
На граничниот премин Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.