Промени, согласно новата одлука што ја пренесува МИА, има во однос на потврдата за прележан ковид-19, важноста на документот издаден 30 дена по првиот позитивен резултат е до 180 дена по позитивниот резултат, а не од два до девет месеци како што беше претходно.
По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Северна Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина.
За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа.
Во одлуката „предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на ковид-19“, што е во сила до 8 јули 2021 година, за патување во Грција, задолжителен е документ поврзан со ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.