
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност најавуваат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, слично време со минимална температура до 19 степени и максималната до 38 степени.
Топлото време ќе се задржи до среда попладне кога се очекува дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер.
Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени.