
Една мајка и Тик-ток можеби штотуку ѝ ги отворија вратите на „Дизни“-кариера, на нејзината бебиситерка – тинејџерка. Сѐ почна со тајно снимање. Имено, Ники ја снимила својата вработена како пее песна на Ариел од „Малата сирена“. Видеоснимката потоа е прегледана над 10 милиони пати – и многумина би се сложиле дека младата Дилејни , е извонредно талентирана девојка. Ники ја охрабрува бебиситерката „да му го претстави својот глас“ на светот.
„Но, таа се обесхрабрува кога се гледа себеси на видеата… Сè што јас гледам е – убавина. И моите деца, исто. Да ѝ покажеме љубов за да ја натерам да пее за нас повеќе!“, вели Ники во написот врз снимката. И, додека Дилејни ја приврши својата песна, Ники откри: „Нејзиниот глас ме тера да плачам!“