
Втората најмала земја на светот е позната по казината, брзите автомобили и славните жители.
Со државата владее семејството Грималди, и тоа е така во последните 700 години. На чело моментално е принцот Алберт II кој го наследил престолот од својот татко Раиниера во 2005 година.
Иако државата е мала, во Монако живеат 38.000 жители, но само 9.000 од нив имаат државјанство. Исто така животниот век во Европа, токму во оваа држава е најдолг.
Во Монако дури и доколку немате „дебела“ банкарска сметка, можете да правите многу работи. 300 денови сонце во годината и богата историја - го прават добар избор за туристичка дестинација.
На пример, уживајте во природата

За така мала земја, Монако има голем број на паркови, градини и дрвја, многу повеќе отколку што може да замислите. 20 отсто од земјата е со зелена површина. Ова ја вклучува и чудесната "Exotic Garden" која практично се ноѓа на карпа.
Убаво е да го посетите и Океанографскиот музеј. Станува збор за огромен аквариум направен пред повеќе од 100 години.
Богата историја на автомобилите

Доколку сте заинтересирани за брзите автомобили, на вистинско место сте. Покрај добропознатата трка Формула 1, тука се одржува и трката Е - Формула, но и Grand Prix за класични автомобили.
Сите настани се одржуваат во месец мај, па така Монако тогаш „гори“ од богати и славни луѓе.
Палатата на принцот
Со оглед на тоа што Монако е дом на најдолговечното европско владетелско семејство, би било непристојно да ја посетите земјата, а да не одите во палатата на принцот. Принцот всушност таму живее, така што посетите не се дозволени кога тој е во платата. Отворена е од април до октомври.
Луксузот и Казината
И, последно, но не и помалку важно - казината. Дури и доколку не играте со високи влогови, секогаш може да влезете таму и да видите како изгледаат местата каде се трошат милиони и каде се забавува елитата.
Тамошното најпознато казино е сместено во „Gotel de Pariz Monte Karlo“, а истото е искористено како место за снимање на филмовите за Џејмс Бонд.