
Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во центарот на Скопје утре, вторник, почнувајќи од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат улица 11-ти Октомври и ул. Димитрие Чупоски во правец на движење од ул.Васил Главинов до ул.Филип Втори Македонски додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.
д 23 часот на 07.09. до 11 часот на 08.09. дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.Даме Груев на потегот од крстосницата со ул.Македонија до крстосницата со ул.11-ти Октомври и ул.Филип Втори на потег од Кеј 13-ти Ноември до ул.11-ти Октомври и ул.11-ти Октомври на потегот од бул. Кочо Рацин до ул. Даме Груев.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.