1. Кандидатите за вицегувернери треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
да бидат лица државјани на Република Македонија и да имаат соодветна репутација;
да имаат најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен на образование и соодветно професионалио или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
да не се должници во стечајна или ликвидациона постапка;
да не им е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и да не им е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.
2. 3а исполнување на горенаведените критериуми, кандидатите кон пријавата која е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија потребно е да достават;
-кратка биографија во која ќе бидат содржани податоци за претходното професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
-потврда за државјанство издадена од надлежен орган на Република Македонија (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);
-диплома или уверение за завршено високо образование, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен на образование;
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 3 (заверена кај овластено лице - нотар);
-потврда од надлежен орган на Република Македонија за неизречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 5 (заверена кај овластено лице - нотар);
Сите потврди, Дипломата или уверениехо за завршено високо образование, треба да бидат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар).
3. Рокот за доставување на пријави со потребните документи изнесува 30 дена, сметано од наредниот Ден од денот на објавувањето на огласот.
4. Изборот на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување,
5. Ненавремената и некомплетна пријава и документација нема да бидат разгледувани.
6. Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. ј. Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 Скопје.
fakulteti.mk
Оглас од Народна Банка на РМ
Featured jobs
-
Плата до 34.000 денари + бонуси: СПОРТ ЛАИФ вработува
Огласите истекуваат денес, аплицирај!
-
Сара Фешн вработува ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ на повеќе локации
Аплицирај, огласите истекуваат на полноќ!
-
Друштвото за преработка на кафе и трговија на големо и мало РИО ДООЕЛ вработува!
Друштвото за преработка на кафе и трговија на големо и мало РИО ДООЕЛ Илинден, објавува оглас за следнава работна позиција:
-
Елена Лука Инженеринг вработува на седум позиции
Огласите истекуваат денес, аплицирајте!
-
Pabau - Британска компанија со седиште во Скопје го проширува својот тим!
Pabau е компанија која што има седиште во Скопје и Велика Британија. Pabau работи со CRM софтер кој што им помага за полесно функционирање на кликните во Велика Британија. Нивниот тим се состои од над 50 вработени, ќе ни биде мило доколку и ти станеш дел од нив!
-
19 ОГЛАСИ ОД ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА - за сите оние кои сакаат канцелариска работа!
Аплицирајте!