![Норвешка и Финска повторно забранија влез на патници од Македонија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/7b/2495eab7-resize-820x0x100.jpg)
Одлуката која што норвешките власти ја донесоа на 13 август, стапува на сила денеска, откако на денот кога е донесена било утврдено дека Македонија со два милиони жители има 639 нови случаи на Kовид-19, Косово со 1,8 милиони жители имаше 1.009 случаи, а Украина каде што живеат 44 милиони имала 1.263 нови случаи на ковид-19, објави Шенген виза инфо.
Поради зголемување на бројот на новозаразени и Финска одлучи од денеска повторно да воведе забрана за влез на патници од Косово и од Македонија.
Норвешката Влада воведе дополнителни рестрикции за влез на граѓани и од неколку ЕУ земји, вклучувајќи ги Бугарија, Лихтенштајн, Словенија и Австрија, а патниците кои доаѓаат од овие земји ќе мора да бидат во карантин по пристигнувањето, откако овие четири држави од зелена се префрлени во портокалова категорија.
извор: mkd.mk