начин на мотивирање на вработените кој што Минт Финтек Групација, која ја сочинуваат Минт Кредити, Минт Осигурителен Брокер, Минт Травел и Минт Бонус, го спроведе преку својата дивизија МинтИнс Осигурителен Брокер – платформа за избор на најквалитетна, а не најефтина полиса за дополнително здравствено осгурување за сите вработени во групацијата. Ова е уште еден начин да се подигнат стандардите кои ги има оваа комапнија за своите вработени. Во склоп на МИНТ Финтек Групацијата е и МИНТТравел - дивизијата за туризам, се надеваме дека таа можеби ќе биде следна на потег да го изненади МИНТ тимот.

ХР пракса на годината за 2023 ‘Gamification Мастерс’ на Нелт СТ

Компанијата Нелт СТ освои награда за ХР пракса на годината за нивниот проект ‘Gamification Мастерс’.

На 17.05 се одржа годишното доделување на ХР награди од страна на Македонската Асоцијација за човечки ресурси, која воедно го прослави и своето 15 годишно постоење.

Компанијата Нелт СТ освои награда за ХР пракса на годината за нивниот проект ‘Gamification Мастерс’.

Проектот започна во 2022 година под наслов ‘Формула 1’ со натпревар помеѓу 7 тимови од кои најдобриот тим беше на патување во Дубаи. Проектот се покажа како добра пракса, па менаџмент тимот донесе одлука во 2023 да има уште повеќе учесници и побогати награди. Новиот назив Нелт Лига 2023 го истакна победничкиот менталитет на продажната организација, го подигна нивото на мотивација и придонесе за подобри резултати за целата компанија. Најдобрите два тима од двата продажни канали беа на патување во градот на светлината, Париз, уживајќи во заслужената победа.

Добиената награда од ХР заедницата која на самиот настан гласаше за најдобра ХР пракса од седумте финалисти е само уште еден доказ дека праксата за 2023 година е успешна и покажува резултати.

Во име на Нелт СТ, наградата ја прими Стефани Стојановска (ХР специјалист) која се заблагодари на Македонската Асоцијација за човечки ресурси за можноста да ја споделат својата пракса со останатите, а во исто време се заблагодари и на сите членови на ХР заедницата кои ја препознаа нивната добра пракса. Благодарност упати и до целиот тим на Нелт СТ и порача дека не постои подобра награда од задоволството и мотивацијата на вработените кои ги овозможи оваа пракса.

 

Оваа трета година по ред, Нелт СТ продолжува со ‘Gamification Мастерс’ проектот кој го насловија како Ironelt, пандан на натпреварот за човечка издржливост -  Ironman. Како што Ironman има 3 дисциплини, во Ironelt се натпреваруваат сите три канали на продажба и учествуваат вкупно 130 учесници кои секојдневно ги докажуваат своите способности.

На крајот на годината ќе бидат прогласени победниците од сите продажни канали, а на ексклузивното патување ќе им се придружат и најдобриот пикер и најдобриот доставувач од логистика.

М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!

Овој ден не само што ни овозможи да го одбележиме значењето и влијанието на работата на одделот за човечки ресурси, туку го искористивме и за да ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нудат компаниите М КЕШ и М Брокер како работодавци.

Со огромно задоволство и гордост ве известуваме дека на 20.05.2024 год., во чест на Денот на Човечките Ресурси, М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!

Човечките ресурси се основен столб во секоја успешна работна организација. Секојдневно се соочуваат со предизвици и можности кои бараат креативност, воведување на промени и развој на стратегии за да одговорат на потребите на работната организација  и вработените, а воедно го обликуваат кадровскиот пејсаж, инвестираат во вработените, креираат и поддржуваат лидери и ги мотивираат вработените да бидат најдобра верзија од себе.

Овој ден не само што ни овозможи да го одбележиме значењето и влијанието на работата на одделот за човечки ресурси, туку го искористивме и за да ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нудат компаниите М КЕШ и М Брокер како работодавци.

Интересот и посетата од големиот број квалитетни кандидати и потенцијални наши вработени нè мотивира да продолжиме со посветеност кон креирање на квалитетна работна средина.

Им благодариме за интересот на сите кандидати кои не посетија и се надеваме на дологодишна, успешна соработка со оние со кои го збогативме нашиот тим!

Честит ден на сите ЧР специјалисти, професионалци и посветени вработени во оваа област!

 

 

 

25 години секогаш повеќе, спектакуларен јубилеј на Sara fashion

„Дајмонд мол“ беше преполн со гости и посетители кои беа дојдени да го прослават роденденот и да уживаат во незаборавната вечер.

На 6 април, во трговскиот центар „Дајмонд мол“, многубројните гости и посетители беа сведоци на спектакуларна модна ревија „25 нијанси розово“, за јубилејниот 25. роденден на Sara fashion.

„Дајмонд мол“ беше преполн со гости и посетители кои беа дојдени да го прослават роденденот и да уживаат во незаборавната вечер.

Ревијата на која беа претставени модели од колекциите на Sara fashion, пижами, долна облека, спортска облека и костими за капење, беше вистинско, неповторливо доживување. Синоќешното шоу изобилуваше со богата визуелна содржина. Добро раскажаната приказна за брендот предизвика емоции кај присутните и потврди зошто Sara fashion се вбројува меѓу најпознатите македонски брендови.

Ревијата преку возбудливите колекции измами воздишки и воодушевување кај присутните. Публиката имаше можност да ужива и во класични но и храбри модни изданија и модели од колекциите на Sara fashion. По ревијата, присутните продолжија на коктел-забава, а српскиот бенд Blackberries со својата музика се погрижи за добрата атмосфера и енергија на настанот.

Sara fashion е една од најпознатите македонски компании, која веќе 25 години постои на пазарот, се развива и поставува нови трендови.

Компанијата има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и 3 големопродажни објекти во земјава и во Србија, Покрај својот сопствен бренд, Sara fashion се ексклузивни застапници на светски познати брендови како: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano. Изминативе години компанијата бележи многу успеси меѓу кои и лансирање на својата веб-страница со можност за online шопинг, многубројни кампањи за различни производи (пижами, чорапи, долна облека, костими за капење, Warner Bros колекции), а како една од повпечатливите е фотосесијата со познати модели во костими за капење Sara fashion што беше направена во Дубаи.

Настанот е дел од манифестацијата Fashion Festival.

 
 

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа

По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев:

„Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, истакна Ицев.

„Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more