
Новиот германски канцелар Олаф Шолц ќе добие нов службен автомобил „Mercedes-Benz S 680 Guard“ кој е со специјална заштита и ќе ги чини германските даночни обврзници најмалку 547.400 евра.
Моделот нема да биде направен специјално за претседателот на германската влада, туку тој веќе е во редовно производство.
Автомобилот го има сертификатот „VR10“, што значи дека е отпорен на куршуми и експлозии. Има и гуми отпорни на дупчење, автоматски апарат за гаснење пожар и систем за воздух кој може да спречи навлегување на отровни гасови.
Возилото го има најмоќниот мотор што се нуди – „6.0 V12“ со 450 kW / 612 КС, кој просечно троши 19,5 литри бензин на 100 километри..
Моделот тежи импресивни 4,3 тони.