
Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.
Утринските температури утре ќе се движат од минус 3 до 3 степени, а дневните од 8 до 17 степени. Во Скопје утре утринската температура ќе биде нула степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.